Јас и дечко ми веќе резервиравме во Грција седумдневен престој. Ќе бидеме сместени во Ханиоти во вила близу до плажата. После тоа обавезно фаќаме патот накај Охрид, таа дестинација од '91 па наваму ја немам пропуштено Секогаш кога одам на одмор сакам да одморам од скопскиве гужви, па безразлика каде и да одберам да одам, не сакам да сум сместена во центарот. Во Охрид најчесто одиме во Пештани, па ако сакаме некогаш да излеземе на кафе во центар, палиме колата и одиме. Преферирам на одмор прво убаво да се наспијам и на раат да си отидам на плажа па ако сакам и 3 пати во денот.
Би ти го препорачала Цавтат, пред Дубровник е, има многу убави песочни плажи со ситен песок, а и мирно е, баш е за одмор
Преку која агенција? Јас барав за Ханиоти ама имаа понуди само за апартмани за 4-5 души и ептен скапо испаѓа, ние сме само двајца. Ние се мислиме меѓу Ханиоти и Олимпик Бич, знам дека некој може ќе рече дека не се толку младалачки места ама ни треба вистински одмор. Заедно сме биле претходно во Олимпик и убаво е ама мислевме да смениме. А во Ханиоти сум била со моите и не ми се допадна плажата ама пораздвижено местенце беше.
^ Meне најубаво место ми е Калитеа од првиот крак, па Хањоти, па Пефкохори. А не знам зашто не може студио да најдете во Хањоти? Студијата се за двајца и ги има во секоја агенција. Плажата во Олимпик бич може е поубава подолга и поширока, ама џабе кога водата на крациве милион пати поубава од Паралија и Олимпик Бич. Што ќе ми е плажа кога имам тиња вода? Никаква вода! И ако имате можност одете на плажата во Калитеа, одете кај хотелот Палини и нај нај убавата плажа Паљури. Калитеа е најскапа, најмногу млади има, до неа се 10тина дискотеки. Хањоти има млади, има дискотеки, големко е и плажата е сосема во ред е само немаш шеталиште до плажата и за продавничка треба да поодиш малку. Пефкохори е исто убаво, големо, плажата не е убава и е тесна и еден врз друг си. А еве ќе ви покажам слики од пред хотел Полини во Калитеа, исто и на градската плажа во Калитеа водата. Ако не ви се свиѓа Ок Мене ми е многу битна водата, зашто една година бев во Олимпик бич и моето капење за 7 дена беше 5 минути. Мислев шуга ќе фатам. Јас одам да се сончам и бањам, да ги искористам благодетите на морето. А не да шуткарам треви и медузи во морето...
Точно за водата дека е прљава со тревуљини, медузи лани немаше ама знам еднаш бев со моите во август и исто не влегов во вода, значи беа големи како сомбрера а за плажата немам коментар едноставно ми е преубава. Во Ханиоти инаку гледав понуди на интернет од агенции преку кои веќе сум била и немаше, ама ако отидам директно и се договориме секако ќе најдат за двајца било каде смештај, водата беше почиста да, ама ние одевме на најблиското плажиче имаше кафичи, црквичка, паркчиња во близина и остало и беше песок мешан со камчиња и во водата имаше камчиња и ежиња, што е доказ дека е стварно чиста. Ама ете некако тесно ми беше ептен гужва на плажа, гласно... Значи јас не одам за диско на одмор одам само за море и плажа, водава на сликиве е перфектна во Калитеа никогаш не сум била така да ако има понуди низ агенцииве(затоа што не возиме, ни треба и превоз) сигурно ќе земам во предвид преубаво изгледа! Фала ти на предлогот!
Знаете ли некоја агенција што нуди аранжмани за повеќе места во Хрватска? До сега поминав еден куп агенции и сите или имаат само за Макарска или воопшто немаат за Хрватска
ние идеме во сопствена режија имаш голем број на сајтови преку кој можеш да си најдеш сместување а ако идеш на некој остров многу поубаво ти е за со кола затоа што можеш да го прошеташ цел. да за агенцииве слушам дека има само макарска, бол и незнам дали корчула им е застапен не сум сигурна. Како нешто поевтина ја водат макарска и сега им е нешто актуелна
Освен Макарска друго ништо не видов , до сега немам идено во Хрватска па и Макарска би можело убаво ли е?
лично макарска ја имам шетано само двапати по 30 минути додека чекавме траект за на остров и ми се допадна. секој дел од хрватска има своја убавина за тивок и мирен одмор со далматинска музика и фешти мене ми се допадна и оваа година ќе оставам ден да ја прошетам така да не би згрешила ако отидеш. а и можеш да си шеткаш траектот и правец некое островче за еден ден шетање тоа ми се допаѓа најмногу
Тогаш одам само уште да најдам агенција која не го прави превозот преку Косово и Црна Гора. Тој пат веќе не го поминувам
Грција...Паралија поточно..сум била повеќе пати..местото мн ми се допаѓааа.. и во близина има поголем град Катерини ..има убави продавници...така да и годинава планирам да одам таму...
Планирам Грција ,Олимпик Бич Да не знае некој како се движат цените за ноќевање? И за другите места ако знаете, сакам информација
Најверојатно Грција, ама здравје, со оглед на тоа што имам пермногу комплицирани другарки додека не стигнам негде нема да бидам сигурна кај ќе одам и кога и да цени за во Грција ако знаете нешто за Закинтос или други места кажувајте, или предложете друго место
многу ми е жал што си имала лошо искуство со олимпик бич. Јас ова лето бев во олимпик бич и навистина водата на плажата каде што сите одат беше многу матна и гнасна бидејки сите се мачкат со фактор и плус гужва и матна беше многу. Но, на 5 минути од олимпик бич има една плажа каде што (кога бев јас) имаше се на се 15 души со се нас и водата беше солза чиста и топла за мерак... ако следен пат одиш накај олимпик бич оди на оваа плажа на 5 минути е некако надвор од "цивилизацијата" и е многу убаво. одмор во права смисла. Место кое исто така топло ви го препорачувам е кампот Посеидон во Грција, се наога близу до катерини, тие се околу 7-8 кампови сите едно до друго. Во кампот има и мали хотелчиња и не мора да имаш приколка за престој таму. водата е многу чиста и плажите се големи и чисти. еве една слика од Посеидон да видите колку е чиста водата
и јас сум заинтересирана во врска со ова дечкоми е запнат за Грција здравје боже да биди све во ред би дала некола иљадарка од поќе и би отишла на место каде што вреди
Јас идам во Италија и Германија на одмор.. Во италија идам на Сицилија островот , а во германија во Талхајм на училишен капм со една другарка ке идам..
Евтино е. Барем според мене тој дел е најевтин. Јас лани бев преку агенцијава http://www.falcon.com.mk а исто и Савана имаат понуди ама со 7 ноќевања http://www.savana.com.mk Значи како што пишаа погоре плажата е убава ама водата не е баш нешто нај нај. Во секој случај мене ми е во срце врежана Пиериа и сите местенца од таму