Hеа Потидеа јас веднаш би ја пречкртала од списокот! Мало местенце на почетокот од првиот крак со баш ништо интересно! Мислам местото е добро за старци, а за млади кои секако ќе сакат навечер да прошетат низ бутици,низ кафичи,низ паркови не верувам дека ќе видат билошто интересно! Полихроно тоа беше на првиот крак нели? Ако сум грешка не замерајте ми ! Ако е тоа место што мислам тогаш е блиску до Калитеа каде имам одено на викенд! Во Полихроно немам никогаш одено но имам слушнато пофални зборови од тие што го посетиле и баш го споредуваат со Калитеа,скоро исти биле двете места! Сепак не сум сигурна,распрашај се подбро!
Оваа година сакам да отидам во Драч. Дали некој може да ми даде броеви од апартмани за 4 особи. И некое искуство.
Некој да не има отидено на Закинтос и искуства од таму? Пошо во план ми е да идам со дечко ми па да знам што да очекувам
Неи Пори топ место за семеен одмор секако и за ноќен живот. Убава плажа ... место за шетање има колку сакаш.Каде и да одам секако дека и Неа Пори ке отидам .. навикната сум си на тоа место
Да се надоврзам на претходните коментари, јас лани бев во Црна Гора. Бевме во Сутоморе, Будва, па и во Подгорица останавме 4-5 дена. Ми се погоди мене, другарка ми има роднини таму што имаат вили на многу приморски места, а во Подгорица живеат па и таму си останавме да видиме што и како. Потполно се сложувам со Сеси околу плажите и водата, да не се повторувам.. Ама убаво е јас пак би идела и тоа како. Оваа година пак не викаат луѓето, со оглед на тоа што смештајот не треба да го плаќаме ништо чудно пак натаму да отидам Иако Грција ми е на пола саат, мене ич не ми се оди таму, така да ..
Ако сметаш во наши пари сегде е скапо Шала на страна-јонските острови имаат пристојни цени, има и Лидл и Таверни, па секој според џебот. Јас лично не сум за цел пансион бидејќи ме врзува на едно место,а да одиш на Крф и да заглавиш само на едно место е гревота. Мораитика е ок, јас бев на поминување,малку пензионерски ми делуваше, ама ако си за варијанта плажа -море може. Всушност ако сте за таа варијанта и нема потреба да се тепа пат до Крф-и краците ќе свршат работа. Препорака-ако правиш тура во сопствена режија оди накај западните плажи! Или пак ако одите со кола , гуглање по интернет малку и секој ден различна плажа ... План Б-рентање скутер, кола-задолжително. Ако не го направите тоа-дури и Крф може да биде тапа
Убаво е до Грција да отидеш на шопинг бидејќи е блиску а сепак ЕУ и повеќе избор има, но јас лично никогаш не би можела да се замислам себе си таму на одмор или Хрватска или Италија, евентуално Шпанија од тие така подостапните, а од тие понедостапните може Лагуните накај Америка, Хаваи, Бразил, Малдиви аххх сонови сонови.... Грција не ја претпочитам во никој случај.
Големо лајк! Западните плажи се глава боли- источните хм...ај ок. Нашиве агенции носат колку што знам само во Нидри-што е малку тапа, но во сопствена режија за иста цена преку нет може да се најде далеку подобар смештај и на подобра локација. Е сега треба кола и зелен картон-кој никако да поевтини бре
А може да ми кажете каде да барам смештај на нет блиску до западните плажи? Некое конкретно место, хотел, апартман? Фала
Има ли некоја од вас искуство со летување во Дојран? И некој линк со сместувачки капацитети, ја разгледав страната на општината ама таму се наведени само со име и презиме издавачите на соби и улиците а јас не го знам толку добро градот за да знам кого да одберам
Да не отварам нова тема тука да прашам за совет. Имам дечко и година дена сум со него. Мајка ми знае за него само. Доаѓа лето и сакам да одам со него на одмор но незнам како да ги убедам моите да ме пуштат никако не ме пуштаат. Се држат до она под мој кров си и ќе правиш како што ќе ти кажам. Може ли да ми кажете совет како да ги убедам?
Пред се е важна твојата возраст! Ако имаш 15,16 па и 17 години јас мислам дека треба да имаш разбирање за ставот на твоите родители! Ако имаш повеќе години и имаш стабилна врска тогаш разговарај со твоите,запознај ги со дечкото и потруди се да ги убедиш дека си доволно зрела и паметна за сама да се чуваш! Иначе сега ме врати неколку години наназад кога јас имав 19 години и за првпат отидов на одмор со дечко надвор од нашата земја! Иако имав врска подолга од година време моите беа видно вознемирени и бараа објаснување до детал, со кој ќе одам, каде ќе сме сместени, со што ќе патуваме...ме ,,давеа,, недела време пред одморот и ми ,,наредија,, обавезно да им се јавам кога ќе стигнам! Ги послушав и искрено имав многу разбирање за ниванта грижа! Се надевам дека и ти ќе најдеш заедничко решение со твоите родители! Со среќа!
lugje aj da mi kazete nekoe mesto vo grcija sto ne e daleku,ni pa nesto mnogu skapo... ne da e nekoe penzionersko takvo,da e za pomladi od 19 nagore... aj ako znaete pisete,pa i agencija nekoja ako znaete. fala odnapred
Прелистај ги претходните постови имаш се за твоето прашање, исто и другите теми од областа одмор и ќе си најдеш и агенции и каде сакаш на одмор
Дали направив кикс што уплативме за Закинтос? - колку се патува? - има ли убава плажа?...не оние на кои се оди со брод - ќе може ли детево да спие...барем по 24 часот?...или е лудница цела ноќ? Ве молам пишете нешто ако веќе сте биле. Ама ме фати паника -
Не паничи смири се. Јас не сум била ама ќе одам летово, и го истражував цел остров на гугл еарт. Ви агенцијата ни кажаа дека некои 12 саати се патува (со автобус), а сите плажи се убави таму. Особено ако сте сместени во Лаганас, плажите се блиску. Бидејќи си со дете мислам дека сте требаленекоја поблиска дестинација да изберете, а и Закинтос се препорачува за млади повеќе поради бурен ноќен живот. Сепак, мислам дека единтвено што би требало да те загрижува е како детето ќе поднесе толкав пат. Ако е мало, незнам колку е паметна идејава
Мала ќе биде за мене секогаш ... а има 9 год. Уплативме за Вила Мариос, а пресудно беше тоа што имаше базен ... по се знае чија желба. да..во Лаганас
Сања јас знам примери каде си поминале преубаво и им било помирно, но и обратно. Но лани имав пример каде другарка која што била тотално разочарана од сместувањето. До нив биле британци кои се познати по своето однесување и пиеле лумпувале кршеле кажаа дека не спиеле ич. Но и пријатели кои беа на Крф истиот проблем го имаа па дури и го сменија гратчето и отидоа во помирни места на Крф. Британциве увидоа дека Грција е ем ефтин и супер за млади па често слушам многу негативни зборови од нашинци кои биле на одмори на грчкиве острови. Недај боже да се погодат британци до вас. Ама тоа може и на Закинтос и Крф и на други места, ги има во последно време секаде. Лани ги имаше доста и на краците, а порано ретко ги имаше. Во мојот хотел лани во Калитеа на Халкидики имаше многу британци пијани беа во 12 на пладне, ама среќа хотел па не смееја да прават глупости. Така да се надевам ќе немаш проблеми, одмор е, не ги насочувај работите на негативната страна, мисли на позитивната секогаш А и не е ептен мала цурата, ќе издржи 12 часа
Нема врска ако е вакво кај нас, на море е сосема друга приказна. Јас порано со моите секогаш одев во јуни и тоа околу 15ти, 20ти и секогаш било топло, денот е подолг, нема многу гужви водата е почиста. Така да стварно е најубаво во јуни. Ама сега за жал испити едно др и за одмор во јуни нема шанси... Инаку еве ти вистински пример, една година пред да тргнеме овде имаше олуја, беше едвај 15 степени, секој ден дожд, град, кога стигнавме таму беше 35 степени и сонце, ниеднаш не заврна.