Феминки дали некоја од вас била на крстарење со брод по медитеран?гледав прифатливи понуди од 300-400 евра,само ме интересира дали се качувате на бродот во Грција(најблиску е,а МК нема пристаниште)?
да да да да само за роденденот ке сум тука на 1 август и за свидетелствата.т.е 2 дена во цело лето ке си дојдам на 31 август.
И јас ги разгледував еднаш понудите. На самите понуди си пишува од каде се поаѓа, пази веќином е од Италија
Пред една недела бев за Барселона и супер беше. Летово планирам да го поминам во Грција на само 5 6 дена пошто сакам малку и во македонија да останам со моите
Сеуште немаме точно испланирано, и точни дати али отприлика планот е скроен Сопругот ќе оди до Малага на посета кај еден негов другар кој таму работи, а потоа со него и кратко до Мароко. Во истиов временски период јас ќе имам дома многу блиска и драга гостинка, па интензивно ќе шеткаме низ околниве градчиња, ќе посетуваме знаменитости, шопингуваме, различни интернационални кујни ќе пробаме... и накај Холандија. А кога он ќе се врати, најваројатно ќе направиме заеднички скратен одмор во Шпанија(доколку јас сум победник во убедувањето) или Скандинавија(најверојатно Финска оти уште таа ни остана од лани атер му е да одиме, ако он победи) .
Планот се промени. Планирав да одам во Турција со другарки ама испадна друго работата. Прво ќе одам со моите во Грција 10 дена. Потоа со другарки во Охрид 5 дена. И на крај во Бугарија со друштво. 7 дена. Многу добра и прифатлива понуда најдов. А можно е и пак со моите во Грција при крајот на август. ама на друго место 10 дена Ќе одам и во едно местенце блиску до Охрид пак со друштво (само во друго друштво ќе бидам) 4 ноќи. Значи 2 пати во Грција еднаш во Бугарија и два пати во Охрид. Ќе се изнашетам цело лето нема да се приберам. Епа така иде тоа,цела година го чекам летото и морам максимум да го искористам. И за крај и кај едни роднини во Битола во нивната вила на планина остатокот од времето.. Ама тоа не се смета за одмор.. И толку ! Спојлер Ова лето ќе бидам во околината,инаку имам желба да одам во Тенерифе или во Куба
http://www.lysistrata.gr/ што мислите за овие бунгалови во тасос? никогаш не сум била во тасос па ако може да ми кажете како е водата, медузи октоподи такви животинчиња има ли?
Ако се оди по планот, во јуни ќе уживам во Белград, а август некаде на море, каде и да е, не пребирам многу, многу
Годинава сакаме Шпанија,ама ќе видиме како ќе биде со одморот од работа,зошто нешто ги комплицираат работите Ако не,здравје Турција
Моиве фамилијарно одлучиле за Полихроно - средната на јуни. Одиме 9 души - постари, помлади, секакви. Иако гледам не го фалите баш местенцево, јас сум задоволна зашто друштвото ми е супер + за ништо на светов не би ги заменила тие 10 дена со семејството. Секако ќе одам и на друго место со другарките или дечко ми, па и Полихроно врши работа во поглед на пливање и сончање, поточно вистинско одмарање после напорните и продуктивни семестри. ..Охрид е задолжителен и тоа неколку пати по неколку дена
Сеуште дискутираме со мајка ми на таа тема. Јас сакам да одиме на Кипар,а таа сака на Сицилија па сеуште се двоумиме. Значи најверојатно ќе биде една од овие дестинации. Пред или после тоа планирам малце јас тетка ми во Србија да заминам, одамна не сум ја видела
Лани бев на Сончев Брег со дечко ми. Радо и оваа година би отишла со дечко ми во Бугарија.Но он си има некои свои планови а и јас имам кумство....така да ова лето не се знае ништо
Размислуваме за Турција, Кушадаси. Првпат ќе ми биде да отидам, ако отидеме, прекрасни понуди најдовме за пристојна цена во која влегува хотелскиот смештај со неговите луксузчиња, превозот и доручекот. Е сега, ме интересира од некој што бил иако прашував многу што биле па ми кажуваа сакам повеќе мислења да слушнам за местово какво е, цената за храна зошто во сите понуди што ги гледавме ручекот и вечерата не се вклучени, водата дали е добра за пиење, ноќниот живот, во плажите не сумњам ама сепак, морето чисто ли е, градот воопшто какове?! Места за шетање и сликање има? Искуство? Би сакала така едно нечије видување од негова/нејзина гледна точка со сите предности и маани. Ептен сакам да отидам таму. Битно во јули одам на одмор, јуни посекако ми е зафатен со полагањево, август уписите, а и секоја година во јули одам на одмор, за тогаш и гледавме понуди и стварно Грција е поскапо, а прво планиравме таму.
Плавушке заошто си направила да не ти праќаме пораки??? Сакам да ти пратам, подетално За Кушадаси имам многу пишувано мене многу ми се допага, некои девојки ќе пишат дека не е убаво, но секако се си е ствар на укус и како ќе си поминеш и како ќе го доживееш