Берово после 10 октомври е ладно, посебно ноќе, а надвор од туристичка сезона не знам што би правеле..Зависи каков тип на одмор сакаш
Ме интересира искуство со Нехар. Конкретно за патувањето што е во октомври - BERNINA EXPRESS + (Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад). Секое мислење е добредојдено
Здраво на сите. Ве молам за искуства со Tosca Beach Hotel во Кавала, особено од семејства што биле со бебе и мало дете (toddler) на почетокот на септември. Какви ви се впечатоците за хотелот, плажата, храната и условите за деца? Дали вреди да се избере за семеен одмор? Ви благодарам однапред! ❤️
На САВА за Турција им нема конкуренција. Со години работат со таа дестинација и според мене ги имаат најдобрите понуди.
Да, дефинитивно, моите родители беа минатата година за Хургада преку Сава и беа презадоволни од организацијата, оваа година одам јас исто за Хургада преку истата агенција. Пред неколку години преку истата агенција бев и за Турција, имам само пофалби да кажам за нив. Посветени се и организирани до максимум. Без проблем ти помагаат во изборот на хотели и ти кажуваат искрено се што те интересира.
Здраво во недела тргаме за Хургада,ни спомнаа дека после одјавувањето во 12ч последниот ден престанувало и all inclusive и дека можело со доплата да се направи late check out или да си платиш за храната и пијалоците додека заминеш вечерта.Дали е вистина тоа има некој инфо некакво?
Дали некој патувал со travel up mk Ме интересира за Шпанија понуди што имаат, Лорет де Мар...како организираат и слично
Златибор од 5 до 9 септември Ме интересира дали им доволно активности за 3 ноќи и маркети за храна. Видов дека има Лидл дали е добро снабден? Препорака и за кафани со добра храна.
Лани летото бев посчеден пат и беше супер снабден Лидл, сега не знам, се надевам продолжиле добро да работат. За активности има, зависи што сакаш
Супер ви е терминот. За активности има свашта, да се возите со гондола до врвот, да шетате, пикник да си направите, има дино парк ако сте со деца (мада и за возрасни е интересно). Можете исто и да прошетате наоколу има пештери и сл.
Ваљда зависи хотелот, досега сме биле 4 пати и во ниеден хотел при одјавување не ни престанал ол инклузивот, а за лејт чек аут нема потреба, си седиш и си користиш се од хотелот, само пред да си одиш си тражиш на рецепција соба за туш и да се преоблечете. Ти даваат без доплата. Барем такво е нашете искуство.
И јас ги гледав, само кај нив има сеуште понуди и за почеток на октомври за Шпанија. Да не им пиша или закажа нешто?