Во план е Албанија сега засега. Ако некој е бил, слободно нека ме информира повеќе околу место/цени. Фала.
Саранда се вика, ако е истото на кое бев јас пред некоја година, ефтиноча...плажите во гратчето не многу добри но надвор од него совршени...за 45 мин на траект и Крф супер е
Со моите ќе одам за Албанија, Грција или Турција. А после тоа со друштво во нашиов Охрид на викенд до 6 дена. I can't wait.
За Албанија мене ми е некако уште шубе, може е убаво морето се тоа ама.. Мислам дека уште не се споредува со Грција. Во Грција не се скапи градчињата под Олимп и според мене плажите се поубави од оние на краците иако водата не е баш, освен во Неи Пори таму секогаш ми се погодувало чисто море. Неи Пори, Олимпик Бич, Паралија, Лептокарија... Разгледај во сите агенции скоро има понуди за овие местенца еве ти и линкови, најверојато ќе одам и јас повторно тука некаде http://www.falcon.com.mk http://www.savana.com.mk
девојки кое е подобро место за од први јули,Kушадаси,закинтос или лефкада,кој бил нека сподели мислење и нека ми помогне деновиве да уплатам,сите коментари ги имам прочитано ама не можам да се одлучам
Уште не ми се верува дека ќе исптерам вонреден одмор, што ќе почне за некој ден! Требаше да одам дури втората половина на август, и психички се спремав да го издржам цело лето во Скопје, па уште и на работа. Ни патот што треба да го истрпам, ни скршената рака на син ми, ни хаосот во викендицата која е во сред градежни потфати нема да ми влијаат на уживањето во одморот во јуни, на местото кое во тој период е полу - празно! Ќе уживам во изгрејсонцата, во дишењето јод при утринските прошетки, а најмногу во кристално чистата вода од која нема да излезам! Го обожавам тоа место кога е полу-празно. Ме потсетува на детството, зошто тогаш беше такво. И сакам да биде само мое, не сакам да го делам со купишта туристи! Само што ќе помислам на мирисот на морето, имам пеперутки низ цело тело!
Здраво на сите!.. Јас и моите другарки решивме оваа година да одиме заедно на одмор.. Но ние сеуште не сме сигурни каде би оделе.. од дома ни даваат само 10 000 денари..Каде би било најдобро да отидеме на одмор со овие пари што ни се на располагање не е важно дали е Охрид,Дојран ..дали овие пари би ни биле доволни во Саранда во Албанија? ако некој бил како е таму нека пише..Во хотел,во куки колку би не чинел патот до таму!.. позз до ситее..
Vik4e не знам колку е сигурно сами девојчиња на ваша возраст да одите во Албанија, а и не сум сигурна дека ќе ви стигнат парите. Со 10 000 ден. одмор во Охрид може да се помине и според мене оваа година можете да пробате таму па некоја наредна надвор од земјава
ќе ви стигнат ако знаете убаво да ги распоредите парите на пример да платите на рати за да ви остане повеќе џепарац инаку јас мислам дека нема да ви стигнат парите каде и да одите надвор од државата а пак од друга страна според мене не вреди да се дадат 10000 денари за охрид воопшто видете во агенциите распрашајтесе организирајтесе
Мене искрено ми е страв да одам некаде на одмор со ова Ешерихија Коли јас дома им реков да не одиме инаку си планирав прекрасен одмор со многу сончање, морски бранови да сменам малце де .
Девојки дали некој има искуство со крф-грција? Како се движат цени по ресторанти , ноќен живот итн. Ви благодарам однапред
Зашто страв? Бактеријата ја има во Германија само , а и веќе е откриено од каде потекнува заразата, така да нема зашто да се плашиш И продолжи си со плановите
Леле, глупости. Значи немој да се исплашиш и погрешно да ме сфатиш, ама ако баш ти си таа што треба да ја фати ќе те најде сегде. Оди си на одмор, без размислувања. Уживај и одмори се убаво
девојки не сум разгледала како се движат цените точно по агенциите и што вклучуваат во цената какви понуди гледам за Грција сегде е околу 100евра знае некој што е вклучено каков смештај и др.поволности ?