1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Од овие сум била во Венеција и а во Верона само на поминување. И би одела уште 46987465769654 пати во Венеција. П-Р-Е-У-Б-А-В-О е. Мораш да се возиш со гондола по каналите и обавезно да одиш на плоштадот Св. Марко кај дуждевата палата и катедралата Св. Марко. Инаку има преубави маски па ако одиш обавезно да си купиш. Иии дувано стакло ;)
    Да не должам еве овде имаш уште да прочиташ: http://avtopoint.com.mk/?str=145
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Jaс да имам дете не би одела во Будва.
    Јас дадов многу позитивни зборови за младалачки одмор, но не и семеен.
    Плажава словенска е голема и седат еден врз друг и јас на неа отидов 2 пати, а и водата не е убава, се друго си одев на други подалечни плажи или пешки кај стариот град што е далеку за со дете, никој не одеше таму со дете, а други со автобусчиња и пак мислам дека е малтретирање.
    Во глобала се се млади, а ретко семејства. Не е такво фамилијарно местото. Обратно многу гужви, плажите што се убави се далеку, неубава е иначе Словенска плажа која е најблиску, ако пишува 450 метри до плажа додај уште дупло повеќе, сите вили се на ридот а тој е далеку, убаво ти кажала мајка ти.
    Плус галама е постојано, дискотеки многу, гласничка е музиката.
     
    На Rozich и Jojoba им се допаѓа ова.
  3. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ова летоо опции Албанија,Грција или нашето охридско езеро а најповеќе албанија а за охрид сигурно ќе отидам барем еднаш :rofl:
     
  4. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Ништо од одморот во Грција :doh:
    Ке одиме во викендичка на една другарка и ке си се сончаме во трева покрај базен...... 8)
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убаво е за семеен одмор сум одела порано ама во последно време Будва стана град за ноќен живот повеќе за парови, слободни луѓе, тинејџери итн.. Леле таа словенска плажа, за малце не тргнав сама по неа ќе се изгубев, среќа ме најдоа :lol:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И јас сум била во Венеција, гондолите се прилично скапи не си ги дозволува секој, преубаво е иако не е многу големо стварно вреди да се види е сега не знам дали е баш за летување како е, ама за шетање и разгледување детално е едно од најубавите места на кои сум била. Нема да се покаеш ;) Еве неколку мои слики од Венеција, разгледај :)
     

    Прикачени фајлови:

  7. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    126
    Дали некој има одено во Лефкада Грција. Јас сакам ова лето да одам, па ако бил некој нека ми каже импресии :)
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    оваа година ништо не ми е дефинирано, незнам како ќе биде, но ако одам на одмор тоа ќе биде Хрватска среќа имам таму роднини па ми е загарантирано.

    а еве добро место за уживање инаку Задар е прекрасен.

    http://www.youtube.com/watch?v=wQaGIhP_lRw

    Камп Затон е светски не како оној во Охрид со мизерни вециња да не можеш да се истушираш како треба


    http://www.youtube.com/watch?v=LhEh72CLtW8

    Камп Шимуни нешто најубаво на свет тоа е некаде нагоре Цриквеница.
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    летово планирам или Црна гора (5-6 години немам отидено таму, да проверам дали нешто промениле) или Хрватска.. поточно во Макарска.. најдов една понуда 200 евра испаѓа смештај + превоз за 9 дена..
    е сега ако има некој што бил во Хрватска да ми каже отприлика како се цените таму за храна, плажите итн итн..
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    да јас бев минатата година и многу е убаво, има фантастични плажи, тиркизна боја е водата и чиста многу, нема да зажѓалиш ако одиш, со сигурност ;)
     
    На Mracna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Нека ти е со лесно. :D Душиче, да е живо и здраво тоа е најважно :)
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Неа Врасна, Грција.

    Прв пат одам годинава, се надевам ќе си поминам убаво. Не ме интересира многу ноќниот живот, зошто одам да се одморам, а не да се уморам, единствено ми е важен изгледот на плажите.
    Се надевам и дека ќе ми се погоди времето, затоа што заминувам многу рано на одмор, некаде околу 18 јуни.
    Па, ќе видиме. :D
     
  13. LadyGodiva

    LadyGodiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Грција ^.^ кант ваит
     
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Ако имаш шанси да одиш немој да ја испуштиш шансата! Островот е прееееубав, Јонското Море има толку тиркизна вода што не те остава рамнодушен! На островот има два града Лефкада и Нидри и се многу блуску еден до друг, и те советувам и двата града да ги посетиш бидејќи и двете места се фасцинанти!
    Најубавата плажа Порто Кацики ева ја [​IMG]
    И уште една многу убава плажа со еден голем недостаток-многу ама мноооогу скали за да се стигне до неа! Еве ја плажата Егремни [​IMG]
     
    На Mracna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    грција ми е во план гледав некои предлози од агенција имат интересни понуди за јуни месец планира ли некој да оди во пред сезона јас се мислам ама оваа времето нешто зафркава се е нестабилно
     
  16. moiLolita

    moiLolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Германија на работа ;)
     
  17. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Дечки а некоја да била на Moraitika на Крф? Ме интересира како е и дали е многу скапо таму?
     
  18. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    Јас мнооогу сакам да идам на Тасос или Крф, само не знам како ке го издрзиме патот со дете мало,Планирам да одам некаде 15 јули или пред илинден и баш имаше супер понуди.
    Гледав многу добра понуда на Крф Мораитикиа сектион на Месонги бич и имаше супер цени за ал инклусив максимум 45 евра/ден по човек, а ако некој се реше за јуни дури и поповолно.Па ајде пишете кој бил, дали е подобро со сопствен превоз или пак преку агенција....
     
  19. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Сакам да одам во Реџо Калабрија во Италија, бидејќи учам италијански па ќе ми дојде нешто како одмор со учење:) Само што курсот трае еден месец, не знам дали ќе издржам толку без либето и другарките :(
     
  20. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Ново прашање :) Ако може да ми каже некој како е Полихроно и Hеа Потидеа и некаква споредба меѓу 2те - едно од овие ќе биде :)