Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ние само што договоривме одење за Грција во јуни. Односно во јуни ја започнуваме сезоната, а одењето ќе ни биде секој слободен ден или неделно 2-3 пати :clap:
     
  2. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Лани искористивме подобар одмор до Италија, па ова лето или ќе си скратиме на финансии или воопшто нема да одиме негде. :worried:

    Него, во секој случај ако се остварат плановите и бидне одморот, ме интересира дали некој има бидено на Бол Хрватска и какви се искуствата од таму во однос на се, особено цени?

    Имаме една информација од искуство колку е прекрасно, а според сликиве јас се заљубив во местово... како што си сакам тиркизни води, бели песоци/камчиња.... :inlove:

    Имам поминато и прошетано низ Хрватска, поточно Макарска и Тучепи, не ми оставија посебен впечаток освен плажата кај што бевме во Макарска, иако мала беше преубава, ама, за Бол немам никакви подетални информации.

    Eве го местото...
     

    Прикачени фајлови:

    • bol.jpg
      bol.jpg
      Големина на фајлот:
      48,7 KB
      Прегледи:
      339
    • sumartin plaza.jpg
      sumartin plaza.jpg
      Големина на фајлот:
      100,7 KB
      Прегледи:
      339
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Од искуство можам да ти кажам дека поефтино ќе поминеш во Италија одколку на Бол на Брач. Местото е прекрасно да, но јас што гледав цени за резервирање на апартмани и хотели на букинг тешко да се наоѓа за помалце од 40-50 евра од ноќ по човек :worried:
     
  4. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Мимс јас пролистав и најдов апартмани по 16-25 евра на човек (за поефтините зборвам) во зависност од оддалеченоста од плажата. Значи има на 50м од плажа апартман за 50е за двајцата на вечер. Сигурно тука цената зависи и во кој период ама мене не ми е битно да е јули, и онака не ми бега Охридов по цело лето да се излежавам.

    За хотели не ме интересира, не ми е битно да одам на поскап смештај, него важно ми е местото да го видам, да го прошетам и да уживам. Да би одела некаде многу подалеку и во поинаква култура ќе обрнам повеќе внимание на сместувањето, не сакам да зажалам, ама за околинава не, не ми вреди парите место за уживање да ги расфрлам на поубава уредена соба и глупости.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јас на booking.com што ги гледав беа хотели и апартмани близу до плажа, хотелите со вклучен доручек. Така по добри хотели беа, тие по 40-50 евра од ноќ беа најефтино што најдов :^) Можеби преку агенција е поефтино, баш ме чуди што си нашла за толку ефтино апартмани за тоа место. Јас знам дека цените во Трогир и Сплит се по 25 евра од човек, дневно за апартмани, и немало шанси да се најде нешто поефтино :worried: Плус и цените за јадење биле високи ... незнам, јас вака сум информирана.
    Местото е прекрасно, вреди за сите пари, ако одиш убаво да си поминеш :hai:
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Хрватска е незаменлива, неопишлива. После Макарска нагоре, односно од Сплит нагоре (вклучително и Сплит) е препреубаво. Е `малку` скапо, ама преубаво е. Ако имаш финансии за таму, верувај нема да се каеш.
    На Бол е убаво, а ако имате прилика прошетајте го цел Брач. Воедно многу убаво е на Супетар (на Брач). :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    јас ова лето планирам да одам во Мороко, ама како што тргнала работава изгледа само до Шпанија ке стигнам. :/ Ептен тешко ми оди планирањето на одморов...
     
  8. Minnie89

    Minnie89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    Девојки ај ве молам ако била некоја во Парга во Грција,да ми каже нешто повеќе за местото???
     
  9. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Јас летово со дечко ми и со друштвото одам во Грција во Полихроно во хотел на самата плажа ! 8)
     
  10. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    преубаво е :) воопшто не личи на оние типичните грчки гратчиње како Паралија, Пефхокори. Ова е стар град, со тесни улички и многу скали бидејќи се наоѓа на брдо. Има и тврдина :) Плажата во градот е мала ама ако шеташ околу градот, има преубави плажи. Ноќниот живот не е нешто посебно, немој да очекуваш забава како што има на Закинтос, Крф.....Местото е мирно и обично одат фамилии и парови :)
     
  11. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    појма немам :D
    зависи како ќе ни бидат финасиите и слободните денови на дуди :D
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Веќе закажавме 7 дневен аранжман за Крф пред да ни почнат испитите.
    Цел јуни, а по се изгледа и почетокот на јули ќе се бафтаме со факултетски обврски, па најверојатно потоа ќе отидеме на уште еден 7 дневен одмор, по можност некаде на краците.
    Охрид не ни бега, секое лето поминувам барем неколку дена таму, така што и годинава здравје ќе отидеме. А после море и езеро, следи одмор на планина. :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Оваа година на планина. :mm:
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    највероватно у грчка на некој од краците :)
     
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    сакам турција ама зависи од финансиите
     
  16. Minnie89

    Minnie89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    Фала многу :D А кажи ми ти кога беше преку која агенција беше и отприлика каде ви беше смештајот,пошо по агенцииве читам 250 м-300 од плажа за сите вили што ги нудат претежно така,е сега сигурно не се 300 туку 500 м ама од која плажа мислат.од таа што е градската или Валтос?
     
  17. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    јас бев во сопствена режија, сместени бевме во хотел подалеку од градот. Инаку ова што се нуди, колку што знам, е баш во градот,мерено од гратската плажа, ама на брдото, така што планирај дека ке имаш многу скали за качување :)
     
  18. Minnie89

    Minnie89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    Фала ти многу,има уште малку време да се одлучам :D
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Минхен, Инсбург па Лече, уз пат мала тура низ Италија, планираме да прошетаме низ повеќе градови, ќе видиме што ќе испадне :)
     
    На Phyramide, anabel-a, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Нела јас бев само на 1 дел во Бол на Брач така да моево мислење од еднодневното шеткање не го сметај за да донесеш пресудна одлука, но да си кажам дека не ме фасцинираше Бол.
    Прво ќе кажам дека Хрватска е МНОГУ скапа, а Брач и Хвар се многу повеќе поскапи од крајбрежните места како Макарска, Тучепи, Сплит итн.
    Ќе зборам за еден обичен сладолед каде една топка е за 2-3 куни поскапа на островиве. А и се беше поскапо во супермаркет и тоа од најмалку 20-30% па и повеќе во рестораните од мениата што ги видовме.
    Инаку најмалку 500 до 600 евра за просечен 10 дневен одмор би ти требале од човек. Без да се расфрлаш.
    А да кажам дека изгледаше на досадничко мало место, ако Макарска ти е досадна, Бол е уште подосаден, бар за мене бидејки бев и на двете места.
    А јас се сполетав на Бол заради истоимената плажа, нели :)
    Иииии.... аш немаше песок. Се е тоа камчиња, од воздушна линија изгледа тоа место фантастично.
    НО таму кога ќе отидеш потпросечно.
    Од едната страна на плажата ужасно дува ветер и тука има параглајдери и сурфери. Од другата страна е посмирено и водата е бистра убава, ама мене и пребистра ми беше и на крајбрежјето. Иако сепак остров си е остров, тука нема дискусија, секогаш островите имаат поубава морска вода и точка. Али одма почнува длабоко и водата е поладна некако има струи на плажава доста. Е фино е што во средина има борчиња, има кафичи па штом ти е топло трк под борчињата. Инаку на плажава се оди или со кола или со бротче, не е одма до гратчето, има одалеченост.
    Ако случајно одите имате организирани тури од кај нас за 350-450 евра отприлика нели зависи кој период одите во апартманчиња и обавезно зимајте со храна. Или ако резервираш сама хотел нели. Никако да се храниш таму бидејки е огин.
    Како и да е убав релакс одмор би се поминал на Бол. Но јас ако одбирам некад пак би ја одбрала Макарска како позабавно место, него Бол :)
    Ама тоа е мое видување, а Хвар е ухууу топ, ама и таму треба уште повеќе парички :)
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.