Јас ова лето со другарки сакаме да идеме у Кушадаси али ни кажаа дека не биле убави плажите, јадењето било прескапо исто и ноќниот живот..Ако може да ми пишете некои информации
Бев пред 2 лета во Кушадаси и воопшто не беше скапо...цените како во Мк или за нијанса повисоки. Се храневме по ресторани..пристојни цени. За плажи имаш избор, има и добри и лоши. Моја препорака е да одите, ние супер си поминавме.
Уплативме со другарки за во Парга, сега тоа ми е сигурно... А сакам да тркнам барем неколку дена и на Иос мој... Ќе видам како ќе бидам со време... 1ви-2ри август Охрид се знае
а како планираш до Иос да идеш,зашто и ја сакам натака да фатам ама после одмор и јас идам за Парга мозе ке се видиме
Будва не е за парови,пошто има секакви будали по улица те гушкаат,по дискотеки се пуштаат не е битно дали си со дечко ти идат ти праќаат пијачки итн итн.. Кушадаси е помирно и е убаво за парови. Јас летово одам за Италија,па до Грција.И веројатно викенд во Охрид на крај.
Може да ми ја испратиш понудата по која ќе одите во Прага? Баш и јас разгледувам понуди за Прага ама за септември.
А дали некој бил во Скадар ( велипоје ) албанија??? - веднас е под црногорската граница како е таму имам комсии сто таму работат со години во лето ... викаат дека е супер сте биле
Бил некој преку Атлантис? Отварам сега на страната пишува таму дека тргнувањата се од Струмица , агенцијава е струмичка но има преставништво и тука, и чудно ми е да не се тргнува од Скопје
Бил некој во Макарска? Впечатоци? Не сум била во Кушадаси не знам, ама Будва јас си бев со партнерот и си имав најтоп одмор. Мене ми е досадно во пензионерско место со дечко. Ништо од тоа што наброја не ми се случи мене, вајда не сум убава и згодна Зјапаат машки, ама и ја ги зјапам бе. А какви женски има за мужите да си исплакнат И плус има многу кафичи и дискотеки за излегување, друштва, парови се има. Будва не е фамилијарен народ, ама за со дечко или другарки е топ! А за она со дискотеките е многу интересно, од да речеме 6 дискотеки ли колку ли да беа на плажа во 2 има турбо фолк на чело со Трокадеро, други 2 со хитчиња баш летни забави, а во 2 журки техно транс бла бла. За сите вкусови има. Парга е во Грција, не е Прага Иначе местово јас годинава го дознав ептен ме бендиса. Ми има поинаков стил од грчки, ко попримено од оние од карши, италијанците Многу македонци знам што ќе одат, ај ќе кажувате впечатоци.
Јас уште од лани го меркам. Знам дека е за во Грција и баш за тоа и сакам септември да одам а како што гледам и сопиредувам и не се многу скапи аражманите.
Атлантис е струмичка агенција.. не сум била.. но по тоа што имам слушнато се само позитивни коментари. Атлантис е една од првите т.а во Струмица и мислам дека се добри. А тоа за тргнувањето стварно незнам да ти кажам.. ние кога еднаш бевме преку агенција (пак струмичка,не беше Атлантис) знам дека чекавме автобусот да стигне од ск бидејќи имала тура и од таму.. така да распрашајј си , можеби има и од ск.
иако желба ми беше летово да одам на лефкада,ништо од тоа па испадна дека ќе биде кефалонија. некок некаква инф за кефалонија,како се цените,дали може скутер да се изнајми или мора кола ќе бидеме сместени во скала па секоја инф е добредојдена
Некое искуство преку Мак Сан травел? Најдовме добар аранжман преку агенцијава пратив на меил за цена и термини ми одговорија, но кога прашав дали има слободни места ги снема, се јавувам денеска ми велат да видиме на компјутер ќе ви се јавиме за 10тина минути , им го дадов бројот, но еве помина час и половина нив ги нема никаде мислам аман што се дешава со агенцииве , ем пари им даваш , ем неуслужливи се
Близу до рајот,блиску до сонцето!Мислев на едно место,па на друго и си реков,еднаш се живее,се спрегнав на далеки пут!Ми е гајле за све! Уплатив,готово.А како и што,на помош нека ми биде универзумов!Чувствувам ќе биде блесав одмор,многу поразлчен од останатите!
Дали знае некоја како е во Ипсос?? Дали е убаво? И дали е страшно да се оди во Грција поради немирите, гледам многу ќе одат таму па се двоумам поради она што се прикажува на телевизија.
Па мислам дека Ипсос е супер место за млади, јас како што знам Ипсос и Кавос се поактивните местенца на Крф. Инаку за немирите во Атина или поголемиве градови искрено не би одела, ама нема шанси нешто да се случи во туристичкиве места. Плус вие сте на Крф многу далеку од „опасниот“ реон