Прилично информации Ај што ме разочара дека е многу поскапо од Макарска и што се оди со превоз до плажата, врв е ова со водата дека е ладна Се се, ама ладна вода не сакам ич. Хм, ќе ја смениме опцијата изгледа, а Макарска сум била на еден ден, па сега не ми се прави ќејф да одам таму, а Хвар не сум била, баш ќе разгледам понуди како е што е. Ако не испадни ништо од планот, најмногу ради цените, ќе има летово пауза изгледа а здравје другото лето на подалечно место или Хрватска ама со добро наполнат џеб.
После толку комбинации и дестинации, одлуката падна на ланската желба, Палма де Мајорка Некое грчко островче е неизбежно.
Луѓе дај кажете некое место надвор од државата , каде што е убаво а за малку пари ( пример 12 или 13 илјади ) Планирам да одам на одмор па дајте ми некоја идеа вие ?
Најверојатно Грција, најблиску ни е, што е супер за со деца. АМА... многу ме нервираат, многу. Годинава, на цела криза во која се наоѓаат, цените им се повисоки од лани. Апартманот што лани го плаќавме 85 евра/ден, годинава е 95 евра . Не ми е јасно, ама ај....
Таму знае да е доста гужва, Бол е најискомерцијализираното место во Хрватска. А мал е овој дел со песокот, и сите се таму. Во принцип, во Хрватска местата мислам дека доста наликуваат едно на друго, и каде и да одиш, горе-доле го има истото. Можеби Хвар е навистина посебен, ама и другите места се многу убави. Секаде може да се најде по некоја плажа или со песок, или со стини камчиња, и на многу места водата е тиркизна. Околу секое место има убави места кои можат да се посетат. Водата е многу чиста, особено на островите, што подалеку од копно, тоа почисто. И не е толку ладна, особено што претпоставувам дека си навикната на охридско езеро . Сепак, во јули и август е најтопла. Лани се бањав втората недела од јуни, и супер беше, а во септември не сум била, ама секогаш сум таму на крајот на август, и многу зависи какво е времето - може да е бања, а може и да не се влегува во вода, имало лета кога во август врнело секој ден. Ако сакаш недопрена природа и чиста вода, Хрватска е вистинското место. Храната по ресторани е доста скапа за човек со наш стандард да јаде секој ден по ресторани. И по маркетите е поскапо од тука, особено на островите. Лани јадењето нас не фати околу 40% поскапо од тука. Месото е доста скапо, а и овошјето и зеленчукот. Е сега јас одам на Вис, па тоа е и подалеку од другите па се е поскапо заради скапиот транспорт. Плус овошјето и зеленчукот ги држи еден човек, па си имаш работа со монопол, можеби на другите острови е поинаку. Во Сплит знам дека е доста поевтино. Пијачките се главно ок, цените се слични како тука. Цените на сместувањето не ги знам баш. Мене ми е незаменлив одмор. Само таму се чувствувам во потполно природна средина, не можам да го објаснам тоа. Ама не знам колку сум објективна, порасната сум таму, љубов е тоа
Кое место во Бугарија е подобро за млади: Сончев Брег или Златни Песоци? И дали лесно се наоѓа сместување кога ќе се стигне на автобуска таму на лице место и колку пари отприлика е во месец јули? Пошто битолскиве агенции слабо некако со понуди за Бугарија
http://www.youtube.com/watch?v=J-nppGmGgQ8&feature=related http://www.letovanjecrnagora.com/sutomorskaplaza.html
Летово имам на располагање долг одмор. И како што се ближи сезоната а и времето, јас пак у полет со планчиња. А 5% ако искочат добро ќе биде Сега за сега е сигурна Шпанија на недела дена и викенди некои во Прага и Лондон да си ги посетам другарките а и на моминска вечер сум Почеток на август, односно крај на јули веројатно неколку дена во Хрватска кај другарка у куќа на море, мерак би ми било да успеам да ја посетам, затоа што супер друштвенце се собираме. Измеѓу ептен би сакала да истерам ЈУ трип со другарите од под триглав, планираат до Сараево да идеме а јас Сараево во срце го носам. Ама тоа дали ќе успеам не знам. И мооожеби некои ден, два во Грчка. Евентуално Охрид, ако ми е таму друштвото. Се зависи како ќе се договорам. Како што реков 5% ако искочат ќе бидам пресреќна Барем оној првиот дел Шпанија, мирен одмор, џип и шибаме по островот фиууууу. Битно едвај чекам да се одморам. Што и да бидне, само да не мислам, барем едно 5 дена и да видам само тиркизно море и да чујам шум на бранови. Изгрејсонце и зајдисонце на плажа, и ништо повеќе не ми треба.
За ова лето си имав повеќе планови но ништо од тоа. Излегоа непредвидени работи , трошкови.. така да ништо од големото уживање. Охрид е дефинитивната дестинација.
Јас мислам дека болје ти е во Несебар да бидеш сместена, ние така направивме, и одма кога ќе се симнеш од автобус има луѓе што ти се понудуваат за смештај! Едни жени дури и се испокараа која попрва да ни се понуди Евтино беше. Во Сончев брег се е хотели и поскапи се апартманите. Во Несебар само за спиење и јадење бевме пошо имаше како кујна со домашна храна самопослуга и за малку пари фул ти е стомакот. После имаш едно левче едно билетче-автобус што те носи до Сончев брег за 15мин си. А за враќање или со такси 10лева или по плажа Ние по плажа си идевме и уште што се не видовме по пат А дечко ми лани беше на Златни Песоци и ми кажа дека е поскапо и јадење и дискотеки пиење и смештај а исто е за журкање. Јас така би ти препорачала, смештај во Несебар, искачање во Сончев брег.
Си правам јас планчиња за во септември веројатно Турција, ама дали ќе се исполнат којзнае Ако е се како што треба може ќе го искористам мојот пасош да не рѓоса од не користење Ако планот за Турција не се оствари, можно е викенд во Охрид.
Оваа година ништо од морето...Од 20јули до 1авгист ќе бидам во Франција и поради тоа нема да можам да одам некаде на одмор, а многу сакав да одам во Хрватска. Сепак останува Охрид да си одам на плажа и да си фатам боичка
Јас лани бев Сончев брег....хотел Верис. Бевме презадоволни со дечко ми. Газдарицата е македонка, хотел со ***, ама вредеше и за повеќе. Базен лежалки, секое утро различни понуди на појадоци, виршли варени/пржени, салати, јајца верени/пржени, млеко,кафе,јогурт,сок,чај...житарици колку сакаш, салати, овопје, чајна,кашкавал,салама,печеици.....фулл беше изборот секое утро. Внатре собите големи комотни,средено купатило, собарката секој ден чистеше, секој 2/3 ден менување постелнина пешкири. Убава комотна тераса. Ние одевме преку Туристичка агенција бисер пром-скопје, ти се исплати да дојдеш со воз/автобус до скопје и да одиш со нив.Зошто они соработуваат со тој хотел (ќе поставам слики) Местото е лудница за млади, фулл, на секој 50 луѓе, може ќе видиш прачен пар со деца. Навечер дискотеки кафулиња,барови,плесачици.....еден куп. Плажа милина, влагаш во вода нема да наидеш на камен,се е песок, нема карпи. Водата е чиста, и ни еднашка не ни се погоди црвено знаме, цело време беше дозволено бањање...јас најмногу од тоа се плашев дека зборат нели бугарија многу бранови ова она.