Апартман да,во него ќе се начукаат 10 души (лани,другарки и другари),никој ништо не им вика,апартманот си е толку,па сега вие ако сакате спиете на земја валкајте се,пари на рака,мара за рака.А во Охрид,по кревет...ќе ти рече за 5 души нема повеќе... Охриѓани,ви го сакам Охрид и тоа најпремногу...ама го претерувате...ко да е монденско место,ко Бред Пит и Анџелина горе на Плаошник да се венчале.Плус,тие цени за вас самите не се ок,се дупло да си плаќате.Не го бидува. А плус,да се прави разлика,море,езеро...апартманот не го чини само климата и тв-то. Друго,ајде не апартман,одиш на поевтина варијанта,соба...ама собата брате,гз место!Прашинки,пајажинки,кујниче на 10 соби,па тепачки кој не си ги измил садовите,гужва пред вц...Прво,не е хигиенски,второ,сто одморот во кошмар ќе ти го претвори,а ќе ти наплати 400 денари за вечер (најевтината варијанта со ете пристојни услови),а ако сакаш кај автобуската да си сместен и да живееш во некој летниковец десет дена,моеш и за 250.За 400ки ќе одам во Грчка прва линија до плажа,со своја кујна и вц (зборам на своја режија,зошто агенциите соголуваат),не барам клима и тв,ама знам раат ќе ми е одморот,плус ќе јадам гиро за 2 евра,а не хамбургер за 150,а плус и ќе си готвам зошто овај нали,нема да се тепам за тавче загорено.Полошо е свој човек да те дупи,од циганине бар не очекувам поштени да бидат,не нејќат,ама бизнис и политика не мешаат,па фино се поминува.Не сте си малце реални...Веќе ако си се решил да изнајмуваш,изгради објект кој ќе ти биде само за тоа и прилагоден за тоа,а не и да живееш во него и да изнајмуваш. За хотелите да не правам муабет,као во Хилтон хотел да си уплатил...Кога бев мала,со моите теравме одмор на море,ама и уште еден во Охрид во хотел,арно ама,море беше луксуз,а Охрид беше багатела,па ко господа ќе си поминеш.Сега Охрид е луксуз,море е за циганите.Таа Горица во срце ќе ми остане,што кока кола се препивав таму и што секс слушав од околните соби полни со парови,ама ете така во сеќавање,зошто пре ќе си дозволам во Турција ултра ол инклузив,него ли во Охрид полупансион. Летово,Закинтос,крај на лето Барселона...Вики,Кристина,Барселона.Кога ќе размислам,подобра варијатна ми е вака! Не ми се прави мерак што пола Македонија ќе ја видам на Закинтос,ама пошо...младиве се многу,како да кажам...шемаџии,стануваат во 12,зошто цела ноќ повраќале,тераат шемата навечер,се тешам дека нема очи да им видам преку ден,зошто ќе спијат на околната плажа и околните кафиќи на Арагаси и Лаганас,а јас со моето превозно средство (да се надевам нема да биде моторче)ќе го вртам цел остров од 7 наутро и ќе си поминам најубаво!Ќе си легнувам можда рано,ама и тоа не се знае...авантура е моето второ име! Сакам активни одмори на кои се одмарам така што истражувам,се движам и ја убивам секојдневната рутина.Гледам зајдисонца испентарена на највисоката карпа,се бањам во 2 ноќе(гола ),се возам на банана,скутер,мутер (уште параглајдер не сум пробала),водени паркови,10 различни плажи на ден,кафиња,мафиња,сладоледи,лапачки,плажичиња,кајчиња,бродчиња...главен аниматор и забављатор на групите,а и најгласен член.Другарски средби и такви ми ти глупости.Стискам плаци да ми се погоди групата 23-4+,со младина не можам да излезам на крај!Забава е дискотека и шверцан коњак,цк!Ако планираш тоа да правиш,оди си на краците,не пополнувај место,ако не планираш да се авантуришаш,има многу волни луѓе за таква забава. Момчето ми е нестрпливо,ги брои веќе деновиве,се прашува што летно лудило ќе му спремам оваа година.Секоја година имаме вакви искуства,навидум исти,но многу различни,уште сме под импресии од лани и верувајте солзи ми одат на очи и се ежам кога си ги гледам сликчињата.
Оваа година како и секогаш 20тина дена ке поминиме во Саранда(бидејки имаме стан таму) потоа малце Валона ии на крајј почетокот на Август заминваме Италија-Рим,Фиренца,Монополи aww eдвајј чекам (А)
[/colБи сакала да знам колку чини стан во Саранда, и кои се процедурите за купување? Дали добивте имотен лист и со кои адвокати се консултиравте? Мислам дали беа тоа локални од Саранда Албанија или од овде?
Најверојатно Мајами и Бахамски острови! Минатата година бев тамо , си поминав феноменално! Сепак животен сон ми е Бора Бора!!!
сакав во море оваа година да се шлапкам.....ама ништо пак ќе си одам на нашено Охридско море со кило сол до мене ајде гарант таму ќе се видиме сите на куп, па и фемина-жирка ќе правиме
девојки, со дечко ми си го планираме првиот заеднички одмор после 2 и пол години врска! замислете! Сакаме да одиме во Охрид во некој хотел на плажа но не знаеме како се движат цените а ниту хотелите Ако имате некој предлог кажете ве молам! И дали можам на интернет да најдам нешто повеќе? Сега не можам ни да видам пошто нетот ми го отвора само форумот
^ Има една страна кај што можеш да видиш што издаваат соби, апартмани и сл. Еве повели линкче... http://travel2ohrid.com/
Aко имаш доволно пари да идеш у некој хотел во Охрид, јас би ти препорачала за тие пари да си идеш на море во хотел или вили, пошто поевтино ќе ти искочи. Размисли добро,искалкулирај, има многу евтини понуди во крај на август во Грција, Албанија исто така е евтина, а море си е море.
OzzyAngel скапи се хотелите во Охрид, а таков со плажичка, како за пар тешко да најдете, знаеш дека во Охрид плажите се како пазар. Во зависност од тоа со колку пари располагате , најубаво е да си отидете некаде на море, со чартер или со автобус, ама навистина да си направите да ви биде како на меден месец. Во Охрид никогаш нема да бидете сами, се ќе се најде некој другар- другарка, што ќе ви досаѓа.
Да и јас исто викам, има во Грција на пример за 80-100 евра на остров сместување,има и поскапи нормално,ама не може да се спореди остров со езеро според мене. Незнам со кој буџет располагате, ама мислам дека можете нешто да организирате за на море, освен ако немате пасош.Е тоа е голем проблем
Верувале или не, дечко ми до сега не бил во Грција,јас сум била еднаш и тоа во Атина. До сега шетавме подалеку, а оваа година планираме да одиме некаде во Грција. Уште не сме резервирале, сега сме во фаза на разгледување и планирање бидејќи најверојатно ќе одиме кон крајот на август.
Јас би ти препорачала да идеш на Лефкада, јас бев лани, има плажи сон, да не ти се верува дека се во Грција.Ако те интересира пиши ќе ти пратам некоја слика или линк да видиш. Ние многу јако си пројдовме.