Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    изгледа никадее ;( :doh: :worried:
     
  2. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Ние се одлучивме за Суто море, само некои од другаркиве викаат дека немало ноќен живот :^) што искрено мене ме чуди многу, па викаат и скапо дека било. Ваши искуства, некој да бил последниве година-две да сподели со мене, да имам по некој аргумент. :D
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Дечки колку ви е веродостојно ова http://mk.kolektiva.net/skopje/ff.html . Штознам ние и така се двоумиме за Бугарија има уште многу малку време за купување, има некој искуство со вакви слични понуди од Колектива :?:
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.343
    Пол:
    Женски
    Јас бев лани, има ноќен живот и тоа како :) цела улица ( која е бааги долга) е пона со кафулињакои секој ден имаат живи свирки.
    За скапо не баш тука се цените, но не купувајте од малите продавнички бидејќи се поскапи туку од маркетот Воли :D еден е таму сите го знаат , голем е има се и сешто
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.343
    Пол:
    Женски
    А јас да прашам за Паралиа дали бил некој? Како е таму? Сакаме со дечко ми да отидеме на 4-5 дена
    си најдовме таков аранжман за ефтини пари јупии :P :lol:
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Некако ептен ефтино ми се чини :^) А само смештај е без пат така?
     
  7. Moonlight007

    Moonlight007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Неи Пори :)
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ирена и јас бев лани во Црна Гора, ние бевме и во Суто море и во Будва, Св. Стефан, Петровац :D А и во Подгорица престојувавме 3-4 дена. Имаме пријатели таму не шетаа, сегде имаат вили, можам многу убаво да ти објаснам за кое било место во Црна Гора, пиши ми ЛП што подетално те интересира. :)

    Инаку за Суто море не е скапо, има маркети каде што може да си пазаруваш за ефтини пари. Сладолед на секое метро, пици, има илјадници врсти на пецива, лиснато тесто а доста ефтини и ете ти доручек. А за ноќниот живот кој ти рекол е слабо те излажал. Дискотеката Малибу нуди луд провод секоја вечер независно кој ден во неделата е, после има една огромна дискотека Хабана мислам се викаше и секоја вечер имаат некои познати пеачи што гостуваат, знам ние коа бевме и Карлеуша дојде таму |( :lol: Исто е кафич до кафич, цела улица ти е со кафичи ресторани со жива музика. Залепени едно до друго, се мешаат музиките а сегде е фул :)
    После и дневна шема има, Куба Либре што е барот на плажа има одлични свирки и журки и преку ден и навечер. Имаше еден бар имаа многу добри коктели знам и се играше на улица стрит денс, цела улица игра млади лудница. Ако сте за провод не е лошо ич Суто море, баш фино ќе ви биде. Плус полно е згодни Срби :$ :D Се на се и мирно ви е , а не многу скапо. За навечер ќе си најдеш текила парти, вотка парти, коктел парти и џабе пијачка ти доаѓа. Будва е добар ноќниот живот ама многу е поскапо за разлика од Суто море, кое според мене си е исто супер.

    едит:Совршенство мислам дека е само смештај, ама види убаво прочитај и се доплаќа. Ама сепак ако е така како што пишува и со доплатата не е скапо ич. Е сега ме интересираше дали некој има искористено нешто слично, да не излезе едно нудиме друго даваме. Ама изгледа ништо, нема да земеме никако. Ние сакаме да одиме 15 дена на одмор, а ова е само 7 дена. Треба после друг хотел да барам.. нема шанси.
     
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Наназад на широко и долго е обработена Паралија и Олимпик Бич :lol: На некој му се допаѓа, на некој не. Мене лично ми е ок. Морето не е баш чисто често има тревки, плажата е преубава, особено во Олимпик каде каде е поширока. Ноќен живот така-така има доста кафичи, 2-3 дискотеки. Продавнички на секој чекор... Јас лично ти го препорачувам повеќе Олимпик Бич, во Паралија има еден канал на почетокот, плажата е доста потесна, водата е подлабока.. Мислам ова градското плажиче, малце да попешачите накај Олимпик веќе е поширока и поубава плажата.
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.343
    Пол:
    Женски

    Откако го пишав ова видов, и во истиот момент се предомислив :( ништо останува да бараме друго место :devil:
     
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    И јас таму ќе одам :P
     
    На Moonlight007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Сте биле порано и ако може да ми пишете како е?

    Се извинувам ако е објаснето погоре.
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Конечно го решивме и овој проблем, од толку бирање, дискусии, променивме неколку места и на крај одлучивме за Калитеа. :)
     
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас сум била, плажата е долга и широка, морето е почисто отколку она во Олимпик и Паралија. Местото не е мн мало.. Последен пат бев пред 5-6 години и тогаш немаше воопшто ноќен живот, освен една голема дискотека на плажата кон Платамона, нема мн кафулиња, дали нешто доградиле и сега како е точно не знам... Има мн продавнички, неколку паркчиња.. Платамона е на неколку км, тоа е малку поголемо градче, проблемот е што нема(освен ако не изградиле во скоро време) патека до таму, па пешки е малце ризично треба да се оди преку една пруга, па по улица, или пак по плажа ама мене ми беше мн напорно. Се на се, мн мирно местенце, убаво за одмор, ама ако одите за забава не.
     
  15. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Конечна одлука, Италија - Реџо ди Калабрија, и тоа еден месец. Ќе си починам, или од носталгија или од убавини, ќе видиме од што :rofl:
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ние никако да се одлучиме со другарка ми дали Бугарија, Црна гора или Грција. Искрено не сум љубител на Грција, далеку од тоа да сум патриот ама така здосадено ми е. Се двоумиме за Бугарија, Сончев брег или Златни песоци ? Знае некој да ми каже која е разликата, предности, што нуди повеќе секој од двата :?:

    И Грција не знам веќе, сакам да одам на некое место што не сум била. Нешто добро за млади, со добар ноќен живот, убави плажи, не изгор ама не мора да е и многу ефтино. Да не е Аспровалта и околина никако :?:

    Се договараме преку нет, дека таа во Лондон и на домашен ми се јави пред малце. Ма три деана веќе збориме никако да одлучиме.
    Значи бараме место со добар ноќен живот, песочни плажи, и прифатливи цени т.е да не е ептен изгор нешто средина. Предлози се добредојдени :wasntme:
     
  17. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Фала ти најмногу, сега ќе имам со што да се бранам, јупииии.
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Карина јас лично во Бугарија никогаш не би отишла на одмор. Морето е катастрофа, буквално опасно по живот, може не секој ден зависи како ќе ви се погоди ама сепак. Размисли дали вреди 15 саати пат за да се бањаш во базен. Сепак ова е мое мислење нели, на некој Бугарија сигурно многу му се допаѓа :) Јас на твое место би отишла на Закинтос, убави плажи, чисто море, луда забава, странци и што уште не. Во принцип сум екстра лигава особа и немам живци едноставно да патувам толку долго, а и оваа година стварно не ми треба журка туку буквално одмор, инаку без размислување би отишла на Закинтос. Не слушнав до сега некој да се пожали. А не е ни толку скапо, можеби е Бугарија поевтина варијанта, ама дали вреди? Друга опција Будва. Преубаво место, исто луда забава, морето е убаво, за плажи не знам јас сум била на екскурзија само на Словенска плажа и тоа вон сезона, немаше гужва и беше прилично чисто, ама девојките погоре пишаа дека во сезона и не е баш. Ама сигурно не е единствена плажа. Размисли си сепак што тебе ти е приоритет :)
     
  19. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Откако ги разгледавме понудите и искрено и нема нешто интересно а поволно пак им сее вративме на Лептокарија и Неи Пори.
    Во Лептокарија имам одено,убаво,мирно гратче,перфектно е за семеен одмор.Мислам имаше,дискотеки,кафичи,барови на плажа,ама повеќе е семејно местенце.Има Лидл што е голема предност затоа што по локалните маркети е дупло поскапо.Бели прецива,огин скапо.Осмина бурек во бурекчилница е 2,5 евра.Е сега таа бурекчилница беше до плажата,да,но што е многу многу е.Е,ако одиш во внатрешноста на градот(што мене ме бендиса,ептен така во медитерански стил е и кога ќе се качиш најгоре на крајот на градот,морето пак се гледа :inlove:) има една пекара со прекрасни лиснати :inlove: и што е најважно не беше многу скапо.Лидл како Лидл,како и секаде прифатливи цени,убави работи(дури може за нијанса поефтино и од нашиве маркети).Пазарот е милина,што се нема,штета што е само во вторник па само еднаш го видов..Морето беше ОК,чисто,понекогаш со гоолеми бранови ама јас уживав во нив :inlove:.Плажата исто,чиста,на почетокот е песок ситен,па камења,па пак песок до морето..Медузи немаше,затоа што јас бев во јули а,медузите се појавувааат во август.За мене Лептокарија е преубава,кога и да одам на одмор таму,тука се враќам со полни батерии :)

    Ваше мислење - Лептокарија или Неи Пори?(Неи Пори не сум била,па ако може да ми објасните како е и дали има многу Македонци?)
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Јас пак би ти рекла дека Бугарија ти е одличен избор! Сум била најмалце 7-8 пати на летување во Бугарија (со моето семејство па и со дечко ми) и морето воопшто не ми е катастрофа нити опасно по живот! Плажите ми се допаѓаат многу повеќе во Бугарија отколку во Будва на пример! Далеку е, но се издржува тој пат, па плус и со друштво мислам дека и самото патување ќе ви биде забавно ако сте добра екипа! На бугарите јас би им замерила единстевно заради лошиот смештај! Многу е потешко да најдеш во Бугарија солиден апартман со добри услови!
    Инаку не сум била на Затни Песоци а во Сончев брег сум била! Од она што јас го знам има бајаги разлика во цените, Златните Песоци е скапо место! А Сончев брег пак е познато како место со најдобри ноќни журки...и сум била во тие дискотеки и во Аква паркот можам да ти гарантирам дека забава има до бесвест (се разбира ако екипата е погодена)
    Оваа година многу добри понуди има за Албена, мало и атрактиво место во близина на Злани Песоци! Распрашајте се по агенции, имало одлични и ефтини понуди! ;)