Јас пак ќе одам во Хрватска. Решено, уште пред две - три недели, во најголемите снегови Овој мојов сакаше да прошараме, ама понудата беше неодолива Ќе одам на две тури, еднаш на почеток на летото, и еднаш на крај. Едвај чекам, а уште колку има, ехеее...
Требаше Рим ама се смени за Милано, ако излезе изложбава Париз онака на неколку дена би останала после изложба, и негде на балканот со друштво сигурно и со ќерка ми. Само да биде се како што треба.
Колку прекрасно во овие зимско накај пролетни денови да се размислува за одмор Годинава повеќе бројни сме и сигурно ќе биде и повесело Со деца од 1 год и 3 год каде може на одмор?Дефинитивно Грција ама каде точно сеуште не знаеме.Лани бевме во Неи Пори и беше фантастично па и годинава иде во предвит тоа место во истиот хотел или нешто слично само мислам дека оваа година ќе одиме во Август зошто лани бевме во Јуни и некако ми беше ладничко мене а мажинава не излегоа од вода И едно е сигурно за оваа година одморот ќе ни трае 14 дена од кои 10 дена заедно со нашите деца па ги враќаме децата кај баба ИИИИИИИ тата и мама одма се враќаат на уште 4 дена ВИСТИНСКИ ОДМОР само за наша душа Така сите ќе сме среќни и задоволни
Мене уште сега ме има фатено некоја голема еуфорија и ми се оди на одмор, ама ептен. Сакам да си лежам на некоја плажа, да го впивам сонцето, да излегувам навечер- абе да уживам. Мислам дека не е толку и рано да се размислува на оваа тема, затоа што сега агенциите нудат големи попусти ако се резервира, ама останува прашањето- каде? Мене некако најмногу ме влече Грција, лани го поминав целиот прв крак и најмногу ми се допадна Пефкохори, онака поголемо место за разлика од Калитеа, па се мислам за таму иако би сакала и на островите, таму не сум била, ама сите велат дека е поскапо, па не знам. Турција не сум била одамна, слушам повеќето ја фалат, ама пак е дилемата кое место да се одбере? Кушадаси бев и не ме воодушеви нешто многу Ги исчитав и мислењата на Ј.Ивановска за Бугарија, се согласувам за Несебар и Сончев Брег, ама ме мачи водата и брановите Хрватска ја отфрлам, скапа ми е, а Црна Гора е убава, посебно Будва, и се мислам и за таму. Би сакала некоја феминка да ми даде совет која од овие земји кои се во игра (Бугарија, Грција, Турција, Црна Гора) би требало да ја изберам и конкретно кое место и зошто баш тоа место. Би била благодарна и доколку ми дадете линкови од некои агенции со поволни аранжмани, да почнам да си се спремам на време
јас дефинитвно хрватска ќе заминам се надевам ќе ми успее планот за подолго време да останам таму да ја прошетам баш убаво како за прв пат зашто досега само дубровник имам одено
Изгледа годинава никаде. Сакам да работам летово за да си средиме со ханито дома, сакам да му помогнам во уредувањето на нашиот дом Ако случајно не најдам ништо за работа може да тркнеме при крај на сезона до Грција. Ќе видиме има уште време
Дојде март, стандард период кога почнувам да мислам за одмори, а поима немам ни дали воопшто ќе имам пари да отидам Сакам да прашам дали некоја од вас била во Калитеа- Халкидики, слушам убави зборови. Знам дека водата е многу чиста, но ме интересира какви се плажите и дали се блиску во самото место или треба да се патува до нив, дали има кафичи, ресторанчиња, дискотеки. Едноставно нешто поопширно за местенцето ако може Барав слики на нет ама некако не ми дава од самото градче, туку од вили и хотели. Заборавив, нормално и цените таму како се движат дали е исто како на другите места на краците или поевтино/поскапо? П.С. најдов слики и некако не сум одушевена, ми изгледа како прилично.. пусто местенце, некако сите вили се во природа на високо над нив шуми Сум била на таков одмор на Тасос и не ми се допаѓа, јас сакам пораздвижени местенца, не од типот на Закинтос, но така со продавнички, кафичи, таверни. Дискотеките ако ги има ок, ако не не е толку проблем помалце пари за трошење Но сепак добредојдени се коментари од некој што бил во Калитеа. Или пак некое друго место на краците што е пораздвижено??
Другаркиве сакаат Санторини да ни биде дестинацијата што лани не ја остваривме, мачоров планира Лидо ди Јесоло. Ако соберам доволно пари, идам и на двете места, ако не, не ми бега Грција и било кој крак. Не аздисувам летово, зошто сакам поавантуристичко шетање долж Јадран, евентуално Трст и неколку дена Љубљана кај Биси. Видечемо!
па не баш летово, ама мај-јуни може ќе одам во Cловенија,па и до италија на граница со италија е овој град во Cловенија, градот е на море, на неколку километри од италија, ме вика братучетка ми, ќе дојдат, па сака да ме собере со кола. Cамо што размислувам... Tреба да се одлучам ... A искрено мрзла сум за патување, а се зависи од мојот одговор
Се двоумиме сеуште сепак е рано ама имаме две опции онаа турата што е Италија, Шпанија и Франиција или пак Закинтос. Сепак рано е и се зависи од колку пари ќе имаме битно ќе е едно од овие двете и годинава дефинитивно ќе одиме пред или после сезона зошто цените и 100 евра разика што и не е малку Јас Црна Гора одма би ја трганала. Не е ефтина а не е ништо посебнои плус плажите не се песочни ( зборувам за Будва и Суто Море ). Бугарија мене ми е убаво за одмор имам многу пати одено и дури и како мала имам одени и брановите воопшто не ни пречеле, убав е ноќниот живот во Бугарија, многу јаки журки се прават И Грциа ама сепак зависи каде во Грција а и последниве неколку години и не е наш ефтинка и за крај ја оставив Турција која ја обожавам ама од неа ќе се одморам неколку години пошто 4 години поред ја посетувам. Велиш Кушадаси не ти се допадна зошто така? Мене па ептен ми се допадна дури ме привлече и повтор пат да го посетам. Ефтино, убави плажи, добра забава, има места каде да искочиш да се прошеташ, има што да посетиш и што е најважно има цени за секој џеб
Јас штотуку открив евтини летови за Кипар...од Солун, а островов ми е желба подолго време. Ама ако биде, ќе го планирам за октомври бидејќи во сред лето, на + 50?!? Хмм, не фала. А во меѓувреме краците и Охрид, не ми бегаат
Темава е отворена на 08 Апр 2010, 22:12 и како и во секоја друга тема така и во оваа секој си кажува свои мислења и планови
Уште се мислам, имам 2-3 комбинации, но највеќе сум за 10 дена на Палма де Мајорка, нормално со најмалку 2 шопинг тури до Барселона. Ќе видиме, иако е март, најубаво е да си има човек концепт и желба, да си заштети и свој буџет, да му е под конец се, а не трчања во 5 до 12, а впрочем цената ако резервираш сега е со добри попусти.
Вака од што те имам читано, Црна Гора не ти ја препорачувам. Премногу шабанарија, кичерај, а и нема некои знаменистости за посетување. Грција сигруно си била, знаеш како е, а во Бугарија, јас лично сум разочарана од морето и од некои плажи. Би ти препорачала да одиш во Савана, и да ги видиш понудите за Турција, конкретно Анталија. Анталија не е ново, туристичко место. Покрај една од најубавите плажи што сум ги видела, има толку многу места за шетање во градот, толку работи за гледање, што знам дека нема да сакаш да ги пропуштиш. Ако отидеш порано и уплатиш, понудите со чартер се смешно евтини, а рака на срце, подобра услуга од Савана до сега не сум искусила. Шилеа, а преку која агенција во Санторини? Имам огромна желба да одам веќе 3 години, а сите понуди беа преку Белград со авион и преку 900 евра. Ако најдете, те молам да ми пишеш во која агенција да се обратам
И јас за Анталија што вика Старфиш имам се најубаво слушнато, но ако се одлучиш за Грција, би ти ја препорачала Лефкада. Е тоа место е сон. Прво е единствен остров за кој не ти треба траект, значи ќе заштедиш, има преубави песочни плажи со вода како базен. Јас сум најпријатно изненадена од Јонско море од сите мориња во околинава (Црно, Егејско, Јадранско) многу е топло и чисто. Плажите Егремни И Порто Катсики се едни од најубавите од не знам таму колку во свет.
Санторини ако најдеме добра понуда, планиран е веќе 2 години. И Миконос е во игра, ама летовите се изгор и за двете места, плус се од Софија. Сакам и Бугарија на еден продолжен викенд. А и на Егзит сакам. Скромно Лани бевме на Закинтос, вон сезонски првата недела од септември. Ем помалце плативме, ем прекрасно си поминавме. Гужва сеуште имаше, таму сезоната завршува на крај на октомври. Не е место само за журки за млади, пример мајка ми се вљуби во местото, има прекрасни тури за по 5-10евра до околните островчиња, бесплатни автобуси до подалечни плажи, прв пат во животот пливавме со желки на 2 метра од нас. Дефинитивно го препорачувам, но вон сезонски. Ова лето за почеток Маврово или Пелистер на 7-10 дена не ми бегаат
Најверојатно Грција ќе биде оваа година Досега не сум била таму.Минатата година бев во Дојран.Добро си поминавме,но водата не беше многу чиста Првите денови беше добро...но после повеќе гужва,повеќе луѓе и водата зелена беша,па дури и алергија фатив последниот ден Грција ми се чини подобар избор нели? Има некој одено?
За санторини и миконос можам да кажам дека само името им е големо, иначе ништо друго не ваља, остров како остров нема ништо посебно да се види, а и цените им се изгор , многу е скапо, па едно кафе само е 6,7 евра, а да не почнувам за цените во таверните за едне ручек, , нема шанси, еднаш отидов и никогаш повеќе, за тие пари ќе идам уште на 3 места на летување и цел месец ќе си За Закинтос, да, точно дека е многу економичиен и убав остров , јас бев баш во центар на сезона 15 Август и пак цените им беа ефтини, така да препорачувам топло за овој остров
Грција има најмногу и преубави острови. Штета е да не се посети бар некој од нив, доколку се има можност нели Еве некои од нив- Лефкада, Парга, Закинтос, Халкидики и првиот и вториот крак има многу убави места, Крит, Тасос, Парос, Хиос, Родос......Паралија-Катерини исто така е блиско место и доста ефтино