Преку агенција, бидејќи пресметав и за сама да си испланирам испадна разлика околу 15-20€ што не вреди . Вака барем нема да се замарам за превоз од аеродром до хотел и сл.
За Шпанија не ти треба all inclusive, цените во рестораните се пристапни, во маркети да не прајме муабет, имаат многу добра кујна со традиционални јадења кои вреди да ги пробаш и да менуваш секој ден на различни места. Ние неколку години со ред одиме Шпанија, преку цела година, топ дестинација за одмор, клима предобра, гастрономија топ, културата и луѓето топли, едноставно топ комбо за еден одмор, а и не е скапо споредено со Грција на пример.
Во јуни или во септември е подобро со дете во Шпанија за одмор и кој дел кој град го препорачуваш за одмор за тој период и плус да има и за шетање да не е само плажа.
И Јуни и Септември нема да згрешиш, јас би одела во Јуни. Лани бевме Валенсија и Аликанте, Валенсија е со причина избран за најубав град за живеење, преубав град и има многу што да се види. Плажата е добро средена ама водата не е нешто нај нај. Од Валенсија имаш директна автобуска линија до Аликанте, два часа се патува, таму е за со деца измислено. Преубава плажа, таверни, парчиња на самата плажа за деца, преубаво. Цел тој дел да се прошета е многу убав и најубавите плажи се на таа страна, Алтеа, Калпе, Бенидорм ... Едно до друго се. Топла препорака Валенсија/Аликанте Инаку цела Шпанија кај и да одиш нема да зажалиш, Андалузија е преубава и има многу што да се види, Малага, Кадиз, Марбеља прекраснотија, само малку е поскапо од Аликанте на пример. Мајорка исто е преубава, преубави плажи, тиркиз вода.
Уште ова да те прашам во врска со Аликанте дали е топла водата крајот на Септември почеток на Октомври за со мало дете или веќе не е тој период за капење или почеток или средина на Септември да барам, знам дека некои делови од Шпанија и во Октомври се за капење ама немам претстава за Аликанте. Не сакам да биде многу топло затоа прашувам.
Септември е секаде потопла водата од Јуни, само не очекувај нешто топла вода како Грција, околу 23/ 25 степени е.