Зависи што сакате, дали некоја егзотична дестинација, некоја поромантична и сл. Тоа патување ќе ви биде меден месец. Ние кратко после свадбата заминавме на Малдиви. Не беше тоа некој мој џир што би се рекло, ама сме биле повеќе пати низ Европа и сакавме да смениме. Да ти кажам на крајот се вративме презадоволни. Јас секогаш замислував дека за меден месец ќе ја бирам Италија и ништо повеќе, и тврдам дека ако еве одите Италија, нема да погрешите кое било место да го изберете. Секое сокаче е своја приказна, право романтично а богами и гастрономско искуство. Знам дека пазиш на исхрана пред свадба, ако дакаш да се опуштиш немаш грешка вамо. Од друга страна Малдиви е нешто сосема друго, нешто што немаш како да го споредиш со други места. После него, се отворив кон егзотични дестинации, следно во план за годишнина ни е Занзибар.
Јас се надевам дека оваа година ќе видам море. Со бебо мој што сака да е во скут на предно седиште, не знам кај би пошле искрено. Сакам некое куќаре во Грчка со излез на плажа, да не мора да пешачам со приколица. Тамам ќе биде и за бебо. Така некое местенце да ми препорачате, за со тогаш 9/10 месечно бебе?
Најблиску, а солидно место, убава плажа, навечер убаво за шетање, супер за деца, голема песочна плажа - Неи пори.
Ме замисли сега за Малдиви, а баш мислев да одам на некој грчки остров, Парос, Наксос или пак некаде Палма де Мајорка или Сицилија...
Е па не знаеш што сакаш да ти кажам! Од набројаните кај и да одиш нема грешка. Сицилија или Палма де Мајорка мене би ми биле избор пред Грција во случајов.
Епа тука е проблемот, јас да знаевв ќе бев одлучена кај да одам... Сицилија нешто ми се врти во глава, може тој да е изборот...
Сардинија ми е на wish list одамна само, летово тешко за жал бидејќи инвестираме во бизнис и кренавме и кредити. Евентуално некој мини одмор 4-5 дена до Грција ако успееме да истераме, ама и да не успееме, здрави и живи само да сме, ќе има и други лета. Многу ми е криво што после свадбата не отидовме на егзотично патување, сите пари во станот си ги вложивме тогаш, ама тоа е. Ќе биде некогаш
Зависи што сакаш. Ако сакаш егзотика, корали и прекрасно море пропратено со остров на кој ќе се осеќаш ко дае само твој тогаш Малдиви. Ние бевме на свадбен пат на Малдиви и искрено пак би повторила ако имам можност кога ќе биде детево поголемо. Слично море најблиску има во Египет. На меден месец ако имаш финансии не би одела во Грчка таму можеш почсето да одиш од кај нас. Тенерифе и целите Канарски острови се убави и егзотични ама како што ми имаат кажувано морето знае да е ладно. Евентуално за меден месец роматика би терала во Италија или Јужна Франција. Инаку ние летово ќе ја фатиме мојата омилена дестинација Хрватска.
Леле Хрватска не сум била никад на летување... Инаку се одлучив за Египет на крај! Ја скокнав Грција, да не одам пак секое лето. Се мислев така да прошетам некаде низ Барселона, тој дел ама пак летен период е, се оди на море, плажи. И мм сакаше All Inclusive да биде па прашував за на Малдиви со тоа ми рекоа 2500 евра.
Во Египет преубаво ќе си поминете. Ние секогаш во Египет одиме во хотел што има пристап до корален гребен и да има и дел за пливање и супер поминуваме.