1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Слушај, ако сакаш да идеш на Бали,или било кај у Индонезија,малезија,Азија општо, немој ни случајно со агенции да идеш,освен ако не сакаш да те одерат. Таму е доста евтино, а со сопствен аранжман можеш да пројдеш скоро 1 месец по Југоисточна Азија за 1500 евра.
    А за Венеција, кажи ми, мислиш дека еден ден ќе е доволен а се види се и да се доживее градот, па и за Верона??
     
  2. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Италија ајде може ќе севидиме со тие што ќе идат :*
     
  3. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Дваесет дена во Германија, кај роднини, а после тоа некаде во јули-август со друштво до Охрид.
     
  4. april23

    april23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Sakam da mi kazete iskustva od Egipet.Kade e podobro Sarm el seik ili Hurgada?Dali e ok za mali deca,koi hoteli gi preporacuvate?Kakva e hranata i uslugata?
     
  5. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Па јас сум била во Шарм ел Шеик,јас бев во хотел со 3 *, супер ми беше да ти кажам право, мене ми беше поентата да идам да прошетам што повеќе да идам на што повеќе тури и излети, отколку да бидам сместена во хотел некој луксузен.Ама добро секој со свои желби. Многу луѓе се жалат за таму, дека било многу топло, јас воопшто го немав тој проблем, мене ми беше онака нормално топло, затоа што влажноста на воздухот е ниска и не е спарно многу( освен една вечер ). Таму нема песочни плажи, или има многу малку или некои вештачки направени, туку се се корални гребени и тоа едни од најбогатите во светот. Како пливаш околу тебе има мал милион рибчиња во разни бои. На нашата плажа се влегуваше преку корален гребен директно во вода и тоа беше многууу длабоко.Така да не знам баш дали е за деца.Имаше доста луќе со мали деца не дека не, ама повеќето плажи и тоа најубавите не се за деца. Бидејќи убавината е во коралните гребени баш. Ако те занима било што пиши.
    Уште нешто, ако сакаш многу луксуз, чистотија и сл. и си по фенси места можеби не е добар избор Египет. Мислам има луксузни хотели нормално, ама вака глобално нее баш, мене лично ми беше преубаво, ама не е за сечиј укус.
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Било каде, не пребирам, само да отидам некаде зошто ќе полудам :lol: Ми треба одмор!!! :worried:
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Криси тогаш бев во Шпанија на одмор ама на одење прво застанавме во Венеција и Верона. Бевме цел ден во Венеција, вечерта спиевме таму во хотел, па утредента бевме во Верона. И ја мислам дека ќе ти стигне по еден ден за двата града да ги разгледаш тие најважните и напосетуваните места во градот. Во Венеција имаш време да се возиш и со брод и со гондола, да го посетиш тој наголемиот плоштад и преубавите цркви, мостот на воздишките итн. А во Верона обавезно куќата на Јулија, гробот на Јулија, музејот и црквата каде што се венчаваат двојките итн. Во секој случај убаво е да имаш повеќе време ама и два дена стигнуваат за Венеција и Верона.
    А кажи ми за Бали си била ли ти и како на толку далечна дестинација без агенција да одам? Нели си е посигурно кога имаш аранжман преку агенција? А јас знам дека таму било ефтино ми имаат кажувано, ама авионските карти се многу скапи од кај нас затоа и е скапо преку агенција. Ај пиши ми ако си била ти колку се движат цените по хотели и авионските карти?
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Kade bese vo Spanija, vo koe mesto?
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Лорет Де Мар и Барселона.
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    далеку е одморот за мене има уште два месеци. Ќе одам Турција, со надеж дека ќе заштедам уште некое евро па и до Грчка барем на 4-5 дена да одам и тамам и попустот за шопинг да го фатам
     
  11. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    21
    Оваа година најверојатно никаде, може викенди да тепам, наваму-натаму, ништо посебно :(
     
  12. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Завчера бев во туристичка агеницја .И ситеее аранжмани беа 3 пати поефтини од лани и прехлани.И јас и другарка ми решивме да одиме за Шпанија.Значи многу ефтино.595 евра -полупансион,11 август 7 дена .Значи за 600 евра одмор во Шпанија и решив да си резервирам. :rofl: Хотелот се вика Санта Моника и преку тур. агениција со авион .Се надевам дека убаво ќе си поминам :rofl: ;)
     
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    hm.....600 evra.....dzabe be toa? :tmi: :tmi: :tmi: mnogu eftino :sweat:
     
  14. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Супер ќе си пројдете , не може да биде лошо. На кое место уплативте?
     
  15. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Фала за информациите, ние ќе иедеме на неколку места пред тоа па затоа остануваат само по еден ден за Венеција и Верона, пред тоа сум во Милано,па на езерото Комо, па на езерото Гарда, по пат некои градчиња ако свратиме и ете ти одморот летна хехе.
    Инаку за Бали не сум била, меѓутоа цела Југоисточна Азија ми е многу голема желба, еден ден мора да идам, и верувај ми многу имам читано за тие места, луѓево од регионот Србија,Хрватска им е најнормална дестинација ,патуваат многу, само ако сакаш можеш да најдеш секакви инфомации што ти треба, и искача многу поевтино. Ќе си се анагажираш неколку месеци унапред да најдеш преко нет најевтини можни карти до таму, после таму е лесно, хотели имаш преко нет да букираш, летовите во Азија се џабе, имаш по 20-40 евра од Шри Ланка до Малезија,Од Тајланд до Индонезија, мислам кај сакаш можеш да свратиш, штета е да отидеш толку далку и да се задржиш само на Бали, бар ја не би останала на едно место. Ако си заинтересирана пиши ќе ти дадам линкови кај да прочиташ, и кога ќе проциташ ќе ти се отворат нови хоризонти и нема да се мислиш ни 5 минути дали да идеш преку агенција. Има луѓе од еден форум што моментално се на пат низ Африка со кола! Мислам не е за секој, ама само мала доза на авантуризам и се може да се оствари ;)
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Заинтересирана сум :) Пуштај линкови :)
     
  17. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ке може ли да ни ги кажеш линковите
     
  18. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Ќе ви ги пуштам на ЛП, да не рекламирам други форуми тука :)
     
  19. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Ах..сакам на море :)
    ама бидејќи моите оваа година нема да одат на одмор :( ќе одам со друштво !!!
    и планираме или Охрид или Дојран!
    Не ми смета .. само да сум со друшто..останатото не ми е важно! :D
    али ќе видиме :) Здравје..
     
  20. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Палма де Мајорка :D