Ако одат домашниве во Србија и Хрватска на море ќе одам со нив да се видам со роднините а ако одат во Охрид ќе си останам дома и ќе правам зулуми.
Па ова лето најпрво ке одам за МК а од таму продолзувам сега незнам усте не сме резервирале ама се мислам мегју Турција и Спанија
Најверојатно во Охрид. Сакав во Грција, но дечко ми нема пасош, така да остануваме тука Но, не ми е толку битно каде, туку со кого ќе бидам
Грција земја преубава, сонце море плажа... Спојлер да не ме сватите погрешно, го мразам грчкиот народ но не ја мразам грција како земја,
бил некој во турција со автобус?? и бил сместен во хотел во центарот на градот?како е со плажи, се патува?? ај нешто повеќе најдов една фина понуда па да си прашам! фалааа
Јас две години по ред бев за Кушадаси со автобус и бев сместена во центарот на градот. Патот вооптшо не ми беше проблем дури и забавно ми беше, а и често правевме пауза. Ем ќе видиш поголем дел од Турција ем е поефтино. А мој совот ти е бирај хотел што е во центарот многу е поубаво затоа што не си ограничена со плажа и цело време имаш превоз од центар до која плажа сакаш со комбиња и не беше скапо, а и убаво е заради тоа што можеш вечерно време да си шеташ низ чаршијата или пообала. Топло ти ја препорачувам Турција плажите се прекрасни, цените се ефтини, а грдаробата и бутиците па и цените во нив е тоа е сон Доколку нешто друго те интересира слободно прашај
Летово планирам да направам мал одмор, 5 до 7 дена, некаде со чартер, може Италија или малку подалеку. Кратко ама слатко. Ми се смачи од Грција, викенд во Грција, празник во Грција... аман веќе. Ене каде е Грција , можам секое време да отидам. Кога имаше визи дечко ми не сакаше ни да слушне да одиме во Грција, и да ви кажам повеќе шетавме, пола Европа ја прошетавме, откако почнавме да одиме во Грција се затупевме таму. Па барај друштво, па овие сакале ваму, други на друго место, поубаво ми беше кога сами одевме на одмор. Му кажав, летово ако треба истите пари што ги даваме за две недели во Грција ќе ги дадеме за 5 дена, па макар нека е и на друг континент, само да излезам од Балканов. Барем сега можеме, немаме обврски, не ни пречи долг пат, не ни пречи лет со авион, немаме деца, не ни е ограничен одморот ...
Мене обратното ми го препорачуваат повеќето. Земи си хотелче со убава плажа неколку километри одалечен од центарот на Кушадаси. Имај супер плажа пред тебе, а јас сум тип кој преретко шета на други плажи да истражувам итн. Јас може да посетам убава плажа ама секој ден да се мрцварам со автобус на плажа несакам. Сакам од хотел да скокнам на плажа и кога ми притреба да си тркнам до хотел. А за навечер за 1 евро отприлика и 10 минути сум во центар. Ама секако вкус си е, јас ако бирам ќе одлучам пред се плажа, а центарот навечер ќе си го посетувам. Така да ако дечко ми добие одмор се надевам дека ќе ја посетам конечно Турција и ќе ми се оствари желбата. Ако не тогаш вајда Грчка. Абе јас сум ко разгалено мало дете, секоја година си одам и со моите на одмор, класика ни е, 25 напукав и пак со нив си идам ако немам други обврски Ама и убаво ми е пијам, јадам, спијам, мир, тишина, добро сега нормално ќе се спукаме последните денови класика, ама убавко ми е и не се срамам ич што одам со моите на одмор. Има некоја посебна убавина во семејниот одмор
Се си зависи од личноста еве мене конкретно не ми се допаѓаат овие понуди што ги нудат нашите агенции сите се на Лејдис бич ( што е многу гадна плажа и е преполна секогаш ) или на Лонг бич што сум сигурна дека ќе ти здосади 10 дена на иста плажа, а има многу поубави плажи што вреди да се посетат, а и има многу други места што вредат да се посетат и уште нешто дискотеките работат после 12, а комбињата кружат низ градот до 12 така да си ограничен со време Сепак според мене ова е индивидуално
се согласувам и со двете, дечко ми сака одма на плажа јас сакам во центар,секој ден различно ќе си одам кај сакам и за навечер ете до 12 бил превозот така да што е до мене дефинитивно центар! а и нз што е со цените во центар е за 180 евра со пат а хотел на плажа (со исти услуги) е 260 е, па за 80 евра јас од дома ќе направам шопинг фустанчиња, купаќи, шешир апостолки ова она ајде ќе видиме што како само едно сакам да одам на одмор некаде од 25 јули до 5 август тогаш ми е најубаво! а и до сега секогаш тој период одам!
Едвај чекам да заминам, веќе е испланирано, 3 недели во Љубљана, па во Виена, а најпосле во Италијааа... Додека не ги потрошам сите пари не се враќам дома Конечно ке го добијам мојот одмор од соништата, да ги посетам земјите кои најмногу ги сакам
па не знам каде поточно сеуште не сме се договориле. Неможам да мислам уште сега, нека поминат испитиве па ке се развие поопширна дускусија за тоа. Инаку знам со сигурност дека ке биде грција бидејки блиску е, не треба виза, преубаво ми е кога сум таму, се чувствувам како дома... дали бидејки е наша?
Да ме прашаше некој за ова пред месец дена, тогаш све ми беше испланирано, ама сега немам појма , се надевам дека ќе најдам добро друштво за во Хрватска
До сите кои биле во Хрватска,Би сакала да ми предложите некое место каде можам да одам со деца на одмор,но со песочни плажи,а да не е остров.Јас сум била неколку пати ,но секаде, на карпести плажи. Дајте некој предлог, ако знаете,а да не е Макарска.Фала однапред.