1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Валтос е песочна, но не природно песочна, како и сите останати носат песок.
    Лично не ми е омилена, од се' во околина понудено, Писо Крионери и Саракинико се мој прв избор, зависно дали не ми се вози или ми се вози :)
     
    На Rovena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Сте биле ли на Наксос и ако да, како се стига до таму?
     
  3. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Некој да ми даде предлог за каде на одмор оваа година?
    Шпанија гледав скап ми е смештајот + летот е од Софија, Италија за местата со убави плажи нема и за таму директни летови треба да комбинирам пак со уште еден лет или воз/бус, Хрватска летови знам до Сплит има ама каде и како после тоа не знам, немам одено во Хрватска на одмор, Грција не ми се оди веќе Халкидики и Пиериа за други места по островите може предлози. Некој да ми каже искуство со одење во овие држави или може и сосем друго место како идеја, а да не е прескапо (да знам дека сите места што ги наведов се скапички :D:D )
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.110
    Пол:
    Машки
    Ѕирни кои се опциите за Крит и Кипар. Може и Родос. Има директни летови од Солун, со ок цени, а претпоставувам може и со конекција во Атина или Белград од Скопје. Ова подалечни грчки дестинации + Кипар.

    За поблиски во Грција, а да не се овие типичните, прекрасни дестинации се Кефалонија на Јонско море, па и Крф, Лефкада таму, потоа Спорадите (Скијатос, Скопелос, па и Алонисос), ма да за нив траектот е изгор. Ако ви се патува малку повеќе, па и Атина да ја искомбинирате уз пат, може да ги разгледате и Милос, Наксос, Парос.
     
  5. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.250
    Пол:
    Женски
    На иста мака сум :D гледав Кипар и преку Солун и преку Атина, гледав Малта, Сплит и на крај ништо не видов работава :D

    Ако измислиш нешто кажувај :D

    Не сум за Грција, не сум за Хрватска , за кај сум не знам ни самата. Сакам подалеку
     
  6. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    1.332
    Пол:
    Женски
    Со сопругот за неколку недели ќе одиме за Италија. Сами организираме се. Летаме за Милано. Некој да ми каже како е со воз до Верона и Венеција, планирам и Поситано. Карти обично уплаќам преку trainline. Или може и на лице место да се купи карта?
     
  7. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Малта ти е наједноставно од тука, а и се наоѓаат многу ефтини карти. Јас би таму, ама само што бев па не сакам пак на исто место. Е сега не би ти ја препорачала за Јули и Август, многу е жешко. Јас бев прошла недела и супер поминав. Времето ни се погоди, не многу топло, а доволно топло да се бањаш. Убавото е што е мал островот и секаде и се можеш да видиш и ако си без кола, со автобус или фери. Смештајот се наоѓа и ефтино и пак бидејќи е мал островот не ти менува нешто каде и да си сместен. Можеби до крај на септември/октомври пак би отишла на некој ден, со тоа што би одела само по плажите :)
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.202
    Пол:
    Женски
    Може малку повеќе искуство за Малта :) најмногу ме интересира како е за капење дали се песочни плажите или со ситни камчиња?
     
  9. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Ние бевме сместени во Слиема, тоа помеѓу Валета и Ст.Џулианс. До Валета можеш и со фери од таму за 15 мин се стига мислам 3е беше повратна карта, ама ние оти земавме неделна автобуска карта со автобус идевме мислам дека околу 30мин беше со бус до Валета. 7 дневната автобуска карта е 24е и можеш да ја користиш и на помалиот остров Гозо. За плажите имаш секакви, и карпести и песочни и "градски" и надвор од град.
    Ние најмногу идевме на плажата во Пачевил( или Ст.Џулианс, уште не сум сигурна што е што, едното вајда градчето другото населбата), плажата се викаше ст.Џорџ (додека ги научив сите светци...:D), оваа беше најблиску и можевме да одиме и после цел ден шетање на пр. околу 5-6 ќе идевме таму. Таа е песочна ама е градска, ние идевме со бус до таму дека имавме неделна инаку пешки 30мин има променада убаво е за шеткање.
    Поубавите плажи ти се на северот, во областа Мелиеха. Имаш Голден беј и Ghan Tuffeha тие се на западниот брег и ја имаш Мелиеха беј и споено со неа уште една забораи името, таа е на Источниот брег. Таму на северниот дел има уште неколку убави песочни плажи ама не стигнавме да ги видиме. Овие ти се убави, долги, песочни, и морето не е одма длабоко ако ви е битно тоа. Голден беј (или таа до неа) мислам дека најмногу ми се допадна по атмосфера ама во Мелиеха најмногу ни се погоди времето, водата беше преубава, плава, топла... До таму од Слиема исто со бус, имаше директна линија (со тоа што се погоди да има работа на пат па кружеа нешто и требаше да мењаме ние бусови ама инаку не е така :D)
    Исто ги имаш и Гозо и Комино помалите острови. Таму се иде или со траект или со оние организираните патувања, зависи од кај тргаш со нив цените беа 25-35е. Со траект е поефтино ама траектот иде до Гозо па од Гозо би требало со друг брод до Комина. На Комино ти е "најубавата" плажа, Плава лагуна, ама многу мала а има многу гужва уште во мај. Во Гозо имаш за шетање во градот, Цитаделата, има убави ресторани каде ќе ти се погодат некои наши :) и исто убави плажи има и таму ама ние дека бевме со ограничено време не бевме на плажите.
    Ах и во слиема уште поблиску има уште едно заливче Балута беј каде има како плажичка напраено ама не беше најчисто.
    Освен плажите, може да се прошета во Валета, Мдина и Рабат, Марсашлок (тука е и st peter's pool карпест залив за фрлање во море)
    Ако сте повеќе за плажа одмор препорачувам сместување во северниот дел, Мелиеха или ст.Паул, за да не се возите 40мин секој ден за на плажа. А ако сте млади и ви се исто така искача, сместување со Слиема, искачање во Ст Џулианс, тоа ти е целото со клубови и таму ти е помодерниот дел, ко у друга држава се осеќав. Во Слиема имаш и голем трговски центар ако си и за шопинг.
    За цени, некако скапичко беше, мислам за јадење во ресторани. Инаку во Слиема имавме Спар и Лидл, иако и таму некако поскапи беа цените од по Европа.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.457
    Пол:
    Женски
    Леле нема да заборавам лани real feel 60 степени ко ни покажа. Ја таков пекол на земјава немам осетено до сеа.
    А влажност на воздух да не коментирам, излегуваме од хотел прво температурен шок од под клима на пекол надвор, второ вдишуваш и воздух нема во тебе.
    Не знам како живеат таму луѓево, убав е модерен, футуристички ама по улица не се оди.
     
  11. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    486
    Би сакала годинава да одам до Грција ме интересира ако некој знае во кој град беше тој кафе барот Eden of shaka
     
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    71.593
    Пол:
    Женски
    :D
    Дубаи не е за одмор преку лето да одиш. Од октомври до почеток можеби на април е топло ама убаво. Преку лето иначе на никој не му се живи, сите се спори :D:D
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.184
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми каде на одмор за со дете, сама мама со дете, тука и надвор од МК:f:
     
    На SunnyGirl11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    154
    Би ти ја препорачала Парга во Грција. Мене лично ми се допаѓа многу. Има агенции што нудат сместување и пат, доколку не одите со кола. Инаку секако зависи и од тоа каков тип на одмор сакате и какви места ви се допаѓаат.
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.641
    Пол:
    Женски
    kalitea
     
  16. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    3.285
    Пол:
    Женски
    Имам купувано и на лице место, ама ем се поскапи, ем тоа автоматите им се комплицорани. Би ти препорачала да одиш со онлајн опцијата, трејнлајн се перфектни и поефтини ќе помонеш. Исто види со фликсбус не е лоша опција,
     
    На Barbara_barbs му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.110
    Пол:
    Машки
    Имаш многу одлични можности во Грција. Одлична опција, најдобра во однос цена - квалитет е Неи Пори. Супер места се и Неа Флогита, Неа Плагија, Неа Каликратија, нешто поекономични од краците. После на прв крак било кое од Полихроно, Пефкохори, Калитеа, Ханиоти, на втор Никити, последново може и најскапо, иако пак генерално пристапни цени за нас. Може и Ставрос. Овие се на Егејско море сите.

    На Јонско може Парга и Нидри на Лефкада.
     
    На simoncelicius и Eni.r им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.984
    Пол:
    Женски
    Трет крак во Грција ( Ouranoupoli )
    Има ли некој што има одено на третиот крак? :)
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Јас имам одено . Хотелите на море сама плажа. Мислам нема и некој избор на вили. Гратчето малку како на горнина. Доле покрај морето мало шеталиште со по некој рибен ресторант и кафичи. Горе на влезот имат дуќани со црковни работи од Света Гора. Плажите се убави со ситен песок и чиста вода. Друго нема ништо посебно.
    Тогаш бевме во Теоксенија Хотел па за нешто посебно со тодлерот не шетавме. Се имаше таму.
     
    На simoncelicius и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. Boni995

    Boni995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам дали некој знае каква е ситуацијата со Преспанското езеро, дали некој е бил во скоро време..Ме интересира дали е погодно за одмор со мало дете?