Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170

    Бев Макарска пред 2 години. Не беше ептен скапо. Макијатото беше по 2 или 3 евра. Пивото исто по 3 евра, а од продавница ти е евро и пол. Коктелите беа поскапи ама ич не се сеќавам на цената. Можно е да беа по 8 евра. :?: Не ме држи за збор. :)
    И убаво да си поминеш Макарска. Баш е место за одмор. :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    само што се вратив од хрватска бев на брач
    цените за пиво се од 10 куни до 20 зависно количината 0,2-0,5 точено и кое пиво
    сок околу 12-15 куни во ресторан а за да си купиш о,5 флашиче кокакола , фанта .... 10 кн.
    коктелите околу 15-20 куни зависно кое а имаш и поскапи.
    пиците од 45-60 куни зависно која сега не ми текнува за ништо друго...
    редактирав да пишам дека 1 куна е 7 накај 8 денари за тиа кој што сакаат да пресметаат

    во сплит за 100 евра даваат 710 куни

    на брач за 100 евра даваат 730 куни
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Роси, па Макарска е да речеме од најевтините, колку што се сеќавам не беше толку скапо, „нормални“ одморски цени.
    Каде ќе бидеш сместена? Ако си во градот таму е малку поскапо, во помаливе гратчиња нешто поевтино да речеме.
    Пиво 2 - 3 евра колку што се сеќавам, кафе околу 2 евра.
    Јас би ти препорачала трк до Дубровник барем на еден ден, се исплати. По пат да застанеш во босанските селца кои се толку прекрасни и преубави - Неретва, погледот од патот на долината со реката - priceless.
    Дубровник е многу сменет од војната но сепак магичен - е сега цените малку посолени.
    Знам дека храната во ресторан скоро да беше подеднакво скапа како во Ровињ кога бев - 50 евра морски плодови и рипче за двајца, епа много је куме. Ама што е тука е.
    Хрватска е во суштина навистина скапа. Ама....убава :) Убаво да си поминеш!
     
    На rossonerka и karak им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Девојки прашав и во СДП ајде и тука...сакам да одам Суто Море на 7,8 дена...дали има редовна автобуска линија и лесно ли се наоѓа смештај сега ,зашто нели е сезона..и цените за смештај како се.
    п.с. а колку км е до таму?
    Ај ве молам некоја да ми одговори ,се близжи времето кога ќе ми дадат одмор :lol:
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Па јас лани бев со дечкото,има автобуска линија,од Скопје тргнувавме,со овие http://euro-line.com.mk/index.php?optio ... &Itemid=28 само ништо не ни кажаа,требало после во Бар да се резервира за назад,па одевме до таму,малце нервози беше,ако има некоја друга агенција,одете со друга.Или прашајте ги убаво за се.За смештај зависи,ние бевме во едно,демек апартман беше а плакавме 30Е на ден,ама немавме мн избор пошто за 5 дена бевме,не ни сакаа да издаваат,иначе можи да се најди и поефтино и поубо. Мислам дека патувавме 10тина-12 сати,не се сеќавам точно. Иначе цените се нормални,не е мн скапо. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Фала ти,ние сакавме со хисар да патуваме ам мн им ескапа картата 50 евра повратна а со руле турс 2500 ама изгледа не е директна лнијата...којзне може и ни ескапо ќе плаќаме оти сме за 7 дена,а онака добро е местото ?
     
  7. Vodolija88

    Vodolija88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Преки еуро линија 40 евра е картата има секој ден автобус, и кога ја купуваш картата од тука си резервираш на која дата се враќаш без таму да се малтретираш да правиш резервации. Јас вечер одам за Будва на 8 дена, инаку истиот автобус поминува низ Будва, Петровац Суто Море и ги остава патниците, и за враќање исто.
    Се трга навечер во 19 часот а од Црна гора за Македонија околу 15 часот
     
  8. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    Zдравооо..јас планирам летово да појдам до Tурција - кушадаси, по агенцииве ми го препорачуваат хотел ајда , дали некој бил, да ми казе негово искуство...благодарам
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Па не верувам и вас поскапо да ви земат,над 5 дена кога остануваш имаат понормални цени :) Ете ако можи одма резервација да си направите направете си да не се мачите отпосле. Местото е ок :) Има за шеткање,за јадење (сендвичите кај шо почнува плажата се најубави,ми недостигаат :D мислам дека се викаше Чудеса од меса :) ) има ако сакате жива свирка на секое,едно до друго се,знам имаше и некои дискотеки,ама незнам точно,е сега малечко е местото ама е убаво :) На плажата нема мн слободно место,поке е направено со лежалки и чадори ама не се мн скапи. Дури бевме ние водата само еден ден првиот беше малце валкана,а после не. Еве малце од плажата :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC05929.JPG
      DSC05929.JPG
      Големина на фајлот:
      174,5 KB
      Прегледи:
      409
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Да да во градот ќе сум сместена во Макарска, сакав голем град дека со автобус одиме и затоа не одбрав остров (се двоумев за Брач) или за помалите места во ривиерата. Сакам да можам да шетам, пешачам навечер не да вртам 100 пати 10 дена на улица од 200 метри. Хвар ова она веќе се поскапи тие се шкртнати од список бар за годинава. Иначе веќе и уплатив, во соба со сопствено купатило и мини кујниче, плус храна во ресторанче на 20 метри. Одалечена 100 метри од плажа што ми е топ. Реално за тие пари ќе одев во супер хотел во Турција со автобус за се вклучено, а вака сум во соба во Хрватска со доручек и вечера. :^)
    Ама мерак ми беше да одам во Хрватска на одмор не сум била од дете, од Југославија :lol:
    Иначе Дубровник го знам добро, пред 3-4 години бев 7 дена таму на еден семинар, го прошетав добро, убав е навистина, скап е дифинитивно и тоа многу, не би одела и годинава веќе доста ми е виден, али затоа ако останат средства сакам да тркнам на 1 ден до Сплит. Тоа отом потом.
    Едно гајле помалку за годинава. Чекам сеа средина август да дојде и да се брцкам во моренце.
    Само ми рекоа и дека вечерите биле посвежи дека е некако под планина Макарска, па да си земам јакничиња и џемперчиња :)
    А карак фала за цените, не е претерано за туристичко место, таман цени :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Црна Гора...Планираме до повеќе гратчиња да поминеме....Ајдеее уште неколку дена..
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Тогаш Роси а и сите оние кои планирате да идете за Макарска, ви препорачувам рафтинг во Омиш, на Цетина - не ви е далеку. А дечките се Аполон кој од кој - особено го препорачувам Мате. Најзабавен од цело тоа друштво :$

    Незаборавно искуство. Малку е поскапо, ако се сеќавам околу 25 евра од човек, ама 5 саати вредни до последната секунда.

    Јас годинава? Сеуште немам појма, ама ќе биде некое море а уште преговарам дали наше југословенско или наше македонско :D
    Јес да ништо не е наше веќе ама ај :)
     
  14. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Грција. 8) :sun: :o:
     
  15. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Црна Гора 8)
     
  16. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    после долги размислувања решивме крај на август или почеток на септември Закинтос.
    знае некој да ми каже која наша агенција нуди најевтини аранжмани за таму ? :)
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    И јас тој период одам, т.е. на 21 август резервиравме на Закинтос , се надевам ќе биде убаво како што и замислувам, па може и ќе се видиме АмандаС ;)
     
    На AmandaS му/ѝ се допаѓа ова.
  18. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Дали некоја од вас била во "Blue wave suite hotel" во Аlania,или во "Anabela beach and garden hotel" Alania.
    Има добра понуда за таму,го гледав хотелот на интернет,читав и коментари на trip advizor, има добри коментари,посебно за првиот. Ме интересира ако некоја од вас била таму да каже информации од прва рака :D
    А и за "Astor beach hotel" - исто во Аланиа,за овој во агенцијата не знаеја да ми кажат,досега никој не бил,а прашувале неколку за него. Сите хотели се со 3 ѕвезди.
    Инаку во агенцијата ми кажаа дека оваа година во Турција многу се качени цените,лани за хотел со 3 или 4 ѕвезди било околу 300 евра,ол инклузив,а сега се над 600 најмалце.
     
  19. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    ние лани бевме преку ПЕТ плативме околу 240 евра ама апартманот бесе преубав,секој ден ти ја чистат собата,чисти чарсафи секој втор ден и така ама оваа година приметив дека го немаат тој апартман на лагер така да за тие сеа сто ги ндат незз да ти кажам,можес да пробас и преку савана и они се супер...иначе браво за изборот преубав е закинтос
     
    На AmandaS му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    немој ни да размислуваш дали ке биде убаво ако сте луге сто сакаат забава сте го одбрале правото место,ние лани бевме и усте го збориме,ако можете на плажа да го најдете ресторанчето МАРАБОУ се вика е таму е преубаво лугето се феноменални услуга врв (уште сме во контакт со вработените преку фб прекрасни луге)како и да е убав помин ВИ ЗАВИДУВАМ ;)
     
    На AmandaS му/ѝ се допаѓа ова.