А знаете ли отприлика како се движат апратманите во грција ај пошете ве молам поздрав и тоа во сезоната кај 20 јули
На одмор не сум била но бев еден ден онака на шетање .. Градот е супер а цените се средни ни многу скапи ни многу евтини но ми рекоа дека водата од морето не била баш најчиста таму .. затоа би ти препорачала да одиш на некое друго место (ако сакаш подобри плажи) . А имало во близина некое гратче Лорет демар или така нешто за кое ми рекоа дека било многу убаво а и евтино па може да го посетам
Олимпик Бич, Грција вистински одмор, по сабајлечки на плажа, за ручек дома, пак плажа и на крај вечерна прошетка, а баш за крај за крај прегратките на љубениот
Јас бев во Лорет де мар супер е, журки лудница, дискотеки убави но пијачките внатре се над 10 евра за пијачка. Плажата е убава со мнооогу ситни камчинја исто како песок. Барселона нема плажи ако одиш за плажи таму не ти препорачувам, ако одиш да шеташ супер ќе си поминеш
Zavisi za koe mesto vo Grcija. Gi imas maleckite mesta kako Nea Pori, Vrasna, a O. Beach i Parajlija ti se edno do drugo(porano vo O. Beach bese po ubavo a sega vo Parajlija imas poubavi dukani za garderoba i plus ima kade da se prosetas) Studiata ti se okolu 300-350 evra. Apartmanite od 350 do 400 evra za 10 dena. Halkidiki i 3 kraci e isto taka dobro
Девојки ве читам и ви завидувам Јас летово ќе морам да се задоволам со Охрид сите мои најблиски за летово заминаа кој Америка, кој Италија и така јас си останав без друштво за одмор. За ова лето ќе се потрудам да имам вистински одмор во права смисла на зборот ќе си се одморам. Сакам околку први јули да одам за Охрид додека не е нападнала гужвата На сите ви посакувам да имате незаборавно лето
Moите желби за Италија и Турција паднаа во вода поради "многуте" денови кои ни беа дадени на мене и дечко ми. Да да многу се. Aли бар погодени сме или имаме или немаме денови. Затоа добро е и ако тркнеме до Грчка, ако не ќе си ги ладам нозете во легенче
ме нервира што цените во јуни во Грција се солидни во Јули енормно големи на истите дестинации и во Август пофторно се намалува цената а зошто да не би одела на одмор во Август што дека ќе одам во Јули и 200евра плус да платам денес ќе мора да најдам средина со дечкоми зара хрватска е супер незнам што запнале сите Грција
^ зашто е поблиску а не секој човек е спремен за подолг пат, зашто е супер за млади мајки со дечиња, поефтина е од Хрватска, во Грчка може и ефтино и скапо да поминеш, во Хрватска нема ефтино. Плус ако имаш како мене 6 дена одмор ќе тргнеш за Хрватска? Јас да имам кеш ќе одам во Хрватска ќе се изнашетам, изнажуркам, изнапијам... а ако немам ќе одам во Грција на поскромен одмор. Не ми е филинг да одам во Хрватска и да неможам се да си дозволам уф како би одела во Паг
Јас во Хрватска одев 10 дена и царски поминував, сум била 2пати. Инаку одевме во Макарска и шетавме до другите градови и до Сплит секогаш и стварно беше преубаво смештајот беше во апартман и на 30 метри од него ресторанот во кој имавме јадење, имавме секогаш да бираме, за доручек шведска маса, за ручек биравме од 2-3 јадења и за вечера исто, а десертот го даваа тие Хрватска поминуваш како цар, исто и за Црна Гора не поминуваш бедно иако не е до толку опуштен одморот, ама сепак во Будва имам одено 2 години и преубаво беше барем во апартманите кај што бевме, една година останавме 15 дена 14 ноќи во хотелот и преубаво беше, ако се работи за ноќен живот дефинитивно Будва. За Грција, мислење како и сите. Моите ќе одат таму годинава, сум била и јас и немам посебно мислење, убаво ми беше иако многу спарно, бевме во Паралија има многу продавници и тезги за облека по шеталиштето и ги поздравувам 10те евра што несаќајќи ги оставив во едната, никад нема да ги прежалам.
Девојки дај ве молам кажете нешто за Паралиа Катерини ???? Ќе одиме уплативме ама ништо не знам а одиме со мало 2 годишно дете + бебе во мешето на мама значи се изначитав ама ако била некоја таму како е? Одиме на 4 дена ама пак сакам да слушнам искуства.
Јас пишав во претходниот пост дека бев таму, убаво е. Има многу за шетање, продавници тезги, облека за сите 4 сезони можеш да најдеш, пицерии кафичи како и сегде, морето беше чисто, плажата како и сегде најситен песок што најмногу ми остави впечаток, луна парк интересно средено беше дека спомна имаш детенце, такви за фаќање играчки на кои исподадов мноооогу пари ама фатив огромни играчки тигар, мечка, кукли плишани итн. едноставно забавно и интересно е. Шеталиштето е секогаш преполно, понекогаш дури и турканици имаше и гужви има во секое време најмногу навечер, продавници со сувенири и украси секакви тоа ми остави исто впечаток убави работи има и не знам што друго многу е убаво 4 дена, сега прочитав се премалку не се исплати ја мислам до Грција да се оди за толку време, ама ти си знаеш
Ке се оди оваа година во Турција, Кушадаси со дечкоми инаку сакав Шпанија ама ништо од тоа во наредна прилика. Инаку ако сака некој така да ме просветли колку пари ке ми требаат , мислам џепарац во одност на тоа дека сум во хотел со полу панскион. Ама сакаме така добро да си прошетаме ја мислев околу 200Евра доста ли ке се ?
Зашто да не се исплати? За 3 ипол/4 часа си на море. А што за 2.30 часа си на езеро во Охрид. И еден саат мења некоја битна работа? Jaс без размислување би одела на толку дена до Паралија, 4 дена ќе летнат многу брзо. Ама на цел одмор 10-15 дена имам еднаш Паралија, еднаш Олимпик Бич и доволно за цел живот. Не ми е убаво морето и точка, не ме привлекуваат местата, ништо не ме воодушевува таму. Посебно ќе ја спомнам прљавштината на морето. Мое мислење нели. Јас си ги сакам краците, од тој дел на Грција нели, што појужно има и поубави места сигурно. Каде каде се поубави Пефкохори, Хањоти, Калитеа
Па не знам, не сум одела на одмор пократок од 10 дена и можеби затоа мислам дека не се исплати, за блиску - блиску е ама што знам Инаку за краците се согласувам, најубаво е таму нема што, само подалеку е