Преспанско е убаво за со нало детр, плажите се песочни, големи, нема гужва многу. Само што езерото е многу повлечено и не знам како е за бањање
Охрид/Струга или Грција. Маж ми е повеќе за надвор од Мк. Не ми се оди преку агенција. Сакам приватно сместување.
Може за Грција да си побарате смештај во групите на фб,директни контакти има од луѓе што имаат апартмани и можете за цена да се договорите и поисплатливо ќе ви е наместо преку агенција да одите
Здраво на сите, оваа година се одлучивме да одиме на all inclusive во хотел за прв пат до сега. Гледав понуди за Турција(Кемер, Аланија или Сиде) и Тунис(Сус или Монастир) за околу 1200 евра за двајца со платен авион и се шо ми е нереално ниско. Дали има некој искуства и на едното и на другото место, каде е поубава плажата, водата? Каде би ми предложеле да одиме? Млад пар сме, нејќиме кузнај какви луксузи. Фала ви однапред.
На вториот крак, Вурвуру. Најдов сместување со сопствена плажа и природни сенки, за мене што сум бремена топ. Бевме сега крај на мај една недела во Калитеа, ама дефинитивно вториот крак ми е омилен. Ме нервираат гужвите на првиот.
И јас размислувам за Вурвуру ама не знам ништо за местото, а ме интересира исто сместување блиску до плажа за со мало детенце. Каде, преку кого резервиравте? Сакав да ти пишам порака
Kamares House, директно на нив пишав. За Грција секогаш директно барам од тие што издаваат. Ако ми треба некое инфо плус, подобро можам да се разберам. Си бараат капар за резервацијата. Инаку мало местенце е, нема нешто многу посебно. Баш е за одмор-одмор.
Аланија и Кемер сум била. Околу 1200 плативме за двајца со авион, се вклучено. Има и за тие суми, зошто да не ти се верува? Ние одевме со Фибула, на веб можеш да си филтрираш датум, ноќевања, вкупен буџет... ќе си видеш колку ќе те чини.
Аланија- Ramira Joy во центар на град, малце подалеку од плажа, ама имаше комбиња. Модерен и чист хотел. Кемер- Pine House во Чамјува. Близу плажа, исто чисто беше. Не се големи ресорти, ама супер минавме. Не се само за возрасни, има и деца. Разгледај ги на Фибула.
Не само оваа година, отсекогаш. Ретко се случува некој да ја побара, ама ризикот е ваш. Казните се високи.
Мислев на позачестени проверки во споредба со претходните години....ради новите документи со Северна....
Зависи кога ќе одите. Тунис за јули и август не, претопло е. Турција ви е подобра опција. Инску цените се тие, нема нешто превара, дури до прехлани поефтини беа. Видете ги добро хотелите на гугл, некои се на плажа некои не, некаде плажата е убава некаде е катастрофа. Како што ти кажа членката, отсекогаш важело правилото. Ако полиција те застане во грција и немаш мегународна огромни се казните, мислам дека околу 700 евра. Минатиот викенд имаше гужва па само пасошите ни ги проверија, но претходно ми барале и зелен картон и меѓународна
Некое убаво место во Грција за еднодневна? Или евентуално 2 дена, да не е многу далеку. Сум била во Аспровалта, Ставрос, Паралија, Неа Врасна, Олимпик Бич...
Кога е за ден два јас секогаш ја бирам каликратија. Блиску е, плажата е убава, голема и пространа. Цените се пристојни и има буквално се
Добар ден, на сите! Сакам да ве прашам, какви услови има во Дојран значи сакаме да одиме на одмор таму и сме со мало детенце годиначе.
Цената е реална Овие дестинации отсекогаш биле меѓу поевтините. Јас сум бил 2 пати во Сиде. Водата не е најпрекрасна и е топла. Не дека нема да се бањате, ама не е како во Грција на пример. Гледајте хотелот да има и базен затоа што таму водата е секогаш поладна. Сиде како град има шеталиште, кафичи, ако се сместите блиску ќе можете навечер и таму да одите, има автобуси, само маана им е што возат само до 23 ч.