Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Розич сакам да прашам дали беше на одмор Будва и дали беше сместена во оваа вила? Аку беше кажи ми колку е оддалечена од центар, од стариот град, од плажата, дали беше задоволна од услугата и сл? Јас заминувам четврток и се надевам на позитивни критики :) :lol:
     
  2. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Пред некоја недела си дојдов од одмор, од Дојран и преубаво си поминав, најубав одмор до сега, бев со дечко ми и уште еден пар. Викендите е повеќе со луѓе отколку преку недела али битно супер е таму, водата топла, се мачкав со алги (баш тогаш цветаа), во апартман....абе топови беше, Дојран е супер! :)
     
  3. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    планирам одмор на крф деновиве, бил некој како е што е да знае? или да откажам ?
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас ова лето бев во Паралиа кај моите скоро секоја недела, 3 дена на Халкидики поточно Калитеа, Ханиоти, Пефкохори, Паљури, ги прошетав сите тие места и 7 дена на Закинтос, па мислам доста е за оваа година :P
     
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Епа да ви кажам, сабајлево се вратив од Будва. 12 дена бевме таму, и се на се, ми се допадна. Плажите не ми оставија некој голем впечаток, како што ми кажавте, имаа големи камења, а луѓето седеа и по парковите каде што имаше сенки. Лежалки не земавме бидејќи беа скапи. Бевме сместени во апартман, околу 200 метри од Словенска плажа. Јас колку што сфатив, таа Словенската плажа е долга неколку километри, почетните и крајните 10тина метри од плажата се песок, се друго е камења. Морски ежиња и други морски животинки немаше, но сепак кој ќе оди му препорачувам да си купи обувки за во вода, има различни модели и сите коштаат 10 евра. Многу се практични, јас без нив не ќе можев да влезам во вода бидејќи камењата беа огромни. Но, за сметка на тоа, водата беше преубава, пречиста и не беше ладна како што очекував, а имаше и големи бранови. 1 ден отидовме и на плажата во Бечичи, е тоа веќе е друга приказна. Преубаво. Единствено таа плажа ме импресионира. Кој не е мрзелив да пешачи 2 километри од центарот на Будва, слободно нека си оди секој ден во Бечичи. Стариот град ме воодушеви, преубав е за шетање, таму не отидовме на плажа. Новиот град ми беше онака, ништо посебно. Имав чувство дека се наоѓам во Охрид. Единствено жалам што не отидов во аквапаркот во Бечичи, но затоа отидовме на крстарење низ Црна Гора, за 20 евра, верувајте се исплати. Преубаво беше. Најголем впечаток ми остави градот Котор во кој имавме околу 2 часа за да го разгледаме. Преубав град, едноставно не можам да опишам колку беше посебен. Ах, колку би сакала да се вратам таму :inlove: :inlove:
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Закинтос,Грција и 1 недела у Охрид :$
     
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас пак си бев во Црна гора летово и преубаво си поминав. Наше си е наше :)
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Абе каква Грција. Си ја продавате државата, колку милиони евра оставени таму од нас македонците.... катастрофа! :x :x :x
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Знам,рано е сега за лето да мислам,уште се е бело надвор,ама таква сум ви јас,ќе наумам нешто,ќе испланирам и така ќе ми стои како план.Бидејќи последнава година премногу патував,сакам сега ова летување да одам на одмор на едно место и од таму да не се мрднам.Иначе,ќе одам со дечко ми,планиравме негде у Америка.Ако се најде сега се,летовите се многу поевтини ако купувате и закажувате од сега,така да се мислиме меѓу Јужна Каролина,Масачусетс и Флорида.Се мислевме и за Њу Јорк,ама некако бидејќи живеев таму го знам мноогу добро не ми е поентата пак таму.Флорида е стварно многу скапа, :!: ама ќе видиме ако најдеме поволни цени,се знае какви плажи има таму 8) :inlove: :lol:
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во сред зима рано е да се мисли за летен одмор,ама јас си имам испланирано дури и сега за месец два(кога ќе се потстопли) планирам да размислувам за некое место во Турција.Инаку Анталија ми фаќа око.. :wasntme:
     
  11. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    letoto ke idam za turcija vo istanbul mnogu sakam da go posetam obozavam da odam na odmor :)
     
    На m.jakimova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. m.jakimova

    m.jakimova Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ke vidimee..moze Pariz ili Turcija :D
     
  13. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Јас планирам со друштво да одиме во Охрид една недела. Сакаме да изнајмиме соби во куќи што се издаваат. Ме интересира како се наогаат собите? Дали вака по нет се резервира или одиш таму и прашуваш кој ке стигнеш. :^) Немам вакво искуство со изнајмување соби за одмор во Охрид па ако сака некоја да ми објасни ве молам. :) И колку се движат цените, јас слушам од други другарки дека од кревет било по 300/400 ден.
     
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ова лето би сакала да го посетам Дубровник. Неостварена желба ми е до сега, па ова лето се надевам ќе ми се исполни конечно. Знам дека цените се посоленки, па не планирам да останам повеќе од 7 дена, а може и помалце. Некој кој бил во Дубровник неодамна ќе може да ме информира како се движат цените таму за храна, престој, дали е лесно да се најде престој на автобуска на лице место или?
    Јас уште од сега си планирам :rofl:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    И јас си мечтаам уште отсега за летниот одмор, така некако со мечтаење и фини, пријатни мисли во главата полесно преживувам. :)
    Плус се мотивирам за на плажа и фрцкање во кратки фустанчиња.

    Летово изгледа ќе се оди во Турција или Хрватска.
    Каде и да се решиме, дефинитивно варијантата автобус засекогаш отпаѓа од агендата за одмор.
    :)
    Никогаш не сум била во Хрватска, многу сакам да ја посетам.
     
  16. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    и јас со друштво бев сместена во соби.. си резервиравме на пазар3 страната.. има многу понуди и слики од собите што ги издаваат.. се јавивме и си резервиравме дури и газдарицата не зема од автобуска со кола. Собите си беа исти како и на сликите што ги видовме на нет, така да бевме задоволни :) За кревет плаќавме 300, толку се цените сегде од 300 до 400 зависи од далечината на куќата до центарот :)
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Падна одлуката и уплатата за летен одмор :D
    Искористивме 20 % попуст, поволности бидејќи сме меѓу првите и ќе уживаме 11 дена во Неи пори за смешна цена :)
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Иако во текот на годината, Холандија нема најубаво време, сепак летата се доста топли. има преголема плажа со топол, ситен песок. Морето знае дабиде многу освежувачко, како и да е, температурите се совпаѓаат со морето и плажата.. Има и кафичи по плажата, така што многу е убаво :rofl: а исто така и амстердам е блиску за туристички атракции, мадам тисо и други свашта..
     
  19. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Прво ќе одам со дечко ми, Валона мислевме, а и ланските понуди за Шпанија не беа многу скапи. Ќе видиме има време, зависи како ќе стоиме со финансии.
    А после со моите изгледа Будва ќе одам, Црна Гора.
    Лани бевме исто Црна Гора, но во Тиват. Цените беа многу пониски од Будва и плажите беа многу по убави, но ноќниот живот беше поубав во Будва. Се изнаденцав Во Трокадеро и Мадам Коко :lol:
     
  20. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Прво ќе одам со мама, тато, брат ми :D на одмор.. Па би требало да одиме Валона. Така е до сега планот па ќе видиме. Минатото лето бевме во Голем исто во Албанија, и таму преубаво си поминавме не беше воопшто скапо и чисто беше. Па годинава да смениме малце ;)