Јас бев ова лето во Сутоморе, преубаво си поминав.Ефтино беше, имавме соба со поглед на море, со сопствено вц и заедничка кујна беше 7,5 е и таксата 0,70 центи. Имаше забави на плажа и навечер во кафичите.Прекрасно.Ние бевме до Петровац, Будва и кралсаката плажа, екскурзијата не чинеше 10е со брод.Исто близу до Сутоморе е и плажата ZALIVOT NA GALEBITE каде има лековита кал (така викаат).Не е точно дека Сутоморе е повеќе за семејни луѓе имаше доста млади.Како и да е убав помин.
И јас се вратив пред неколку дена од Суто Море и си поминав супер!! Журки за млади колку сакаш. Плус ако си фан на српско имаш да бираш од Амадеус до Џеј Цените се доста прифатливи како кај нас слични. Плажата е малце по лоша али не е страшно
Јас бев во Грција, супер си поминав, морето е како солза, блиску ни е, ама мора да ги искоментирам цените имајќи го предвид нашиот стандард. Навистина туристички места се ама малку се занеле . Храна, овошје, цигари, пиење, се е помножено со 2 или 3 во споредба со нашите цени. Пример, пица 9, цигари 4, сладолед 2, кафе на плажа 4 евра... А пак по бутиците и не ни коментирам какви глупости продаваат за астрономски цени.
Наздравје одмор,Бланка.А на кое место беше во Грчка?Јас планирам да одам средината на август.затоа те прашувам
грција во местото лептокарија прв пат одам на ова место и претходно сум била во грција само не на оваа локација и слушам го фалат се било супер само цените не а јас баш се надевав дека времето ќе ми помине во шопинг хмм..сепак ќе се потрудам да си ја исполнам желбата
За малку ќе беше Италија дестинацијата. Бидејќи не одеше се како што треба ќе поминам неколку дена во Грција. Уште за место се двоумиме
Па порано беа 11-12 може и малце повеќе, ама сега има нов пат мислам дека е побрзо Инаку јас си бев, се вратив од одмор, си поминав најубаво и сега сум буквално во депресија. Едноставно не ми беше доволно.
Јас летово ке одам во Албена-Бугарија и не сум била никогаш а многу ја фалат,па ке видиме како ке биде
Оваа година бев на одмор за Германија Karlsruhe местово е закон кој не бил мора да го посети Си поминав ...супер бев со фамилијата