Здраво некој да сподели искуство за Шпанија со мало дете од година ипол преку агенција што се понудите со авионски превоз на база доручрк и вечера со која агенција сте биле и како сте поминале
Искуства со одмор во Шпанија? Дилемата е меѓу Коста Брава и Лорет де Мар. Сакам мирен и релаксиран одмор, ноќен живот не ми е битен ама сепак да има каде да се прошета навечер, да не е ептен пензионерски. Приоритет ми се плажите, да се убави и чисти. Травити имаат авионски аранжмани со доручек и вечера и не им се нешто прескапи, дали некој имал искуство со агенцијава?
600€ по особа за седум ноќевања, а за пет ноќевања 530€. Вклучено хотел, превоз, доручек и вечера. Само што им пишува 24 часа, не знам што им значи тоа. Демек ако резервираш одма е таа цена, а иначе поскапо. Така бар ја го сфатив.
И јас така мислам, а и одамна ми е желба. Истите пари ќе ги дадеш за Грција и ќе дремеш 10 саати на граница, а вака барем Шпанија ќе ја видиш. Грција мислам дека би ја скокнала годинава. Не е нормално ова што се дешава по границиве.
Не е толку лошо на граница, како што се кажува по медиумиве. Јас еве постојано следам во групите за Грција на ФБ и Вибер и релативно доста брзо е минувањето. Пред некој ден 20 и нешто автобуси поминаа за 2ч, шо реално е доста брзо. Кога е гужва го суспендираат ЕЕС привремено.
Во Грчка инфо? Следам и јас таму понекогаш. Може, не викам не. Зависи кога како ќе ти се погоди, ама сепак и два часа на топлото мислам дека може да биде премногу.
Точно, не велам дека и 2 часа не се многу, ама пак се случувало по 2-3 автобуси да чекаат по 1-2 часа кога немаше ни ЕЕС. Како и да е, не е така како шо се пласира во медиумите.
@Mumoftwo30 чисто информативно дека ме праша, најдов уште поевтина понуда. 530€ по особа за седум ноќевања со Fly Turizam, исто авионски превоз и трансфер од аеродром до хотел, доручек и вечера и рачен багаж вклучени.
Има шанси, ама да е прва половина, по можност докај 10ти. Грција, бев еднаш во Октомври и можеше комотно да се влага во вода докај 15ч