Бев во Грција 25 дена, водата преубава... ама многу скапо беше (барем јас кај што бев) Наскоро одам за Шпанија, Лорет Де Мар После толку години седење дома... летово се нашетав
Јас годинава бев Шпанија, Франција и Италија и најмногу ми се допадна плажата во Шпанија имаше ситен песок а водата беше многу чиста. Во Франција во ница имаше многу големи камења си ги искршив нозете но затоа па морето беше преубаво вистина убава азурна боја...
Само што се вратив од Грција , преубаво беше и организација и сместување и се се нај нај (песок, плажа, луѓе). Само што е малце скапичко да се пазаруваа , во глобала се Ок . До година изгледа пак
Ајде летувачи во Црна Гора Споделете уште нешто,ми се бројат деновите за одмор...да носам ли храна или евтино е по ресторантчиња...смештај рековте лесно се наоѓа..јас би сакала да најдам со наше веце,кујна и тераса ,колку би ме чинело?П.с. одиме Будва или Сутоморе
планирам да одам кушадаси за 4дена.ајде кој бил нека пиши искуства,за нокен зивот,цени,плази,хотели...итн
Ајде женски фалете се тие што беа на одмор кај беа и како поминаа Јас одам во август во Скијатос, Грција, ако некоја има детали како е таму да ми пиши обавезно
Јас во август одам за Грција, само уште не знам на кое место Пишете цените како се движат на апартмани, храна и сл.
Имам претходно пишано за Црна Гора. Ако сакате вистински одмор одете Петровац (измеѓу Суто море и Будва). Најубава е водата, плашата и се. Сутоморе е многу гужва и нечиста е водата, а Будва забаве до зоре со турбофолк(воглавно) Сместување лесно се наоѓа и апартманите се баш како што сакаш(посебно кујна, веце и тераса ) , нас тоа не чинеше 270 евра заа 11 ноќевања(во тоа ти влегува и клима и паркинг и интернет и сателиткса) Убав помин
ај некој ако бил за Паралија нека сподели некоја информација бидејќи јас заминувам утре, па кажете како се движат цените за апартмани, храна, ноќен живот и цигари!
Ние сепак одлучивме сутоморе,само што ги резервирав картите.Ама како и да е,ќе шетаме Будва,Петровац зашто е близу и имало нели бродчиња нонстоп,само незнам која цена се.Верувам дека ќе биде убаво,одамна не сум била Црна гора,ми се смачи од Грција
Јас бев Паралија во Јуни и плаќавме 25 евра од вечер за двокреветно студио со поглед на морето.Местото е супер,сигурно ќе одиме и во август некој викенд.