Во Охрид кога сакаш можеш да отидеш ене го кај е, како што кажа Росонерка се е исто, скопскиот живот само префрлен во Охрид на одреден период исти луѓе исто се. Искористи ја секоја можност за излегување надвор од државава, шетај, разгледувај, види нови работи итн. Па одморот е да се одмориш а не се исто да гледаш. Само морето е многу лошо. Сите се жалат од него. Кој и да бил, не може а да не се пожали.
Jas ke odam za USA letovo pa me interesira dali znaete kako da dojdam do informacii koj e bil i kako pominale ovde na forumot barav no ne najdov takva grupa upatete me pozdrav [mod-kirilica:3fw82bel][/mod-kirilica:3fw82bel]
Јас мислам дека воопшто не треба да се двоумиш. Сепак море си е море (иако морето во Бугарија не го фалат баш), ноќниот живот во Бугарија е феноменален, неспоредливо подобар од оној во Охрид, цените се прифатливи а условите се одлични. Од друга страна, излегуваш надвор од државава, имаш шанса да видиш многу нови работи и да запознаеш нови луѓе. Така да, ако веќе имаш шанса, избери ја Бугарија.
Каде поточно имаш определена дестинација или ? Таму е многу убаво, не сум била но знам што биле и кажуваат како во сон е.
Сум била во Будва пред неколку години и да ти кажам искрено не ме фасцинираше скоро ништо! Можеби отидов со преголеми очекувања бидејќи многу пофални зборови слушнав! Јас сакам убави и песочи плажи а таму се со камења плажите (повеќето), плус скапичко е бајаги така да јас пред 6 години потрошив поголема сума Спојлер околу 600 евра а сигурно сега е и поскапо! Навечер не дај боже да излезеш,во сите кафичи гостуваа пејачи а влезот и пијалоците се сеќавам беа многу скапи ! Единствено стариот град им е прекрасно место со многу бутици,интересни стари градби, кафулиња и сл. Сепак јас не би отишла повторно бидејќи многу поубаво и поефтино си имам поминато на други локации! Во Албанија немам одено иако како опција последните неколку години е секогаш ставена на размислување но одбегната од не знам која причина! Имам слушнато дека било неинтересно место за летување, ништо занимливо и вечатливо немало да се види, и предност било тоа што е многу поефтино за разлика од Грција,Бугарија,Црна Гора,Хрватска... Се граделе нови хотели, се уредувале нови плажи така да во наредните години сигурно ќе има што да ни понуди и Албанија но со сигурност и сегашното ,,ефтино,, леување во Албанија ќе се замени со ,,скапо,, летување! Но не сум била во Албанија и не тврдам ништо, можеби неточи ми се информациите затоа распрашај се подобро и по агенции!
Јас бев на екскурзија таму, можам само да ти кажам да си носиш вода за пиење, затоа што е претерано скапа! Под претерано мислам дека 1 евро е пола литар вода, којзнае колку пари изнададов за тоа само. А тоа жешко, сонце пече и ти се пие водичка. Супермаркети немаше никаде на повидок, или нас не не однесоа, појма немам. Последниот ден од едно руинирано супермаркетче си купив цел пакет вода за 0.33 евра. Инаку се друго си е супер, има дефинитивно што да се види.
Само сакав да им кажам на сите оние феминки кои планираат да одат на Јадранско Море, дека речиси и да нема плажа која е песочна, сите се со камења, ама затоа водата не се споредува со таа од Егејско Море, толку е сина и бистра што одзема здив. Јас сум била во Будва, и мене ми беше преубаво, и стариот град, и водата, и Србите - се.
Будва!! Сум била и таму и таму, иако во Албанија само еднаш на 2 дена и ТОЛКУ потоа Хрватска, а во Будва сум била на одмор 3пати, Албанија за Црна Гора е рушевина Будва е најпрочуен град по ноќен живот заедно со Бечичи во ЦГ
Сигурно е за Охрид а за другите мста што планирам не се знае....ама не знам зошто јас многу си го сакам Охрид
Годинава веројатно Бугарија,ама сеуште не сме сигурни каде точно.И Албанија 10тина дена како секогаш Не сакаме далеку,а соседите се баш погодни за одмор
Летово за првпат после 7 години нема одење на одмор, во јули ќе ми се роди бебушката, ама затоа следната година ќе надокнадиме некаде на море
Турција на 5 дена и можеби на Крф во Јуни со љубовта А во Септември летам накај Cote d'Azur и ќе седам до Декември
Ко јас да сум го пишувала на Сеси коментарот, потполно се сложувам. Освен на островите хрватски во глобала јадранското море нема плажи големи. И морето е пребистро, ама па поладно е од егејското. Јас бев пред 3 години во Будва и си поминав преубаво. Со дечкото бев и он пак ме тера да одиме во Будва. Ни беше супер. Е сега некој ќе отиде во охрид за 100 евра а некој за 500 евра за 7 дена. Исто и во Грција некој оди за 200 евра некој за 800. Тука нема правило секој си го прави одморот по свој терк, си знае секој колку му е џебот и колку сака да троши. Јас бев од 15ти август во хотел 10 ноќевања, 11 дена и 12 дена вкупно доаѓаа со пат. И чинеше аранжманот 250 евра. И храната топ ни беше за таа цена. И си уживав на плажа, секоја вечер си искачавме и пиво, вотка се беше 3 евра Па во скопскиве дискотеки таа е цената на алкохолот. Се изнашетавме на сите плажи околни со автобусчиња си одевме. Од ништо не се лишев и супер си поминав а и цената вкупно потрошена ми беше далеку од тие 600 евра што ги спомнаа. Али какви се србиве ааааау се лигавам!!! Па и србинкиве и црногоркиве мамицата нивна манекенка до манекенка
Леле не ми збори, јас се исфрустрирав , која од која... не знаеш каде да гледаш Според мене Хрватска е поубава од Грција. Не ме тепајте. Прво луѓето ми се поуслужливи, ајде тоа и не е толку важно. Второ, јас сакам ладна вода , барем во лето да се разладам , а да не се чувствувам дека влегувам во бара. Ако некој има можност нека ја посети Хрватска, ќе пишувам за местата каде што сум била. Опатија- европски, каква култура, какво место, мислиш Виена на море искача, ( порано тој дел била под австро-унгарска јурисдикција, таму летувала буржоазијата ), ама главната плажата и е бетонска. Ако поодите 100-200 метри низ прекрасната градина со ендемски билки и прекрасен парк ( во насока на Ријека ) имате избор од плажи, карпести, со песок ( вештачки ). Така да сигурно ќе ви се допадне. Северно од Опатија е Ријека, од таму може мини бродче да си изнајмите ( има и скапи и прифатливи) ќе ги прошетате Бриони островите, е тоа мора да се види. Може и тура да си земете па да ве однесат во вилата на Тито, парковите, животните ( секоја потрошена куна вреди). Јужно од Опатија е Пула , и Пула и Ријека се блиски максимум 40-50 км ( не ме фаќајте за збор). Пула е убав град, супер за прошетка. Од Пула има мост до Крк ( мислам така дека се викаше островот), нема ни 2 км. На почетокот на Крк има блато, знаете лековита кал, па сите се мачкаат... интересно, на другиот крај на островот во насока на Црес има едно местенце , се вика Башка. Таму одат многу млади, а има и убава песочна плажа. На плажата немаше место пешкир да ставиш, млади па уште и разголени, што да зборам , се изнагледав цицки Јас кога бев имаше бранови, не можеа да ме извадат од вода, како мало дете бев, обожавам да скокам на бранови. Ми кажаа дека претходните денови морето било мирно, немало често бранови. Моја препорака е приватен смештај некаде помеѓу Пула и Ријека, во маркетите цените се како кај нас слични, рестораните се поскапи, ама затоа има ресторани прв ред што се на море, тие држат цени. Има и ресторани кои се исто со поглед на море но не се во првиот ред, таму цените се како во нашите ресторани. Ноќниот живот не е којзнае што, изборот се сведува на ресторани, кафичи и по некоја дискотека, има повеќе културни настани, ама во никој случај нема да ви биде досадно. Единствено ви треба друштво, кола, и пари колку за еден просечен одмор.
СДП женцки,како е во Будва ама за семеен одмор ? Најдовме понуда,пристојна,баш колку што можеме да си дозволиме. Вила ,,Сара,, - студија на 400-450 метра од СловенскаПлажа. Намерно го болдирав ова Словенска Плажа,да ми каже некој каква е,дали некој бил таму ? Мајка ми е скептик заради ова,зашто она кога била млада,вака на слепо уплатила во Будва и ги качиле горе на ридот,тогаш и било тешко везден нагоре-надоле,а не сега.Мене лично не ми смета,обожавам да шетам ама на моиве.. Ајде некој нека ми каже за Будва како место за семеен одмор и нешто за Словенска плажа ?
На Словенска Плажа е убаво. Јас бев во Будва на екскурзија пред некоја година и бевме сместени во истоимениот, ако може да се нарече хотел, затоа што беше огромен! Беше стварно убаво! Плажата е песок со камчиња и мислам дека е главната/градска плажа во Будва. Е сега имаше и канализација во близина ама ние се бањавме подоле малце. Беше крај на мај и температурата беше 40 степени сите се вратија со сунчаници само јас болна Затоа не би отишла пак на Јадранско мислам дека е ладно за мене... Водата искрено не памтам, мислам дека беше прилично чиста. Едит: Еве слика од КОМПЛЕКСОТ хотели и се гледа и плажата
За водата знам дека е ептен чиста но и прилично ладна.. Сакав во Будва,многу многу ама изгледа ништо од неа.Моиве решија дека бидејки биле стари ќе сме оделе Грција кај што е топло морето. Значи одговор на на прашањето ,,Каде летово на одмор,,здрави живи,веројатно Грција. (Лептокарија или Неи Пори)