Се подготвив со се две ф50ки за лице и тело и две ф30ки плус и за топлотниот бран лани во Тајланд кога искочив бев буквално истуширана сега спржена ке бидам изглеа ,инаку моменатлно е 39степени се очекува 40-46 оваа недела не е толку страшно а и сакам да осетам пустинска клима Инаку Да ке летам со боинг 777 -300 на Емирати
АЈДЕ МАЛkУ ПОМОШ "Сите студија и апартмани се наоѓаат во центарот на Паралија и Олимпик Бич. Максимална оддалеченост 300 метри од море. Собите се студија 1/2, 1/3 и апартмани 1/4, 1/5 и 1/6 со TV,WC, AC ( климата се доплаќа на лице место )" ЗНАЧИ ДЕКА МОРА ДА СЕ КОРИСТИ КЛИМА ИЛИ?
Не мора да се користи.. значи дека таму по договор ако сакаш ќе ти го дадат далечинското за климата и плаќаш по 2-3 до 5 евра од ден ако ја користиш.
Јас мислев нигде нема да одам ама ќе одам на Црно море,изгледа во Поморие,секако ми е познато местото,така да od недела ќе уживкам и јас малце
Будва..уште една недела...не можам да дочекам После толку договарања и пребирања каде ќе одиме, од Закинтос, па Лептокарија, па Парга, па Кушадаси, на крајот се одлучивме за Будва. Се надевам дека има убави плажи таму, и иако сите велат дека Јадранот е многу ладен во овој период, не смеам да го пропушам капењето во море колку и да е ладно
^ Да не те разочарувам,ама Будва нема никакви плажи...луѓето се како сардини наредени,дури и по паркови лежат и се сончаат,по тревници,на пристаниште, катастрофа...лежалки насекаде ,по 10 евра...иако Будва е убава и има забава,плажи има катастрофа,треба во 6,7 сабајле да одиш да фатиш место....а веќе знаеш-плажа и вода камења...првпат одам црна гора и никат више
Имав слушнато дека плажите се со големи камења, и баш заради тоа бев против Будва кога решававме каде ќе одиме..бидејќи јас сум љубител на песочни плажи Ми кажуваа за некоја плажа која била долга 5 километри, незнам како се викаше, и таа била многу убава, чиста, на некои места имало покрупни, на некои поситни камчиња. Се надевам дека ќе ми се допадне .
^Ajде не се разочарувај па не е се во плажите,бањањето и сончањето....ќе видиш ново место,шетни и низ другите градчиња ние бевме на крстарење кое чини само 10 евра а за забава да не ти зборам.Убав помин
Фала многу И ние планираме да одиме на крстарење и во аквапарк, мислам дека и таму е 10 евра влезница, па се на се, би требало убаво да биде .
Јас бев еден ден до Будва...Скапичко е..има плажи...со ситни камења, но е многу ттопло од карпите, а и има многу гужва. Водата и не беше нешто посебно ладна. Песочни плажи имаш само во Улцин (голема-14км и мала) и во Тиват - Плави хоризонти...само мене последнава и не ми се свиѓа зошто е 3 евра влез со кола, плус 8 евра за 2 лежалки и чадор а во водата има многу камења и е најладно. А во будва имаш лежалки и за 75 евра..да видиш да не веруваш, се чудев. И да надополнам, аквапаркот е на самата улица на магистралата, и се се гледа од надвор, а и нема нешто посебно...
Јас цело лето сум во Германија и времето е де ладно де топло...ама не се жалам, и сега септември ке одам 2 недели Франција...поточно Sète ....прв пат ке одам Франција и кожа не ме трај....а на 3 сати од нас е Барселона....и таму сакам да појдам на еден ден..па ќе видам што ке испадни од планов мој за до Шпанија....
Јас бев лани Будва и да не ти кварам замисли, ама плажите се побетер и од охридските. Мораме да признаеме дека и Охрид плажите не се нај нај, ама се подобри од Будва. Ако земша лежалка е скапо, ако не треба да лежиш на песок и да си имаш свој чадор. Не ми се допадна воопшто, а морето е камен. Повеќе од три минути не се задржав во него, а јас сум капач од оние со саати во вода... П.С. ако си во можност не пропуштај да го посетиш Аква паркот во хотелот Сплендид, е таму е уживањето...
Вчера дојдов од драч- албанија, и си поминав прееееееубаво. Песочни плажи, чисто, тивко, милина, рај за очи и душа. Само малку ми фалеше ноќен живот, другото се беше прекрасно
Девојки ајде малку за помош. Го користам одморот на 2 пати ,еднаш бев во Паралија и не ми се допадна,сега од септември сакам да одам На Халкидики.На првиот крак имам одено,сакам на вториот.Што ќе ми кажете за Никити и Сарти? Какви места се ,ајде помагајте да се одлучам
Во турска најубаво место е Кемер уствари 10 километри од кемер прекрасно е јас пред три години бев и преубаво си поминав