Како и минатата година, на чист воздух, на село во планина. Мир, тишина, спокој ... Само виорот на ветрето, жуборот и танцот на брановите од реката, прекрасната мелодија на птиците... Без бучава на коли, разговор на луѓе, конечно сами двајцата и прослава за нашата 5 годишнина од брак Одмор за душа
ние лани бевме со Атлантис на Закинтос али од Скопје се трга тоа е сигурно од кај саем!и до таму и те врака,ос Струмица се трга само за оние еднодневни тури до Олимпик Бич сто им се,инаце за сите други дестинации строго од Скопје!
Ние планираме со дечкото да одиме Саранда Албанија Воодушевена сум од убавината (сеуште не е убаво развиена но местото е преубаво и моретооо )- едвај чекам да појдам. Сакаме така да појдиме неорганизирано (велат дека подобро место ке најдеме отколку преку агенција), само превоз некако тешко до таму. Ако некој разгледал некаква поволна понуда нека ми прати плисс ... и како да стигнеме до таму јас сум од прилеп... како до превоз??
Девојки, ај предложете некое место,така помирно,како за мајка и ќерка ( по можност Турција или Шпанија) Требаше оваа година да одам за Хрватска,со друштво,ама ништо од планот, па најверојатно ќе одам некаде со мамичка. Веќе неколку години по ред не сум била никаде,па не сакам и оваа година да останам дома Инаку,огромна желба ми е Куба или Бразил,ама некако многу ми е скапичко Чекам предлози Благодарам однапред
Оваа година Palini Beach,Greece. Oф, оф Само нека дојде време да одам, има да настапам таму со став као да сум некој си ослободител на истата територија.
Дали најди некоја информација за Кефалонија? И јас се одлучив за таму, одиме Август, ако одиш пред нас, дај некоја корисна информација, инаку исто во Скала ке сме сместени, одиме преку Савана. поздрав и ако си веке таму, убав помин
Само што сликата што ја имаш поставено е од Сани Бич, а не од Палини Верувај дека ако одиш на Палини ќе си поминеш пренајубаво, храната е одлична спреми се да ги јадеш за вечера најубавите благи колачи и торти на свет А и на плажата пред хотелот се плаќа лежалки, тоа е малку зезнато, отворена е плажата и за туристи и затоа се плаќа, ама плажата за мене заедно со 2 плажички во Паљури и последниот залив на полуостровот Касандра се најубави. Водата е кристал. Убав помин. За тие што биле во Хрватска прашање имам опција приватно сместување само студио и сместување со храна во ресторанче на 20 метри од смештајот. Втората опција ми е поисплатлива така? Знам дека е скапа храната, ама да ми каже некој како се движат цени на кафе, сокче, коктелче, пиво ??? Одамна не сум била, освен Дубровник кој е најскап. Планот е Макараска па ќе видиме.
Се жалев за летово дека нема да правам ништо а испадна да не се приберам дома Се вратив од Дојран, бев 1 недела, и тркнав до Егеј да се брцнам, да се оладам, ке одам за 1 недела во Истанбул, па после со другарка ми во Охрид.. А вчера дознав и дека ме избрале за летен камп во Струга на крај на Август Многу сакам исполнето лето
Бев 10 дена со друштво на Закинтос, се вратив пред 2 дена и прекрасно си поминав Ако имам можност пак би одела Плажата, забавите, местото.. се беше преубаво. Ви го препорачувам Лаганас за тие што сакаат добар ноќен живот и добри плажи за сончање и бањање преку ден I <3 Zante! А од наредната недела во Охрид малку со моите на одмор
Ако не ти е проблем да сподели цени и како помина во врска со тоа...јадење, дискотеки, плажи, коктели, лежалки.... јас многу сакам да отидам еден викенд, 4-5 дена, ама не ми е приоритетен одмор и не планирам многу да трошам, па ме интересира со колку можам да поминам
^ Не ти се исплати за 4-5 дена да одиш во Закинтос бидејќи патот е долг и втора работа е траектот, значи повеќе пари ќе потрошиш само за патот. Јас бев лани и преубаво си поминав,многу сум задоволна и пак би отишла. Не се нешто многу високи цените како за остров кафе е 3 евра, лежалките мислам дека беа по 5 евра ама не сум сигурна не ме фаќај за збор, пица е околу 8 евра коктелчиња се околу 5 евра зависи кој. Има преубави плажи,а водата е толку топла што не можеш да се освежиш ко што треба. Лаганас е многу бучно место на секоја страна ечи гласна музика,а во Аргаси е помирно има и дискотеки и кафичи нормално и некако е баш место за одмор.
Еве јас одев Хрватска и сум одела баш во Макарска и Сплит, сум била и во Дубровник кој е најубав од сите што е јасно. Баш такво сместување имавме како твојата втора опција, сето тоа се викаше Пеца Турс во Макарска, фамилијарно ресторанче си работеа сопствениците на чело со Пеца - воџа имаа и други вработени. Значи имаш за бирање за појадок шведска маса, а за вечера ти даваат избор на 3 јадења мислам и потоа десерт. Има опција само со појадок и вечера значи без ручек, 298 евра е по човек и смештајот и јадењето. Цените..прифатливи се. Поприфатливи од Грција и поелегантно ти испаѓа (без мкнење од дома паштети, урда, тестенини и сваштарии), иако јас ја преферирам Грција.(Ќе дадам пример парче пица беше 1.30 или 1.50 евра зависи каде, па толку е кај нас бе ). Смештајот беше солиден, ептен блиску баш 20 метри од ресторанчето, а од плажа 100тина преку сила па и поблиску да не те излажам точно Јадранско море најздраво, најубаво, чисто беше во Макарска колку што памтам, ама Тучепи е врв. Елитно место, скапо, бевме на 1 ден таму али почиста плажа и вода немам видено по цел Јадран кај што сум била ја мислам. Освен Италија де, мислам на нашиов, Балкански дел. Има тури до Сплит, ако се прошеташ нема да зажалиш. Ние со кола бевме, со што и да си - отиди, има што да се посети и види, не тезги и глупости, туку градби и историски, и од поново време, се` е уредено, чисто, абе прекрасно, милина. Ако одиш до Макарска, Сплит не го пропуштај и убав провод
Да, знам дека ради патот не се исплати ама на дечко ми му испадна работа во близина таму на копното, секако ќе иде со кола, па се мислам дали да идам и јас, па да искористиме 4-5 дена. Затоа само за таму ме интересираат цените....и дали може да се најде нешто на приватно, без агенции