Здраво на сите. Јас и дечко ми сакаме да одиме во Сутоморе. Дали знаете агенции каде има поволни понуди или пак име на некоја вила во која сте биле сместени да ни кажете? Доколку одиме на сопствена режија, лесно ли можеме да најдеме убаво сместување?Ве молам доколку имате искуство во врска со ова споделете го со на нас.
Јас би ти препорачала сопствена режија, многу лесно е да најдеш сместување ние лани само што отидовме 4-5 вили најдовме веднаш што нудеа смештај значи без проблеми а плус и во фул сезона некаде крај на јули почеток на август. Јас многу немам доверба во туристички агенции, ќе ти кажат хотел таков онаков, блиску до плажа, а на крај ќе излезе со комбе да идеш до таму треба. Идете си сопствена режија, имате автобус до Подгорица, од таму воз за Сутоморе секои 2 часа и ќе си најдете вила без проблем. А цените се движат од 7,8 па до 10 евра за пристојни вили.Е сега има и луксуз нормално. Ако мене ме слушаш така најубаво ви е. http://www.facebook.com/pages/PRIVATNI- ... 6949108727 Ете тука имаш повеќе информации
Имам пишано на темава, прашував за цена на автобуска карта до кушадаси, но планот за кушадаси пропадна, така да најверојатно ќе се оди во Грција. Се двоумиме меѓу Парга и Лептокарија. Се ми се чини Парга ќе биди, бидејќи Лептокарија нема никаков ноќен живот, меѓутоа не знаеме ни во Парга како е за плажи, цени, ноќен живот....Па кој бил нека сподели искуство како е таму, какви се плажите, дали има ноќен живот, дали се цените слични како во Лептокарија... и дали е лесно да се најде приватно сместување на лице место таму, бидејќи најверојатно нема да одиме преку агенција, ќе бараме приватно сместување, а ќе уплатиме во агенција само за патот. Колку време се патува со автобус до Парга и колку отприлика чини повратна автобуска карта?
http://skaut.com.mk/index.html Оваа агенција има поволни аранжмани за таму во вили со полн пансион, се надевам ќе ти помогне
Готово кај мене се е одлучено да се оправи времето и со друштво одиме за Охрид, а септември Грција. Епа девојки имајте пријатно лето и незаборавен одмор
По долги размислувања,двоумења конечно решивме идеме Бугарија во сопствена режија, ќе бидеме сместени Несебар, па ќе одиме кога сакаме до Сончев Брег само уште да дојде август
http://www.youtube.com/watch?v=WlDQLyrP ... re=related На Хавајските Острови цар е човеков Грција не , Албанија не , Србија не Бугарија не , го подржувам во целост време е да смениме па веќе ни се здосади тука некаде
Одлучивме, 5 дена на Крф и една недела на Закинтос, да видиме оваа година како ќе биде одморот со мажулето мое
И ние се решивме за во Паралија,ама пусто се не плашат.Те водата,те не била за семејства,те гужвишта имало.. А ние веќе уплативме,од 21 јули Кузнае како ќе биде
Е добро де ако не ви се допадне ќе знаете за нареден пат, гужва има сегде ептен е сезона не може да нема, а инаку баш е за семејства, а не е толку за млади Сигурно ќе биде убаво, убав е пределот под Олимп, а водата не е со тиња туку онакви алги како тревки, или песок кога има бранчиња затоа е матна