Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Ние мораме на толку кратко време ;( затоа што сум 8 месец бремена и на бебушов дан му текне да излезе порано :lol: :lol: а и плус толку дена ни даваат за одмор и повеќе би го нарекла "продолжен викенд" отколку одмор :D
    Фала ви на сите за информациите. Срцки сте :* :*
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    сакаме да одиме на одмор од 21 јули во Калитеа со уште два или три пара, е сега ме интересира како е таму? не сум била никогаш, најдовме смештај преку агенција ќе одиме со сопствен превоз. некакво искуство?? задоволни сте или??
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Бев минатото лето на викенд во Калитеа и ми се допадна местото! Од она што го видов за тие 2 дена таму, можам да кажам дека местото е преубаво, водата убава и чиста, плажите средени, кафичи, ресторани (скааапи,многу скапи :worried: ) бутици...! Ние бевме на 2 јули и немаше многу гужва, немаше ептен туристи и затоа и лесно најдовме апартман! Паметно ви е тоа што преку агенција сте си обзбедиле смештај бидејќи имам слушнато дека Калитеа е ептен посетена од туристи (во шпицот од 20јули до 10август) и тешко се наоѓа слобдна соба!
    Се сеќавам дека имаше една огроооомна и стрмна удолница до плажата :lol: , тешка за искачување особено кога се враќаш од плажа, ама се заборава тоа кога се друго е префектно! ;)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Во Турција колку и да носиш секогаш ќе ти се малку :) Со оглед на бутиците и цените таму секогаш ќе се подлажуваш да си купуваш по некое парталче :lol: 200 Евра ќе ти бидат доволно ако не ги одите еднодневните екскурзии ( што би ти препорачала да не ги испушташ поготово Памуккале и куќата на богородица или па некој од аква парковите ) и сепак тоа е индивидулано некој може да помине со помалку, а некој не. Сепак верувам дека прекрасно ќе си поминете :)
     
    На AngelGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Лина преку која агенција ќе одите? И ние сакаме да одиме во Калитеа, па и мене добро би ми дошле информации од другите девојки кои веќе биле :D
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kатерини е многу убаво гратче :inlove: Mалечко, чисто, на море, со замок огромен, мерачко!
    Jас бев само на 2-3 саати, и можам да кажам дека е преубаво место, и се гледаше дека е повеќе фамилијарно, што знам јас така го доловив!
    повеќе е за брачни парови :)
    Aма многу е убаво, дефинитивно нема да згрешиш ако одиш :)
    едит- еве го замокот, сигурно е сликан од Oлимп, ти препорачувам да идете и на планинава, преубаво е не се опишува, а има и убав манастир
     

    Прикачени фајлови:

    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    оваа година на одмор во Бугарија..значи после толку размислување двоумење одлучивме Бугарија пресрекна сум.сум била таму неколку пати одмор е екстра журки до сабајлеее...
     
  8. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Оваа година ќе одиме повторно во Грција, доколку нема некои демонстрации тепања :P
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И ние се двоумиме доста за Бугарија, ама на вечерни журки од тие нивните бугарски песни пуштаат :?: :$ Ако е така ич не ми се иде :D
     
  10. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Петровац-Црна Гора :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Зависи каде. Ќе ти кажам цени за двајца па дорачунај си не знам колку луѓе сте :) Под Олимп е 320-330 евра, на краците плус 80-100 евра значи околу 400 евра, на островите околу 370-380 евра... Ако одиш со автобуски превоз за Халкидики и Пиериа плус 30 евра по човек, на островите превоз е околу 50... И тоа е тоа :)
    Паралија е одлично место за со мало дете и 4 дена се сосема ок, инаку баш и тие места ги нарекуваат пензионерски и фамилијарни поради тоа што и нема некоја особена забава. Мене лично повеќе ми се допаѓа Пиериа од Халкидики, пред се поради огрооомните плажи со ситен песок. Признавам сум била само во Ханиоти на краците, градчето како градче беше можеби поинтересно ама плажата беше нула, песок со камчиња, во водата камења. Ни кажаа на крај на одморот дека имало и малце поубава плажа ама ние одевме на таа што ни беше најблиску од апартманот. Не знам точно која девојка покажа слики од Калитеа и плажата и морето изгледаа стварно преубаво, ама по агенцииве не најдов целосен аранжман за таму :worried: Под Олимп водата не е убава поради гужвата и плус има повеќе бранчиња во споредба со краците, јас во Ханиоти од 10 дена не забележав ни еднаш брановито море, за разлика од Неи Пори и Олимпик Бич каде што се случува и нормално после тоа целата вода е со тревуљини. Ама ете на пример во јуни морето е солза чисто, во јули прљаво, во август веќе има и медузи. Да имав можност без размислување ќе отидев на Крф или на Лефкада иако зборат дека Јонското море било ладничко, ама јас и дечко ми не сме возачи, а на остров да отидеш без да го прошеташ е стварно без везе. Знам дека има екскурзии и бродчиња и автобуси, но за тоа треба додатни средства кои јас оваа година ги немам. Во Бугарија никогаш не би отишла затоа што ако веќе патувам повеќе од 10 саати сакам барем да излезам на море и плажа, а не на базен. Ноќниот живот е 10ка, ама одмор без море не ми е одмор. Хрватска и Црна Гора се 100 пати поубави од Грција ама повторно морето за мене е ладно и не можам да се бањам. После напорна година на факултет почнувам веќе да сонувам плажа и ништо повеќе, ни ми требаат журки, ни друштво, само море и плажа. Уште цел месец имам до одмор и мислам дека ќе полудам :@
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Никаде... Не ни се совпаѓаат одморите, парите...ништо...неколку дена до Охрид ќе идеме со дечко ми и тоа е се....Алооо сакам море, тоа е за мене одмор.
     
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Дечки за Бугарија препорачувате преку агенција или самостојно :?:
     
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас за било каде ти препорачувам преку агенција, една обврска помалце ти е завршена. Замисли стигнуваш таму после 15 саати пат и треба да се влечеш со се куфери да бараш слободни места низ хотели, вили како и да е, а никој не гарантира дека ќе најдеш одма. Лани беа мои другари преку агенција од овде во некој хотел со буквално се вклучено за пристојна цена, така да има добри понуди низ агенцииве разгледај си.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    За Бугарија имам одено и преку агенција и самостојно само превоз организирано и ќе ти кажам исто ти е дури и самостојно смештајот можеш да го најдеш поефтино доколку несакаш да си во хотел. Ама буквално како во Охрид застанува автобусот и одма те напагаат за смештај. А исто така можеш во хотелите што ги нудат агенциите да се јавиш и да прашаш за цена многупати така е поефтино и само да си резервираш. Во секој случај сигурна сум дека прекрасно ќе си поминете!
     
  16. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Летово на Закинтос со друштво, едвај чекам, само ме плаши фактот дека имало многу пијани англичани па да не прават проблеми некои.. Ако бил некој таму нека пише како си поминал. Имало ли некои проблеми со англичаните? :)
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ПРЕКУ атлантик турс има апартмани со поволни цени за 4 лица со две спални 10 нокевања за 530 евра, отвори и види стварно е исплатливо
    http://atlantikturs.com/?page_id=252
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lazojka

    lazojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2

    Се согласувам .. другарка моја беше лани на олимпик бич и водата е крш полна со треви :puke:
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Еве погледни го линкот од Лина има и слики и од самата Калитеа, јас искрено се заљубив во водата! Супер изгледа вака општо и градчето, а за морето како што реков :inlove:
     
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Па викендите ќе одам до Дојран :D
    Се надевам времето ќе се погоди за недела :D