Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    :D Промена на планот, со моите во Албанија или Бугарија, па со друштво во нашиот Охрид. :)
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Девојки оф топик,
    дали некоја почна да прашува низ агенцииве за местенцата под Олимп? Пред малку зборев со една другарка ми кажа дека веќе немало места до средина на јули, што не ми е логично, тој дел не е толку посетен :^)
     
  3. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    лето летооооо јеје :D планираме со моите да одиме до Грција,но јас се мислам дома подобро ќе биде а ? хехе забави романтика аууу што знам имам уште малку време да размислувам па ќе видам што ќе се одлучам :)
     
  4. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Пaтиштата се ептен нови, скоро сите, тесни се, двосморене сообраќај, навечер се осветлени со мачји очи на сред пат и се многууу прегледни. Зaвиси до која плажа идеш, имаш полоши патишта, и многу добри, али углавном се нормални да кажам. што толку ви ваделе памет незнам, нхие пројдовме сасвим ок, бевме со кола, што во секој случај би ти препорачала, подобро него мотор, бидејќи се работи за поголеми растојанија, или евентуално тие четвороцикли, тие беа доста експолатирани.
    Иначе, не се мисли ич, уплаќај на Лeфкада, прекрасно е!!! Нeма да се зезнеш, такви плажи ретко кај има, права авантура!

    http://www.youtube.com/watch?v=CbVNRVH_ ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=nVW70U_C ... re=related

    Според мене најубавата плажа на островот, Еgremni beach, фантазија....
    http://www.youtube.com/watch?v=jAB9XwfF ... re=related
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Добро е кога знаеш што сакаш :)
    Мислам дека нема којзнае каква забава во Паралија а во Олимпик бич ни под разно. Меѓу Паралија и ОБ има неколку дискотеки ...ама во нив има 2 без 3-ца. Мене овие места ми се повеќе за фам.луѓе и тоа ОБ за со мали деца, а во Паралија постари тетки кои се надеваат дека ќе си најдат ефтина бунда :)
     
  6. devojka87

    devojka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Фала ти на одговорот, баш ми требаше некој да ме охрабри ;) Мене сите ми викаја не се асфалтирани патиштата, стрмни, планински, како на шапка да с екачуваш не знам што ти не, а баш го гледав кличето и патиштата се супер. Ние кога бевме на Крф цел остров го прошетавме со моторче, за далечината не е важно полаку полаку се стигнува, битно ми беше само дали воопшто може да се вози со моторче....фала ти уште еднаш ќе пишам импресии кога ќе се вратам ;)
     
  7. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Devojka 87, gledam deka si bila na Krf, pa ke mozes li da mi kazes kakvi se patistata za so motor i kolku e iznajmuvanje na motor? Plus, nekoi impresii od Krf? I uste nesto, vo koj grad bese na Krf?
    [mod-kirilica:39e5ln4d][/mod-kirilica:39e5ln4d]
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Еве и јас ќе ти одговорам, зашто бев лани во Агиос Георгиос.
    За мотор патиштата се супер, скоро цел остров е на мотор, изнајмување не можам точно да се сетам, ама беше околу 10 евра на ден.Ако сте друштво имате и мали коли, доста евтини.
    Мене островот ми остави супер впечаток, иако местото каде што бев јас е мирно и нема многу забава.Ама затоа сите други места се блиску и таму ќе надокнадите.Има многу ресторани, таверни, неколку кафичи, понекогаш имаше и забави на брод со некои грчки пејачи.Навечер знае да е свежо и не е баш да седиш и со голи раце и нозе, а и е доста влажно.Морето беше чисто, убаво, плажите исто.
     
  9. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12

    Fala mnogu za odgovorot :) Jas kje odam so decko mi, pa zatoa me interesirase kolku e iznajmuvanje na motor i kakvi se patistata. Nie ke bideme smesteni vo Kavos, znam deka e poznat po ludite Britanci, ama se tesam deka nie odime sega vo juni, von sezona i nema da gi ima tolku.:D
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Знам дека ќе си пројдеш одлично, не се сомневам ни малку.Уживај, островот е стварно прекрасен, плажите и морето се фантазија, и гледај колку што можеш повеќе плажи да пројдеш, ние 10 дена се утепавме од шетање и не ги пројдовме ни пола плажи, ама беше феноменално све. Ти посакувам најубав одмор на белата Лeфкада ;)
     
  11. miss.ella

    miss.ella Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    здраво девојки, може ли да ми каже некој што бил во Барселона како се движат цените за излегување и за храна?
    Поз
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Кај мене е интересна ситуација оваа година. Другарките не ги пуштаат на одмор, имаше трошоци околу матурата признавам па ги сфаќам до некаде. Сепак треба да се оди на годинава.

    Како и да е, уште поубаво испадна ќе одиме со другарка ми од Лондон, двете или евентуално три и од овде најдобрата другарка ако успее да дојде. Сега се двоумиме кај да одиме. Можни опции се Турција, Бугарија, Црна гора или евентуално Грција.

    Турција е супер, ама ако идеме сами две девојки не ми е баш за таму некако. Грција ми е здосадена и така ми е на пола саат, на викенди се оди не сакам баш таму. Остануват Црна гора или Бугарија. Во Црна гора бев лани добро беше се освен плажите, дека камења се а не песок. Ме интересира околу Бугарија, за плажите знам сум била ама како помала. За ноќниот живот сакам да знам како е последниве години, сепак многу ни е битно и тоа нам :wasntme:
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Цело лето ми е зафатено. Прво во Грција со моите. Па Швајцарија и Германија цел месец и на крај со другарки на крстарење во Италија, Грција и Хрватска. Оуу јеа!
    Планов ми се смени едно 34987654590 пати ама сега е официјално. Finally!
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170


    Бугарија има предобар ноќен живот. Воопшто нема да зажалите со другарките. Еве и ние ова година сме матурантки и сакаме со другарките да одиме Бугарија баш поради ноќниот живот. Знам дека е преубаво. :)
     
  15. devojka87

    devojka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    nie bevme kraj avgurt i epten super si pominavme. plazite se ekstra,cisti,moreto bese banja. nie bevme vo ipsos smesteni i cel ostrov go prosetavme,patistata se super nemavme nikakov problem,ama iskreno ako odis na kavos se ke ti bide daleku zosto toa e najdolu,nas samo kavos ni ostana epten daleku ni se gledase i ne otidovme do tamu. motorce iznajmivme za 80 evra za 8dena,imase i za poevtino ama ova bese malku pogolemo da moze da ne vlece i mene i deckoto. od plazi moras da posetis:nisaki (malo plazice so tirkizna boja na moreto),stom odis so decko sidari i kanalot na ljubovta,mada od kavos ke vi bide mnooogu daleku,glifada,paleokastrica. vo ipsos bese ok imase dobar,ne lud kako na kavos,noken zivot
    ako te interesira uste nesto prasaj ;)
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    како се движат цените во Бугарија? што сне запнале сите за Грција :D
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Ние се решивме за Црна Гора.
    Не сме баш при многу пари летово, а сакаме да одиме на викенди на повеќе други места низ Македонијава, Берово, Попова Кула...
    Сакам одмор со пливање, сончање, шетање, релаксација и СЕКС до бесвест.
    Ниту пакувам штикли, нит очекувам бесни журки.
    Ако ми е за журка и ноќен живот, се пакувам и си одам во моето мало градче.
    Оваа година сакам одмор во вистинска смисла на зборот.
     
  18. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Може пак за Грција како лани, Неа Врасна или Аспровалта.
    Или па Будва, Црна Гора. Таму веќе 8-9 години одевме редовно, лани прескокнавме :)
    Ќе видиме што ќе испадне на крај :)
     
  19. Anna-Marija

    Anna-Marija Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Јас летово идам у Холандија цел месец и убаво ми е :)
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Бугарија има супер плажи-песочни се,ама морето е кататрофа :doh: А за ноќен живот немаш гајле-го има колку сакаш 8) Сум била Несебар И Сончев Брег и преубаво е ,врие само од :) млади