Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.202
    Пол:
    Женски
    Ние годинава ќе одиме во (бидејќи не знам како се чита ќе го пишам во оригинал) Psakoudia, мало селце на почетокот на вториот крак во Грција.
    Ако некој до сега бил може да сподели впечатоци ако не јас ќе ве информирам на крај на наредниот месец.
    А за Пељашац и Оребич :x УБАВИНИ!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Те чекам да знаеш во Вевчани, ако имаш слободен викенд дојдии ќе те изнашетам секадее + сега е најубав период за идење кај нас(нема да ти откријам зошто) :$ :$
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Занте, Лаганас.... :rock: :rock:
     
  4. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Грција,Србија,Дојран.
     
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Најверојатно Грција,а Охрид е неизбежен :)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Сега ќе си го гризнам јазикот и газот воедно и би сакала да продискутираме за аранжманите во Грција, зашто еве, слушав досега само коментари од пријатели, јас конкретно не сум била и им верував, додеа не отворив сама да разгледам по агенциите.

    Вон сезона, значи мај и некаде до кај 10 јуни, може да се најде сместување за 45-90 евра по човек, само спиење и вклучена повратна автобуска карта.
    Кај поголем дел пишува дека климата не е вклучена - 7 евра на ден, значи 10x7=70 евра, и плус оние за аранжманот, му доаѓа да речеме - 150 евра во просек од човек.

    И тука нема - никакво јадење, пиење, апсолутно ништо.
    Нема да потрошите 150 евра минимум за 10 денови во Грција, за појадок, ручек, вечера, излегување, плажа, итн?
    И прашањето е - дали ќе ти стигнат, или ќе треба да се стискаш.

    Кој е тој евтин одмор во Грција се прашувам, или тука се подразбира наем на апартман кој го делат осуммина, натоварени од дома со месо, јајца, пиперки и патлиџани, за да се готви таму?
    Зашто тоа реално одмор не е, кој како милува, јас не сум за тоа.

    А да не зборувам за цените во екот на сезоната, од 450 евра па нагоре за апартман - од човек? :^)

    Споделете искуства, навистина сакам да знам како се поминува убаво и евтино во Грција. Јас не гледам ништо евтино тука, дури и вон сезона.

    А еве Бугарија за пример, во екот на сезоната, 20ти јули, хотел со *** во Албена и All Inclusive, 300 евра.
    Епа мајке му... нема споредба.
    Нема.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hема споредба цени со бугарија и грција :) Pеално грција е каде-каде поскапо, ама и каде каде поубаво :)
    Xраната да, навистина е скапа, евентуално ако не јадете секој ден гиро, зашто реално само тоа е приближно до нашие стандарди 2е и некој цент.
    Kафињата-изгор- турско кафе, 2-2.5 евра, за една голтка :D
    искачање е скапо,15- 20е (зависи не секаде се плаќа, зависи каде си отишол) само за да влезеш, и дали ќе имаш пијачка + е прашање.

    водка од 13-15е чаша, ама чаша чаша, а не лед и 2мл водка како кај нас :D

    Pестораните се навистина скапи, за двајца, не ви бегаат најмалку 30е.
    и тоа зависи до ресторанот :)
     
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    8.573
    Трендафилке, да ти споделам искуство со вон-сезонски одмор во Грција.
    Три жени поминавме евтино.
    Одевме преку Савана, точно на 1ви септември. Сместувањето ни беше во вила, стандард студио опремено со апаратура за готвење, садови и три легла, тоалет.
    На агенцијата за патот со автобус и траект, и сместувањето 9 ноќи и плативме во просек по 6 000 и нешто. Со се осигурувањето мислам дека 330 евра ни излезе. Значи по 110 евра од личност.
    Не плаќавме клима за собата, од проста причина што немавме потреба, имавме вентилатор, бевме на прв спрат и навечер беше удобно за спиење.
    Одевме на тури со брод што сами си ги најдовме таму, не оние што ни ги нудеше водичот.
    Нашите тури/крстарења беа по 5,10,12 евра, нејзините најевтини беа 15, 20,25 до 35 евра.
    За таа сметка не јадевме по ресторани секој ден. Гиро 2-3 пати во ресторан, за кој имавме купони за попуст, нели сепак е Грција. Кога готвевме тоа беше месо и салата, супа. Појадокот мусли, јајца, сендвич.
    Тоа готвење не одземаше повеќе од 30-45 минути а заштедува многу. Додека едниот се тушира другиот става супата во вода, сечка салата, месото само се динста. Ние така правевме.

    За излегувањето, келнерот во клубот кај што одевме излезе бугарин дека е па ни носеше со секој коктел по еден бесплатен или ни ги наплатуваше на пола цена, по 2.5 евра.

    Сепак беше семеен одмор, но мислам дека и со партнер може да поминеш на ист начин.
    Ние не одиме на одмор за да јадеме, спиеме и пиеме. Преферираме да јадеме дома а за тие 15-20 евра да прошетаме. Радо би да видам и да пливам до огромна желка наместо да изедам пола таверна ;)


    А за Бугарија, морето за мајка ми е одвратно, водата студена и не доаѓа во предвид нејзина нога да стапне таму. Сестра ми беше и таму со дечко и, искрено многу евтина понуда ама морето е зелено бе. Мене ми е место каде што одат неизживеани пубертетлии за да се воодушевуваат на кичот. Другарите мои беа лани за да после фрчат слики со танчерки :^) Мислам 23-4 годишни мажи! Или од журките на Какао бич, чии цени се вртоглави и дрога лета на сите страни.
     
    На eleni23, karmenka, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да си кажам :)
    Лани бевме во Грција на почетокот на јуни на првиот крак во Неа Скиони во хотел со 3 звездички за ич пари . Бевме тројца ,јас маж ми и синчето (до душа не се плаќа за него ,но за трет возрасен се доплаќа 50 %од цената ) . Плативме се на се 220 еур за 7 ноќевања. Понудата вклучуваше полу пансион. Плажата ни беше на 20 метри од хотелот. Плус за пиење на плажа и сладолед и др глупости потрошивме уште 40 тина еур.
    Оваа година има уште поубави понуди и поевтини. Поготово за аранжмани до 10 јуни .
     
  10. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    И јас ќе одам во Турција и Охрид :) ;)
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @ Trendafilka
    Во ек на сезона, во Грција, плативме апартман по 108евра од човек, за сите 10дена (5 души бевме со кола). Носевме храна од дома, од чиста причина што ем сакаме да готвиме, ем не им верувам на непознати готвачи (т.е. сакам да знам што имам во чинијата). Бевме 3 девојки и 2машки, имавме супер апартманче, со терасичка, кујната беше мала, ама ние домаќините :D кога готвевме сите се бутавме внатре, па неретко не фаќаше лудило од топлината на шпоретот. Не јадевме сува храна, не сме фанови на тоа, плажата ни беше преку улица, навечер по пижами поаѓавме до таму :tmi: домаќините беа услужни на секое наше прашање или проблем, културно ни помогнаа. Местото кај што бевме е малецко, немаше големи гужви, беше мирно за спиење (тенк год), цените си беа грчко височки, имаше прекрасна пекара во близина, со преееубав леб (таков нема ни у цела Македонија) и ред други работи, за во супермаркет да испазариш е поскапо, но не е којзнае колку, а во рестораните цените си беа...крајно височки (но јас лично, во животов мој, не обожавам да јадам по ресторани и кафани).
    Го истеравме одморот (пола одмор со храна од дома, пола со храна таму купена) со уште 100евра плус, значи вкупно 200 да речеме, без воопшто да си ускратуваме од нешто, туку баш си приуштивме се што ни се сакаше (дури и глупости купувавме).
    Јас на пример, не сакам да имам ограничен период за јадење, па да знам дека ако не јадам во 8сабајле, после више не ми следува доручек, па оди снајди се со нешто. Но ова више у друга тема влегува. Да сум со фамилија, поверојатно би избрала хотел. За сега, јас бев и повеќе од задоволна од Грција лани.
    Патем, дали ова го има во Бугарија?
    [​IMG]

    овде немаше потреба ни да мрдаш со раце и нозе, во водава се лебди, неверојатно прекрасно (си ја настинав овде бешиката, зашто не ми се излегуваше од вода :$ ).
     
    На eleni23, Nine25, tinkerbelll и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Искрено ме радува што читам вакви позитивни и евтини искуства за во Грција, зашто гледајќи го ценовникот од неколку агенции, просто страв да го фати човек.
    Не ми е проблем превозот, имам можност да отидам со кола, проблемот е што ние одиме на одмор сами со дечко ми, и не делиме апартман со никого.
    Едно е кога ќе поделат 5 души, а друго е кога го плаќаат само двајца.

    За храната и готвењето, и тоа не ми е некој проблем, јас сум вешта во кујната, би готвела што да не, иако пак ќе кажам - замислата за одмор не ми е да тргнам од дома со храна, зашто нема споредба со се' сервирано.
    Но тоа се веќе индивидуални замисли за поимот одмор.

    А инаку, не барам бесен ноќен живот, дискотеки, журки, чуда, само блиску да е плажата и да нема премногу гужва.

    Верувам дека водата во Бугарија и Грција нема споредба, иако сум била само во Бугарија досега.
    Се' си има свои минуси и плувчиња.
    :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Во Грција ако имаш Лидл во близина, 90% од проблемот околу храната ти е решен.
    Ние голем дел од храната ја купуваме од таму. Носам нешто и од дома, пред се месо за готвење и скара, а овошје и зеленчук носиме колку за првите денови.

    Цените во Лидл се како во нашите маркети дури и пониски. На пример по 2-3 евра чинат пита од која можат да се најадат четворица, рижото со моски плодови, панирани лигни, вреќа помфрит за 4-5 пржења. Значи ова е се замрзната храна која можеш за 15 мин да ја спремиш. Не е екста здраво, но 10-12 дена се издржува. Сладолед - живо џабе, салатички ѕаѕики и малиџано околу евро, има евтина моцарела, млекото е дури поевтино од тука, флашираната вода исто. Нес-кафе, маслиново масло...
    Другите маркети или локални продавнички се неспоредливо поскапи.

    Ние остануваме скоро месец, така што нас само Лидл не ни врши работа. Купуваме често свежа риба од локалните рибни пазари, и тоа е нешто поскапо. Покрај рестораните само поминуваме, освен понекогаш на гиро.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ништо не испадна за Бугарија, веќе резервиравме за Закинтос, а вака кога читам мислењата за Бугарија малце криво ми паѓа, бидејќи за помалце пари ќе си поминев исто убаво. Ама ајде, другата година :)
     
  15. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Ај некоја феминка, ако ѕирнала убава понуда за Бодрум јас сум заинтересирана, за авион и алл инк... Аманте помагајте, дечко ми е против Турција а јас многу сакам, па сакам да излезам со некоја јака понуда :D
     
  16. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Лани бев и можам да ти кажам дека уште го памтам одморот, не се заборава. Посети ја дискотеката Cocktails and Dreams и карши еден го забораив како се викаше :D
    Преубаво ќе си помнеш,водата е прекрасна и плажата 8)
    а на плажа иди-Хавана бич.
     
  17. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    А дали се плаќа влезница во тие дискотеките и колку пари се пијачките отприлика? И таа havana beach-до неа се стигнува со кола или моторче така :) ? А градската плажа во лаганас убава е ?
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Мене Бугарија ми е преубава, морето ми е супер, водата беше чиста онаму кај што бевме ние лани со либето :) И не, не сум по журките :lol: во цел мој живот 3 пати имам отидено во дискотека :$ Од она што го слушав порано мислев дека сите таму одат за да пијат и да се журкаат,но не било така, јас не бев за тоа :rofl: а имаше и многу фамилии со дечиња , па и постари луѓе :) Плажата ни беше блиску, смештајот солиден, шетање колку ти душа сака :) Шопинг исто така :wasntme: Годинава работиме на средување на нашиот заеднички дом па нема да идеме никаде, инаку дефинитивно би одела пак :)
    http://www.dodaj.rs/f/e/G1/EjUcqKS/1/dsc01347-1.jpg
    http://www.dodaj.rs/f/2e/w7/3LN0Xn7V/1/dsc01149-1.jpg
    http://www.dodaj.rs/f/1P/uk/zgJAuTP/1/dsc01152-1.jpg
    http://www.dodaj.rs/f/1E/gb/35Tvr94M/dsc01230-1.jpg

    Уба си е Бугарија, немој некој да рече дека не е :P :wasntme:
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Трендафилка ти препорачувам да одиш во агенција Игуана, таму имаа најдобри понуди за Грција од сите агенции, а ги прошетав во голем дел. Имаат понуди за секаде.
    Мое ефтино искуство во Грција беше лани, бевме 3 жени во апартман со спална, кујна и вц, на сама плажа, плаќавме по 10 евра од ден од човек. Значи по 100 евра не фати сместувањето. Храната беше многу ефтина, гирото беше 2 евра, порција лигњи 5евра, други порции јадења немаше поскапи од 10 евра, се и свашта имаше за јадење и беше доста ефтино. Во пекарите исто, цени поефтини од Вегера, супермаркетите исто така беа доста ефтини и за грицки и за пијачки. Ние не готвевме, само насабајле нешто намачкано и тестенини еднаш што сваривме. Ова ти кажувам за Олимпик Бич, близу Паралија. Е сега водата не е нешто wow ама плажите се супер. Дневно изнајмување на лежалка беше по 2 евра со тоа што добиваш и акфе, сладолед, грицки, вода на секој пола саат и то. Влезот во диско за жени беше бесплатен и + добивавме неколку картици за гратис пијачки. Значи знедно со шопингот што го истерав таму мене одморот за 10 дена ме чинеше 250 евра, + 50 евра за автобуси :lol:
     
    На Trendafilka, CrazyStupidLove и Saya им се допаѓа ова.
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Занте,па и до Охрид и Белград.