Најискрено, поефтините хотели не ги гледај. Најголем дел се стари, со слаба услуга. Ние бевме пред две години, половина авион беа сместени во еден хотел што имаше голем попуст при резервација и беше многу рекламиран од агенциите, хотелот испаднал катастрофа. Хигиена на ниско ниво, храна лоша итн. Многу се жалеа од него. Ние бевме во овој сместени и многу задоволни бевме од се. https://www.booking.com/hotel/tn/diar-el-andalous-port-el-kataoui.html Пријатели беа сместени исто во Иберостар, само во Монастир, и они беа задоволни. https://www.booking.com/hotel/tn/iberostar-kuriat-palace.html
Ако и преку агенција цениве се како на букинг(не сум разгледувала скоро) , не ни вреди да се оди во Тунис според мене..
Дали врахос е ок место за со деца ? Не сакам на краци, сум била лефкада не е за со деца. Парга беше убаво ама сакам нешто по пензионерски затоа врахос го гледам како по салам опција. На јонско е тоа ми е битно. Ама дали може и деца да се капат ? Парга можеа на плажите, оваа гледам поголема е затоа прашувам. Или дајте ми предлог за со кола каде ?
Зависи колкави се децата. Врахос е супер и за деца само да ви се погоди мирно море, инаку ни возрасни не може да се капат, отворено море е и често се разбранува. Мој предлог е да ги разгледате местата околу Кавала, пример Неа Перамос или Неа Ираклица, па и Тасос ако сте за остров. Или евентуално Амудиа на Јонско исто.
Врахос е топ за пензионерски одмор. Имаш огромна плажа, место колку сакаш, дури и за свои лежалки/чадори/столици. Плажата е преку улица, смештајот е обично одма до морето. Тивко е, имаш доста таверни и ресторанчиња, помалку гужви/барови/галама. Водата е топ, песочна плажа, негативно е што знае да има бранови понекогаш.
Неи пори ,две години по ред одевме. Имаш се ,плитко море ,песочно, играчки за навечер ,шеталиште огрооомно. Не е прескапо и мислам петок беше има и пазар
За 2 август резервирав неколку дена во Кавала а ќе прошетам и до Тасос, па ме интересира дали има маркети во центарот на Кавала каде што њ хотелот? Затоа што гледам Лидл ми дава дека е далеку од центар.
А од кај да знаеме во кој хотел си за да знаеме близу дали има маркети, Кавала не е Мариово, има близу 70000 жители Во градот имаш Sklavenitis, Masutis x2, discount market 2-3, OK market, еден куп мали маркети Секако центар е широк поим, па и одење до маркет 10 мин на некого е многу ..
Летово класичен одмор нема, ама до Охрид на викенд сигурно ќе отидам. За на есен здравје Прага/Амстердам/Барселона едно од тие места сакам да ги посетам.
Здраво, предлог агенција за далечни патувања? Дали српските се поевтини? Истооо дали можам да најдам до 1000€ од човек?
Globetracker е мн поевтина за разлика од jungle ако бараш со понормална цена и српски.. мои блиски беа преку нив на Занзибар презадоволни ,агенцијата е сигурна и стабилна се што им беше во понудата си добија види разгледај... Е сега за ценава не верувам да најдеш нешто баш до таа цена ама види разгледај ги понудите зависи од датумот на патување и слично...
За таа цена гледав на некои српски агенции промо понуди за Las Palmas, Gran Canaria, имаше и за Tenerife горе долу за слична цена. Не знам дали ги сметаш за далечни.
Некој што бил со агенција на Скијатос, да препорача? Исклучиво хотелско сместување со вклучен појадок и превоз. По можност, агенцијата да е во Скопје.
Плажи нема баш т.е има мали со камчиња и препуни што од локалци што од туристи. Освен плажа плави хоризонти песок песочна голема плажа. Цените близу центар во сезона нема испод 60€ и тоа ако најдеш преку магистрала во брдото. Цени по маркети е скапичко исто и по ресторани. Лежалки по 25/30€ некаде и 40/45€ Ова зборам за баш Тиват да не речам центар. Во околните селца може и нешто поевтино да е.