офф кога ке видам некаде флаери од туристички агенции за летување, ми се плаче ова лето планиравме да одиме на одмор, но ни излезе свадба да правиме во јули и местото за одмор се изгуби, евентуално во август или септември да отидиме на 5 6 дена до нашиот јужен сосед атер да му направиме не летото, оти не е фер цела година го чекав да дојде за на одмор да одам.
Ја мразам Бугарија баш за ова. Од сите што биле во Бугарија истото го слушам. Се изнајале, се изнапиле до бескрај. Дали ја тоа поинаква претстава иам за одмор, ама нигде неможам да прочитам или слушнам коментар за Бугарија за некои местенца интересни да се посетат, уникатни. Што е работава со Бугарија, до толку ли немаат што да понудат, освен еден куп неограничено јадење и пиење? Дајте предлог за некое место во Бугарија, што мора да се посети, нешто стварно единствено. Штом одам во друга држава, сакам да видам нешто што овде нема, или што е својствено за таму, а не да дремам на лежалка покрај базен и да пијам цедени сокови и тазе печени пици на секои 10мин (ова од пријатели што биле). Па уште да идам на одмор и цело време да шета мирисот на храна по мене? нека мириса на море бре, на море сум отидена
За да посетиш место треба да отидеш со кола, вака не ти се исплаќа да се акаш по автобуси. Јас кога бев , бевме сместени во Слнчев брег, но со градски бус си одев до Несебар. Инаку со кола прошетавме до Златни песоци, Елените, Варна, Софија.... А атрактивни места како во Турција, Памук Кале, и сл дефинитивно нема во Бугарија. Сепак кога одиш на одмор знаеш зошто одиш и со оглед на тоа ја бираш турата, т.е. местото каде ќе престојуваш. Кога одевме за Бугарија знаевме дека сакаме журка, забава , лудување до максимум. Додека Турција однапред се распрашав и знаев што се може да ми понуди и што од тоа сакам да видам, посетам, искусам.
kravce, како што рече meU јас зборам за одење преку туристичка агенција, ете ние одевме со автобус и до Несебар, па шетавме ваму таму...значи може, но си далеку далеку поограничен
Во Бугарија идеш да се изнапиеш , изнајадеш , ижуркаш , си фатиш партнери и партнерки од цела Европа (сите од Европа на сончев брег идат ) и ако сакаш како мене да се бориш со таласите .... а Ако сакаш да гледаш уникатни местенца и сл. тоа го имаш во Турицја , Грција , Србија и Италија како поблиски места до МКД , се друго е party till you die
^богами цела европа јас мислам беше таму навистина, од украинци,руси, шпанци,италијанци,германци,холанѓани....божеее, а тек романија,србија...да не зборам (зборам во смисла народ од многу земји, а не за пронаоѓање партнер)
^^ За журкање, јадење и пиење до бесвест, можам и тука (за партнери од цела Европа нит желба имам, нит потреба). Само си се изјаснив зошто ја мразам Бугарија за летен одмор (за зимски е сосема друго).
^јас не зборев да одиш таму за партнер да најдеш,јас таму бев со дечко ми, туку велам има многу странци= значи местото чини
Значи кравче на кратко, ако сакаш/ несакаш журка , забава, лудило невидено, сега знаеш каде има. За онака културни работи Бугарија нема, баш се е некултурно таму И сега дај извести не што ќе одлучиш каде ќе шеташ летово, а од кога ќе се вратиш и слики сакаме
Па баш тоа е одмор, а ти тоа што го бараш е екскурзија разгледај по туристичките агенции мнозина од нив нудат добри екскурзии, а впрочем па и што повеќе да се очекува од Бугарија од супер песочни плажи, ефтини аражманти и добра забава? Доколку сакаш екскурзии можеш да ја посетиш Турција, Хрватска, Италија, Бугарија е тоа, неможе да ти понуди повеќе!
ќе идам на културно место Како ми се нафрливте боже боже, ко од Бугарија да сте сите Мене не ми се сфиѓа тоа што го нуди Бугарија, не ми се сфиѓа што сите кога ќе се вратат зборуваат само за тоа колку изеле и испиле, тоа го можам и овде. Ќе уплатам во некој хотел на Велешко, ем ќе иам вода крај мене, ем базен, ем ќе јадам и пијам до немај каде. Ако одам веќе, значи тоа е работата, ако одам веќе во друга земја, барем таа земја нека има нешто повеќе да понуди од она што го можам дома. Мене (лично значи, аман веќе лично!) тоа не ми е убаво и не ми се допаѓа. Заради тоа не ја сакам Бугарија. Па не ми враќајте сеа што сакам што не сакам, знам што не сакам. За туристички аранжмани знам што да си побарам, не мора да ме советувате. Прашав, значи прашав, дали Бугарија има некое место кое е исклучително и треба да се посети, освен јадење, пиење и журкање. Сега знам дека нема, нели...фала многу на одговорите ајде кис4е, мва
Де бе не се нервирај , како и секогаш уживам да те читам, ме изнасмеа Да си имаш културно и најубаво лето
^ Јас мислам да си ги преиспиташ желбите и размислувањата Ние кај јужниот сосед, фамилијарно, опуштено, со журки по дома само
Сигурно има многу фини и културни места во Бугарија кои вреди да се посетат. Ако ти е мерак за Бугарија прочепкај на интернет и во своја режија сигурно ќе си изорганизираш одмор за памтење
Кравче е донекаде во право, ама делот со јадењето си влече корени во македонскиот менталитет. Не се однесува само на одмор - како си поминавте? - Еј, да видиш, јадење, пиење, ол инклузив, сме се протуриле; туку се однесува и на свадби, крштевки, родендени, журки, матури, раѓање бебиња, па дури и умирачки, пу пу. Се' кај нас е врзано за храната, така да нема тука многу чудење. А во Бугарија има секако што да се види, моите лани беа во едно мало местенце Св. Константин и Елена, ајде да речам дека е слично ко Св. Наум во Охрид, само е мало градче, со традиционални обележја, манастири, цркви, типична архитектура за тоа поднебје, со организирани традиционални бугарски вечери, нивни јадења, песни, ора, народни танци, а не певаљки од Планет на секој чекор и водка флирт на менито. Само ова е сепак место за фамилијарни луѓе, мирно и тивко, типичен семеен одмор, за журка не е. Старите делови на Несебар, Созопол и Поморје се исто така фини за панорамско разгледување. Сигурна сум дека има и други делови во Бугарија што вреди да се погледнат, друга работа е што таму акцентот се удира на локање, журкање, раштракани цицки (зарем не ги видовте матурантките) А за таков тип на одмор за каков што зборува Кравче и јас сум за, чувствувам дека не ме влече нешто посебно журка до 06 сабајле и штикла од 12 цм. Сум станала како пензионерите, јас сакам рано на плажа, коктелчиња, ручече, одмор, шетање, разгледување, дремка, книга во раката, без многу ука-бука. Има толку многу прекрасни места низ Македонија кои сакам да ги посетам - неколку дена во Берово, па Колешинските и Смоларските водопади, а врв на тортата - Вевчани, сум слушнала дека е магично, да имам пари, ќе си направам мини екскурзија низ нашата убава Македонија, секаде по 2-3 дена. А ако толку запекам за плажа и бањање, еве ја Грција, аранжмани во мај и септември 7 денови, за багателна сум, оди и пробањај се како човек.
1. За тебе имам специјална понуда = Градот Сутоморе во Црна Гора 2. Септември идат најчесто парови со деца (што уште не се за во забавиште/школо така ако не си човек кој не трпи деца како плачат низ плажите ти претпорачувам да не идеш
^ Фала Јипи, лани бев токму таму, да речеме во екот на сезоната, 20 јули - 01 август, немаше место каде игла да се пушти, премногу гужва, тутма, немаше место пешкир да си спружиш, значи ХОРОР, секаква мешавина - од тинејџери, до младичи ко нас, до млади парови со бебиња, па и пензионери, се на куп, турбо-фолк колку ти душа сака, ѕвезде гранда секоја вечер на репертоар у живо, не фала. Значи јас си барам место со средна, по можност никаква гужва. Суто Море е малечко место, кој е за фолк и лесковачка за евтини пари и таков тип на журка, ќе му се бендиса, мене не. И да ти кажам право, онака од срце, измеѓу плачливи деца и шмизлотини на штикла со лакчиња во рацете и 10 кила лак во косата, ја пре би дечињата да се врткаат.
Пељешач Хрватска ... полуостров со 10тина градчиња од кој повеќето со не повеќе од 500 домашни/туристи .... плажа+уште една плажа у близина 90 км од Дубровник ..... има продавници нема гужви и дисковци и турбо фолк (хрватите имаат Северина ) нема ни таласи оти е затворено од островите ... Еве ти го полуостровот Еве пред 2 год кај бев , едно од градчињата ...сега ја праќам мајка ми тамо секој Септември за да бидам сам дома Тука ти е и Оребич поголем град со 3-4 илјади туристи/домашни Претпорачливо со кола да идеш , имаш преку траекти да ги разгледаш и островите во близина .... Местото е некаде во близина на Стон градот. Имаш тамо некоја тврдина како Кале ако сакаш такви работи да гледаш Еве ги градовите
Во Јуни ќе одам за Охрид, потоа во Грција ама само еден ден од понудите што се преку агенција и потоа цел месец кај баба и дедо во Германија. Не дека ми се оде кај нив ама ај сакале да ме видат.