Kallias со оглед на тоа што живееш во Грција и сигурно ги имаш посетено повеќето туристички места, ако можеш да ми дадеш свое мислење за Калитеа? Или пак кое е пораздвижено место на краците? Пишав пред некој ден но не добив одговор. Сум била во Ханиоти, градчето е ок, но искрено не ми се допадна плажата, според мене најубавите плажи се на островите нормално, но и во Пиериа- Неи Пори и Олимпик Бич, но таму сум била па сакам да сменам. Е сега дали се и на другите места на краците плажите слични како во Ханиоти или?
Сум била Санторини, ама не преку агенција. Имате летови од Солун преку Атина за Thira, и отприлика се по 180 евра повратна карта (зависи период, време од денот, авионска компанија итн итн). Таму ќе мора да рентате кола, што отприлика би ве коштало околу 270е за 10 дена (да се земе и да се врати на аеродром) и на крај, ви останува смештајот. Најискрено ви препорачувам, ако веќе одите таму, да одберите некое од местата северно од Фира (т.е. Thira градот) со поглед на вулканот (Имеровигли, Оиа). Јас бев во Имеровигли, и погледот од апартманот ни беше буквално ваков: Вистина е дека островот не е „да паднеш во несвест“ од невидени убавини (иако сам од себе е необичен, сепак ги нема оние огромни песочни плажи на кои сме навикнати од Грција) ама има нешто во него што може да се доживее само ако отидеш со отворен и мирен ум Погледот што би го имала од терасата е PRICELESS, до толку е мирно и тивко што буквално се слушаат бродовите и јахтите како поминуваат долу (а висината е огромна и стварно е необично). Санторини е остров на модата, викаат дека таму прво доаѓа па во NY, и верувај, она што ќе го видиш на тие бело дречави улици - никаде нема да го видиш Стварно е многу скапо, ние апартманот го плаќавме 250евра од ноќ, таверните се скапи, кафичите исто така, и ако се решите за оваа дестинација - добро отворете го кесето или земете кредит
Мислите на Закинтос, ама градот Закинтос. Пошто градчето е стварно убаво, има убаво шеталиште, убави продавници и ресторанчиња. И не е скапо ако се земе во предвид дека е остров. Таму е супер за парови, за семејни одмори и шетање. Ама другите места на Закинтос, како Лаганас и уште некои, се стриктно за под 25. Не ги препорачувам. Сум била, сум видела и на тие места категорично не! Ааа да, и на крајот на Јули, и преку цел Август, во продавниците има страшен попуст! Ама баш страшен! Лани во Јули месец, имаше сандали и штикли од 7-8 евра, ама нешто стварно преубаво! Вечера за двајца во убав ресторан максимум 15 евра. Милина бе....
Ако ми дозволи времето и темпово на живот периодов, би сакала Сицилија, дефинитивно и тоа ако може подолг аранжман пошо си заслужив
Уф, многу работи ми се испланирани за пред летниот одмор. Којзнае што се ќе се случи до тогаш. Прво ме чека апсолвентска, па завршни полагања кои оваа година ќе бидат малку подоцна, значи цел јуни ќе ми отиде во бестрага. Како и да е, Охрид не ми бега, традиција ми е веќе 21 година да одам секое лето, барем на неколку дена. А ако одам некаде на море, би избрала некое помирно место во Грција. Само убава плажа и мирно гратче ми треба. Да се одморам во вистинска смисла.
Охоо дефинитивно подобар избор е Грција од Дојран. И на краците е добро, ама јас не можам да го доиспофалам тоа Јонско море. Топло, чисто, плажите фантазија, плус за 5 чекори почнува длабоко, а не да пешачиш пола час во вода за да се избањаш како човек, абе рај! Уште 100 пати би отишла на Лефкада. CrazyStupidLove мене да ти кажам право на краците, сите места ми се горе-доле исти. Во Калитеа сум била неколку пати навечер и е малце поголема од Ханиоти иначе се друго е исто, само сум слушнала од пријатели дека за на плажа се оди по една голема удолница. Ај за одење ќе отидеш, ама за враќање утепана од сонцето на плажа, ај искачи ја.
Девојки ми треба совет. Речиси се одлучивме за одмор во Неи Пори и слушнав информации дека имало многу медузи, вистина ли е?
Напротив, на темата за Неи Пори баш пишав сум била во сите периоди и немало медузи дури ни во август. Можеби 1-2 случајно ако се најдат и деца ако ги извадат на плажа па така ако видиш, за разлика од Олимпик Бич на пример каде има цели јата во август, па дури и на почеток на јули јас имам видено во подлабокото мали медузички едно 30тина во јато, бррр
Во Неи пори нема медузи, единствено можно е сабајлечки рано (7-8h) ако шеташ по плажа да видиш некоја шо ја исфрлило морето, ама ја чистат редовно плажата и после 2-3 часа да се вратиш ги нема Кој период планирате да одите
Планиравме некаде после 15 јуни и ми рекоа демек тогаш почнувале и ги имало многу, големи и плави биле. Два дена од главата не ми излегуваат.
Годинава се надевам дека во Грција ќе отидам ако не со него барем со моите,а со него до Дојран евентуално, зошто таму е потопло од Охрид.
абе ок тоа но до пред 2 недели бев на скијање така да многу ми е смешно ајде да речам што дури од сега е активирана темата барем за мене така е
Барселона или Шарм Ел Шеик, оваа година планирам да одам на некое место каде што не сум била, последниве 5 години немам отидено негде подалеку од Охрид и Олимпик Бич. Разгледував понуди, се наоѓа нешто, со оглед на тоа што нема да одам на апсолвентска екскурзија можам да си ги дозволам местава, се надевам на убав провод. Засега плановите се тие.
Најверојатно повторно во Црна Гора, се разбира доколку од работа ми дадат повеќе слободни денови, што знам некако не ми се исплатува за 10 дена да одам, се разбира долку одам сакам да бидам 25-26 дена и онака одам кај татко ми па... али се зависи од работата
Јас ги викав како мала сомбрера затоа што буквално беа толкави и да плави, што е уште потешко затоа што не се гледаат многу. Еднаш мислев дека е ќеса и ја фатив со цел памет па после бајаги интересно беше Но сето ова се случуваше во Олимпик Бич, а дури ни таму нема медузи во јуни, негде веќе крај на јули почеток на август се јавуваат тие јатата СОМБРЕРА, а претходно ете пишав во длабокото јас видов мали 30тина медузички негде на почеток на јули Во Неи Пори нема медузи и воопшто не му ја мисли, терминот ви е одличен мене сеуште омилен период за одмор ми е јуни, нема толку гужва, водата е екстремно чиста, денот е најдолг. Ако се решиш да одиш, извади ги од глава затоа што ги нема во Неи Пори