Нема, има кај Афитос, близу Калитеа, значи горе е на кракот. Али далечко е може 15-20 км од Пефкохори, сеа отприлика кажувам. Инаку јас стално си идам на прв крак и ќе си кажам еве за сите места. Водата е убава, но од убаво има и поубаво и понеубаво. Афитос е многу поразличен град од сите останати на првиот крак, исклучиво странци и чат пат некој балканец побогат, скап град е во старински стил. Калитеа ги има најубавите плажи на овој крак, многу млади, на 1 км се дискотеките ги има неколку, но затоа како гратче е помалецко. Полихроно најдосадно за млади, класично фамилијарно место, најефтино на кракот и плажа мала и најнеубава. Хањоти фини плажи, млади, гужва, убаво море, има за шеткање, има кафичи има многу ресторани, ептен го бендисувам. А и многу се близу со Пефкохори кој што е исто преубав но плажата градска е помала, но затоа да пешачиш 100тина метри и од двете страни имаш убави големи плажи и лево и десно од центарот. На едниот крај е плажа за млади со кафичи, музика, друштвени игри, на другата страна голема плажа е потивка за уживање. Инаку убаво и весело гратче. А после Пефкохори има вили многу, има плажи исто убаво, посебно на 2 километри отприлика има убава плажа за млади. А доле се наоѓа Паљури, селце обично, заливче но водата е прееееееубава! Има 2 плажи тука една погоре поголем залив и доле помал залив. Водата е одлична, кој оди со кола а не бил до Паљури многу греши. А другата страна на кракот се селца рибарски со неубава вода. Немојте да одите таму, верувајте се разликуваат ко ден и ноќ двете страни на Касандра. Едната е убава со преубава вода, другата неразвиени места со брановита вода и камењасти плажи. Касандра кракот е скалила погоре од Паралија и другите места до Паралија, може во овие има убава забава и поефтино е да, но јас лично одам за море и плажа, а во Паралија е полоша и од Охрид за мене. Мене ме чеша кожата од толку што е ужасна водата. Бев пред 4-5 години и реков подобро во Охрид ќе одам, влегов 2 пати во вода. Ужас беше медузи, водата гадна црна, бистрина ич. Јес да плажите се големи, но џабе кога водата е крш!
Мajaaaaaaa88 ако знаеш некој добра и исплатлива понуда за Лаганас за ова лето или пак некој агенција слободно пиши ми. Благодарам за сѐ.
sierratravel.com.mk oд десна страна ги имаш сите агенции штo сoрабoтуваат сo сиера,разгледај ги една пo една,акo не сте зафатени сo рабoта најдoбрo ви е да oдите на средината или крајoт на август,ќе ја избегнете лудницата oд туристи а и пoнудите се пoевтини...пoвеќетo агенции ја нудат вила кoрали,нема да згрешите акo oдите таму,ептен е дo центарoт и дo градската плажа и убави се сoбите.разгледај пoнуди па пиши ми
Не зависи од мене...зависи која болница ќе ме прифати...барем знам дека странство ќе одам а у кое странство не знам. Господи боже ова не е за смеење или шала, ама така ми дојде...
Бил ли некој во Бар - Црна Гора, и како задоволен е? Јас сум за Грција но дечко ми за ваму па ме интересира како е
Неа Потидеа ениуан? Единствено сум чула дека има некој канал Плажите на слики ми изгледаат ок, ме интересира водата дали е чиста, дали е пусто селце или има барем по некој кафиќ, поголем маркет, паркче некое?
акo сте друштвo не ти гo препoрачувам,бев на 3дена пукнавме oд дoсада,има пo некoе кафуле,има маркети,вoдата е убава,чиста...ама дефинитивнo е местo за фамилијарен oдмoр,мнoгу е мирнo..сепак јас бев пред 3-4гoдини,мада штo не верувам дека нештo се сменилo..акo веќе сакате натаму да oдите мнoгу пoдoбри се пoлихрoнo,пефкoхoри,калитеа...и ред други,каде штo би си пoминале мнoгу пoубавo
Hrvatska negde...lele kolku sakam hrvatska.... a inace chekam i nekoja dobra ponuda, nesto interesno Nea Potidea nikako ne e za mladi, tamu samo familijarni i ljuge na koi vistinski im treba odmor! Ako sakate zabava, za istite pari tuka se Krf, Zakintos, laganas...
Оваа година во Лаганас на Закинтос. Хахаха ќе биде лудо и незаборавно. Одвај чекам 7ми Јули само заради одморот
Три дена лани во Неа потидеа бевме. Не е лошо, значи имаш убави плажи. водата е чиста, и нема многу гужва. Инаку тоа ти е село. И Полихроно и Ханиоти се села, ама има многу кафичи и ресторани...тука има, ама некако не е тоа тоа. Мене искрено не ми се допадна. Има мало шеталипште, додека да трепнеш си го поминал. Има нешто продавници али ептен малку. Маркет поголем нема, Лидл има ама е бааги далеку. Инаку вака локални продавници има да, а за паркчиња, па има по тоа шеталиштето. А да, и има мнооооооооогу комарци. Мене општ впечаток ми остави: убаво е ама ќе се вратам кога ќе се пензионирам.
Ние ова лето решивме да кампуваме, јеееееееееееее ке ми се оствари желбата Е сега гледаме на нет некои камп места, ама не можеме да се одлучиме.....па ако некој бил или знае нешто за кампување во Хрватска, нека ми пише лп. Фала
Ние сеуште размислуваме еве разгледувам понуди низ агенцииве па можеби турција- кушадаси ми се виде ефтино ама има време ќе видиме.
СО мама и тато За Грција,Бугарија,Турција,Охрид по 10 во Гриција и Бугарија а во Турција 20 дена во Охрид 5 дена и со деца за Струга,БиХ,Србија,Хрватска,
гледам фураат реклами за КИПАР - 2-3 агенции, видов на вебсајт достса ефтини аранжмани со авион. знае некој нешто, уплатил некој да сподели искуства ?????