Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Во старото,добро,секогаш забавно и никогаш досадно...во МОЕТО СТЕЊЕ!!
     
  2. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Јас сакам да одам во Грција али дечко ми не сака он ми вика за во Турција, а до сега не сум била па некој што бил до сега нека ми каже како што повеке информации.Фала однапред
     
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    За жал и ова лето одморот ќе биде под сијалица :headbang: И охрид ќе го сонувам, а не да отидам подалеку. Како и да е на сите што ќе идете од срце ви посакувам ова да ви биде најубавиот и најнезаборавниот одмор! 8)

    П.С. и да избањајте се и за мене :)
     
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Верувај нема да зрешиш ако го послушаш дечкоти, сум била и во Грција и во Турција и двете се прекрасни земји. Во Турција имам одено во Измир, Кушадаси, Бодрум, Мармарис и Анталија. Значи местава се како идеш од Измир кон Анталија е се поубаво и поубаво. Значи мој совет и препорака бидејки и така не си була во Турција да идете таму.
     
  5. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Па здравје да е, ако биде работата Лондон.
    Ако не, ќе си почекам уште една година. :worried:
     
  6. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Фала аја и да ти кажам и ке го послушам дечко ми само уште да се одлучиме каде поточно и се ке биде во ред, ;)
     
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Во цената најчесто ти е вклучен автобуски превоз, сместување во студио или апартман, или хотел зависи што сакаш. Малце не го разбирам прашањево бидејќи се е доле напишано под табелите со цени, може мислиш на нешто друго :?:
    Значи студио ти е како гарсоњерче се во една соба, а апартманите имаат одвоена една или повеќе соби. Сите имаат тераса, кујна, купатило, клима (најчесто се доплаќа ако сакаш да ја користиш).. Другото како храна, екскурзии и остало си го купуваш и плаќаш ти. Ако се решиш за хотел обично во тие соби нема кујна ама има вклучено доручек, ручек,вечера едно од овие, две или па сите заедно и најчесто имаат лежалки на плажа кои ти се бесплатни ако престојуваш во хотелот, инаку се плаќаат.
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    дојран на некој викенд :(
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    После толку убедувања, карање, не ваму, не таму, сакам ова или она, изборот падна на Грција |( Не дека е лошо ама ми се здосади секоја година, па морав да попуштам и за оваа. Најбитно е што ќе одам на викенди во Охрид и на планина. :)
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    душо благодарам мислев на цените за сместувањето инаку со дечкоми планираме со кола да одиме нема шанса тој да оди без кола :) значи цените за сместувањето ми се битни доволно е апартманче а може и гарсоњера битно да е убаво местото пријатно за таму колку што ни е длабок џебот толку ќе трошиме :)
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Plavi Horizonti? А сместување каде? :wasntme: инаку плажата е преубава!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. minimouse

    minimouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки,

    Јас би сакала да ве прашам што мислите кое место би ми одговарало најмногу за следниве услови кои ги барам:

    1. Да биде во Грција
    2. Одам со дечко
    3. Сакаме добар ноќен живот, дискотеки, барови, журки
    4. Долги и широки плажи и убаво море за капење
    5. Да не е многу далеку од Скопје


    Некои ми ја препорачаа Паралиа и Олимпик бич , сакам ваше мислење

    Поздрав :*
     
  13. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Ако може да ми каже некој малку подетално за Сутоморе. Се мислиме со дечко ми, неколку души ни кажаа дека било многу убаво и башка не било скапо. Па ако знае некој каква е плажата, сместување, ноќен живот, цени? Доколку одиме само превоз од тука ќе си најдеме, а викаат дека таму одма кога ќе се сминеш на автобуска ти нудат сместување. Мене ми е малку страв така, шо знам, да не не се снајдеме? Ако некој бил и знае, добро би ми дошле ваши мислења и искуства. :)
     
    На jesicaalba и esperanca им се допаѓа ова.
  14. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    Сум била во Парајлија пред 4 години и беше преубаво. Плажа, дискотеки-лудило. Тоа ми беше еден од најубавите одмори. Ама не би ти ја препорачала сега, затоа што слушам дека водата била многу прљава , плажите не биле тоа што беа претходно, некако замрело местото.
    А Олимпик Бич мислам дека е подобро. Другарка ми лани беше со дечкото и мн сезадоволни. Па ако сакате можете и до Парајлија да одите, без проблем, на шеткање,мн се блиску, дури може и пешки-една прошетка. А јас кога бев имаше и мали вовчиња, па вртат по цел ден до околните местенца. Мислам евро и пол беше повратна карта.
    Се надевам убаво ќе си поминете каде и да одите :)
    Поздрав :*
     
  15. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Дечки, сакаме да одиме за Палма де Мајорка заедно со мојот дечко но, се сами си организираме авиони, хотели....само сакам да ве прашам дали некој знај кое место е подобро со плажи и ноќен живот наравно...
    :rock:
     
  16. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Кушадаси или Анталија многу убави места.Полни се со убавини...Само можеби проблем ќе ви претставува јадењето, бидејќи не јадат свинско, а другото месо го прават со лој или некакви зачини.Ама затоа има најразлични врсти на салати, овошје и зеленчук ...Ние кога бевме преку екскурзијата умревме за јадење, едвај чекавме да стигнеме во Македонија и да отидеме на скара и да се најадеме како што треба :D
    Сепак вие си знаете најдобро :!:
     
  17. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Со овие пари можете да отидете на Суто море прекрасно место и евтино.....Лани една комшивка беше таму 10 дена, ноќевањето и беше 300 ден што значи дека само 3000 потрошила за тоа, а останатите 7000 за јадење и за шопинг .Но не мора да значи дека и оваа година ќе биде исто :)

    А во Сранда во Албанија не знам :(
     
    На jesicaalba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. devojka87

    devojka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    девојки потребен ми е совет. сакаме летово со дечкото да одиме на лефкада,меѓутоа сешто се изначитавме по форуми и се испоплашивме. ај ако може некој од искуство да ми каже какви се патиштата од нидри до западните плажи?дали може да се оди со мотор или мора кола да се изнаимува?дали воопшто е изводливо да не издржи мотор нас двајца,да не се патиштата како за на шапка па да не може да се вози со моторче?ај ако може некоја споредба со крф за да знам што да очекувам. и дали има плажа во нидри?
    секоја инф е добредојдена
     
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Еве јас.
    Значи крф е прекрасен :inlove: Незнам како да го опишам.Толку е убаво,абе како некој бајка :$
    Јас бев во Агиос Георгиос(така нешто).Ги има 2..бевме во тој што е во долниот дел.
    Е сега,нема некој си ноќен живот,ама пак затоа природата е.. :inlove:
    Ноќен живот,па ние и не знаевме дека постои се до 3 ден :rofl: .Кафичи,ресторани,баеги беа одалечени од хотелот каде што престојувавме.
    Скоро секој хотел си има базент.Имаше нашиот,така баш беше фенси :wasntme: (да му се невиди,како сум изгорела во тој базент цел живот има да го памтам :devil:).
    Плажите,убави опколени со разновидна природа.
    И да ти кажам кога прв пат стигнавме,само мромерв:''пии,кај ме донсовте во оваа пустелија,па јас си сакам гужва,ноќен живот,а не овде жива душа нема"
    Ама после се тоа се измени,и да би одела уште еднаш.
    За цени не можам да ти кажам,мама и тато плаќаа :wasntme:
    А,инаку ние преку агенција бевме :!:
    Мм..го посетивме и глевниот град-Крф,абе убавини што да ти кажувам.
    Има акваленд,па некои си крстарења,ова она..
    Битно,преубаво си поминав. :sun:
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Mallorca е супер :) јас бев пред 6-7 год. и можам да ти кажам дека Puerto Banus e софистициран дел со многу убави хотели за разлика од Palma Nova, која како што можев да забележам беше доста прљава и плажата таму беше градска и преполна...во Палма Нова се оддржуваше корида така да од таму ми е впечатокот (а и длабоко зажалив што отидов на корида, си отидов расплакана). вака градот, центарот е убав, има убава катедрала, убаво е за шетање, има добар шопинг ;) а има и мн убави места надвор од Мајорка што вреди да се посетат како на пример Валдемоса, Солер...Валдемоса е позната по тоа што Мајкл Даглас има таму куќа :D за ноќниот животне можам да ти кажам зашто тогаш бев со моите така да не шетав по дискотеки :D мислам дека накратко ти ги кажав впечатоците, ако те интересира уште нешто, бујрум :)