Ние ова лето ќе одиме во Неа Потидеа на Халикидики, за прв пат таму одиме, се надевам убаво ќе си поминеме! Ме интересира дали некоја од вас била таму или пак дали некој ова лето ќе оди таму, за да ми каже како е таму, плажа, градчето, како се цените и слично! Фала Однапред
Во грчка е ефтино вон сезона, инаку годинава претеруваат стварно За убаво - убаво е , ама кој има можност да отиде вон сезона има да се изнаужива за малку пари. На Пефкорои во август 450 евра, ти се молам! За тие пари ке идам у Шпанија
Немаше да си поминеш исто, Бугарија и Грција НЕ СЕ СПОРЕДУВААТ. Си направила многу подобар избор Мене стварно не ми е јасно зашто сите пишувате МОРЕТО во Бугарија? Според моите просечни познавања од географија, море е незатворена водена површина која се поврзува со другите води природно, а не со ископан канал, според тоа Бугарија има езеро, а не море. А јас не сакам одморот да ми зависи од тоа случајно како ќе се погоди, дали ќе има смртоносни бранови, или нема да има... Не сакам да сум на ризик да се бањам во базен 4-5 дена од 10. Плус тоа 15 саати пат човече, за нешто што го добивам за плус 100 евра во Грција која е на 5 саати или евентуално исто ако се решам за остров. Инаку јас памтам порано со моите одевме на одмор пред сезона во јуни, дури некогаш и на самиот почеток на јуни, за ич пари, кога дури и во маркетите цените се упола, денот е најдолг, морето е кристално, гужва нема. Некогаш сме оделе и од 20ти јуни до 1ви јули на пример. И сега вечерта пред 1ви гирото било 1.80, праските биле 2 евра. На 1ви сабајлето гирото е веќе 2-2.20, праските 2.40 Што значи не е само смештајот поевтин туку буквално се вон сезона. Многу ми е криво што сега веќе сум студент па цел јуни некако ми иде у к*рац со извинение, а во септември сепак не би идела затоа што веќе се скратува и денот, некаде има веќе медузи и тревуљини итн. Инаку мене ме интересира, дали има во Грција некое место со слични цени како оние во Паралија? Само да не е Неа Врасна. Ги разгледувам агенцииве и стварно 100 евра за смештај плус за на краците не ми се дава, нити ги имам во моментов. На островите не би одела бидејќи дечко ми како услов кој него му е битен едино надеве да не патуваме мн долго со автобус, бидејќи нема живци човекот.
Аман те бе луѓе, сите отидовте во Грција! Сакате да им помогнете со кризава или? Пре би во Албанија да одам, него кај овие.
Еј ај молим те од овие „патриотски“ мисли ми се кака више. Извини, ама не ми се ризикува да ме лупне струја дур се туширам, да нема еден што разбира англиски, да се возам 10 саати по лош пат, да ми смрди на гомна цел одмор. Повели ти во Албанија и убаво да си поминеш, ако си толку патриот изволте смисли решение за името и нашите лоши НЕСОСЕДСКИ односи и излези надвор на протести. А во Албанија здравје за 5-6 години кога ќе им се подразвие туризмот.
Епа не те научиле доволно географија Морето во Бугарија е супер,ама на некој не му одговара ете.И ние лани преубаво си поминавме,само последниот ден имаше бранови,а и ефтино поминавме. И Грција е убаво секако,ама сега не би одела.
И не е 15 саати пат туку 11 ипол и кога би го споредила со Јадранот , морево во Бугарија е десет пати подобро ( бар за мене) , вo Црна Гора два пати влегов во вода пошто беше грч ладна, камења еден куп и на плажата и внатре во водата, а овде ситен песок абе мераци Во Грција немам отидено а и не сакам, не од патриотизам ама ете така не сакам Во однос на брановите имаше малце ама па баш беа интересни не беа огромни за да те однесат, туку онака брануваа само малку Кој како си сака, ама еднаш да отидете ќе видите колку е убаво , и ја така пред да одам зборев, водев инат на дечко ми дека не сакам ова она, еве сега сакам ама ете нема
^Дечко ми е спротивност на твојот дечко, има идено неколку пати во Бугарија и само едно ми има кажано, ти во Бугарија ниеднаш нема да влезеш во морето. И јас си го слушам и не ги ни разгледуваме тие опции. Одбивност имам и точка. Може би идела на некои од тие Златни песоци ама таму гледам не да е скапичко ќе ми изгори паричникот. А ако веќе плаќам ќе одам на некое подобро море него она црноно. А за Јадранот неубави зборови? Може е поладно малку иако зависи и кое време се оди јас бев неколку пати во август и милина, ем бистрина, чистота, јас ептен го сакам Јадранот дал црногорско дал во хрватски дел. И да се стави Јадранот позади едно Црно Море овај езеро де, е нелогично за мене. Инаку зголемен е ДДВ во Грција од 1 јануари, знам и јасно е дека се е поскапено. Ама гледајки ги аранжманиве јас подголтнувам Ова не е поскапено, ова е изгор 500 евра во крај на сезона во приморско грчко селце, гратче е голем збор, за едно изнајмување на студио за 8-9 ноќи. О мај гад. Малага Годинава како ги гледам аранжманиве се препотувам и убаво ми вика дечко ми да не ќе испадне на крај Дојран.
Ако ти се кака, знаеш каде се прави тоа, а не овде на форуми. Не ми е намерата да се карам, овде сме сите да си го искажеме мислењето. Ако ти се оди кај овие, слободно, јас немам намера на секој чекор (стартувајки уште од граница) да ме омаловажуваат и да ме гледаат со презир, да објаснувам од каде сум дојдена и да влагам во дискусии како тоа било или не било името на мојата земја, да чудам ако некој ден си ја најдам колата оштетена или исшкртана, да плаќам за храна енормно високи цени. Ако малку разгледаш по понудите ќе наидеш на преубави дестинации за скоро истата цена и тоа на друг континент.
Па јас го ставив од причина што навистина беше ладно, бев почеток на август и се смрзнав кога влегов, ме пресече буквално а и длабокото почнуваше ептен на почеток, башка што не сум по пливањето па ќе требаше да се шлапкам на почетокот заедно со малине деца а овде морето беше ептен топло, длабокото почнуваше многу понатака, па ете еден плус за мене, да си се избањам без да се усрамам Инаку дека е побистро и се е, ваму само на Јужна плажа во Несебар беше чисто и убаво, инаку на Сончев брег, на некои места беше катастрофа, медузи, треви ауу таму одев само за сончање и шетање Повеќето идат на Сончев брег и затоа имаат негативно мислење за морево
Ако дефиниција за море е дека е незатворена површина тогаш како го викаат Касписко море? Некои го викаат Касписко Езеро ама донекаде грешат Поради големата величина неможе да биде езеро А дали вештачки или природен е направено море си е море исто како што вештачко езеро или природно езеро = Езеро ... Факт е дека Бугарија е поевтина од Грција и од Охрид , а за таласите демек ги нема во Грција , тамо мирна вода цела година ќе ти здосади дури.... Патем еве и еден друг факт дека Бугарското море е црно поради големите количини на сулфур кој се наоѓаат под него и секој пат кога има испуштање или реакција на сулфурот настануваат тие бранови ..... Медузи има во текот на цело лето а не само во Септември... Јас лично никад не сум бил у Грција нити пак ќе идам од причини зашто би давал пари на некој кој се обидува да ми ја уништи земјата а со индиректно и мене , Тоа ти е исто како да даваш пари на некоја другарка која се обидува да ве понижи и уништи ..... Вие идете си ама после немој таму да ве гледам у тема зашто Грција вака , зашто онака Да не отиде ниеден Македонец у Грција на одмор ќе пропаднат и банкрот ... па уште што слушам муабети од другари кај идат тамо на одмор и им даваат пари па пак ги понижуваат на лице место ... И кај на друго место , Србија , Црна Гора па и Хрватска ( има поубави острови од Грција и помирна вода без медузи) ете тука е и Бугарија ..... А јас оваа година идам како и минатата во Бугарија од прости причини дека таму има голема доза на забава , јадење, пиење , бранови (многу обожавам да се фрлам на огромни бранови) и се разбира џенски од цела Европа
Ама ја проширивме темава Албанија пред Грција? Па во Албанија пред 2 месеци се палеше македонско знаме, или тоа не се важи, кога гледаш од патриотска страна? Вистина неможе да се каже, кога не сум била во Бугарија, можам само да коментирам од искуствата на тие што биле и ми раскажале. Во Албанија сум била на екскурзија до Драч, Валона, Саранда и греота ми е цела држава. Насекаде има траги од владеењето на Е. Хоџа, тажно и мрачно ми делува. Туристичките места не се баш развиени, се сеќавам во Драч кога бев, беше баш врнежливо, уличките измеѓу хотелите до плажа што водат, беа калливи, неасфалтирани, неосветлени... Би ја одбрала Албанија за одмор, за едно 8-10год. Може ќе биде подобро, сега не. Црна Гора некако ми е слична со Бугарија, ефтина храна и многу турбофолк. А и морето, во сред пуна сезона, во Сутоморе, беше гнасно реално кажано. Ама јас кога бев, си бев и на прошетка до Подгорица, па целокупниот впечаток од тој одмор ми е преубав и баш заради тоа би пошла пак...некогаш. За Грција, ете од патриотски побуди гледано, да влезете во продавница, ќе ве наречат и Господ за да купите нешто. И тие се трговци и тие сакаат да земат пари, не се будали да ве нарекуваат Скопје или да се понашаат спрема турист како спрема најголемо зло. Исто како и нашиве што се однесуваат спрема грчките туристи во Битола, Охрид, Струмица (ако не се гледаш сам себе, не очекувај државата да ти даде нешто). Јас ја сакам Грција за одмор зашто има преубави плажи, чисто и топло море и интересни градби и места. Ако имало некој што поминал лошо затоа што бил македонец, тоа е ради поединци. Исто како што ради поединци загина еден србин во Охрид нели? А па вие патриотите, Бугарија нас знаете како не вика? Дали не признава? Чиви сме ние, според нив? за вас незнам, ја сум на мама и на тато
Кравче и јас бев Суто море и моравме рано насабајле да отидеме да ставиме лежалка и чадор за да има место подоцна, така мајка ми стануваше накај 6 и одеше ставаше чадор а да не зборам за патот до таму , тие кривини, цревата ги истурив колку лошо ми беше само, за без пари не одам веќе таму
Супер? Што е супер? Тоа што се дават цело време? Сегде се дават де ок, ама демек будали сме па не знаеме какви бранови има во Бугарија? За џабе ли се вика ЦРНО море? И те молам оди искрај ми ја учителката, затоа што не знам што е море Исто и ти Yipman. И што се палите бе? Мислите дека обичен човек во Грција го боли со извинение к*р што политичарите матат у земјата? Дека некој таму ќе се осуди да ви рече нешто? Ха, ха. Не ми пренесувај овде рекла казала другари ова она муабети, кога тебе лично некој ќе ти каже тогаш пишувај затоа што реално повеќе гомна у Охрид ќе ти изедат него у Грција. Отиди па ќе видиш, не коментирај пред време и не зимај толку при срце дека некој твојата земја ја уништувал. Нашата земја ја уништуваме сами ние, никој друг. А кажи ми да не треба да идам во Охрид на одмор? Да ми се серат над глава искомплексираните Охриѓани? Да чекам да ме послужат 3 саати, да не сака таксист да ме однесе до автобуска затоа што сум од Скопје и на крај да ми наплати 9584957 пати поише? И после Грција не уништувала? Не би рекла. И да не мислиш дека Бугарите не признаваат како народ? Да барам ли ја сега истории да ти праќам линкови како ти сликава од Касписко ЕЗЕРО?
Па сеа не треба учителката да ја караме , не е она крива што не си слушала на час по географија Јас никаде не спомнав дека треба да идеш у Охрид , само кажав дека јас зашто да не идам у Грција ....а и да Бугарија исто и Црна гора, Србија и Хрватска се поубави и подобри Грција во секој поглед а најмногу економски И да Грција повеќе ја уништува Македонија од Охрид , И сеуште незнам зашто си се зафатила за Охрид кога цело време дискутираме Бугарија и Албанија и Грција и еднаш само се спомна Охрид И да побарај ми истории и линкови
Без кавги и да не вмешуваме политика на така убава тема наменета за одмор и релаксација ве молам. Ако гледаме така, никој од соседите не ни е доволно наклонет, ниту Грците, ниту Бугарите, Албанците па бетер, а и северниве соседи не не мирисаат, ама за пари - сите те примаат и те сакаат бре. Бизнис, фала богу. Сега реално, морето во Бугарија е боклук, да не се лажеме. Треви, алги, медузи, грозничка е водата за жал (поголем дел од времето). Топличко за топличко, ама кога има оооогромни бранови буквално те носат, можеш само да ги дочекуваш во плиткото и да молиш бога да не ти ги однесат горниот дел од купачите. Ама забавно е и тоа, јас баш од тие одмори во Бугарија ги паметам најмногу брановите и целата таа смеа додека те маваат во плитакот. И младо и старо се мести и ги чека, зашто е хистерично смеење. Па после ми нема менѓушка, па алката, па стегачот... смешки. Плажите во Бугарија се секогаш средени, песочни и чисти. За тоа нема збор, навистина им се посветува внимание. Морето во Црна Гора од друга страна е многу почисто, водата милина, и не е веќе ладна како некогаш, еве лани бев и беше супер поднослива, бистра и чиста, ама плажите им се преполни, убаво кажа Анастасијаки - појди во 6 да си ставиш пешкир и чадор, зашто после нема каде игла да се фрли. Плус, тој нивниот менталитет за на плажа, луѓе значи - ви се буткаат у гз малтене. Абре до тебе крпата залепена, нит се знаеме, нит се познаваме, уште малку нозете да ти ги забута во лице. Е во Бугарија не е така. И кога има гужва, никогаш не е толку преполна тутма, гз преку глава. Во Бугарија имате Планет програма и кичерајски певаљки, во Црна Гора - Ѕвезде гранда и исто толку певаљки. Згодни плесачици на шипка, намачкани со масло, тресат облини - на Цеца! Радост. Мислам и на дечко ми му се одмили од глетката, а треба да е секси. Е сега... да резимираме... 350 евра на располагање и на лагер ги имаме - Бугарија и Грција. Грција - апартман со сопствена кујна, поблиску со патот, носење јадење од дома, пазарување од ЛИДЛ, плаќање лежалки на плажа, Срби еден куп, со нивниот вриштачки акцент и нагласок, се слушаат до месечината, треба да си готвиш после плажа, да си суредуваш, а на одмор си тргнал. Морето - сон (како што велат и им верувам, плажите ок). Бугарија - хотел со ***, ол инклузив во Албена, појадок, ручек, вечера, ужинки, на барот на плажата - кафиња, пијалоци секакви, сладоледи, пици, да не се пипнеш за џеб, ако денес ми се пие 6 кафиња, ќе ги испијам без да се пребројувам за понесените евриња. Се' сервирано, собарка секој ден или секој втор, базен, бесплатни лежалки, Срби малку помалку за нијанса, со нивниот вриштачки акцент и нагласок, се слушаат до месечината. Даунсајд - далечината - 700 км у пм и морето - гадничко. Плажа топ. Кој како си милува.
Ве читам и си се смејам Почит за тие што не сакаат да одат во Грција, нивно право е нема ни потреба за убедување ни факти да им се кажува. Си имаме избор на уште 100тина држави други за одмор. Ама Грција е една од најдобрите туристички дестинации во светот. Вие мислите ќе банкротира Грција ако македонците не отидат на одмор? Чекајте да се насмеам. Вие мислите дека нив им е до нашите 300 евра за 10 дена во Паралија, Олимпик Бич, Аспровалта и Пефкохори им дошло? пффф. Родос, Крит, Минокос, Иос, Санторини, Скиатос, Лефкада, Кефалонија, Хидра, Карпатос... таму се парите, таму идат македончиња на една рака, тука идат од милијардери, до холивудски ѕвезди, до нафтени тајкуни, до кралски семејства. Грција е сиромашна како земја зашто не знаат да си ја водат со години државата, ама дека имаат и те како добри природни погодности, убавини и индивидуалците чии земјишта се тие и имаат изградено одлични одмаралишта каде дневно 10тина илјади евра е аранжман. Грција е земја на соништата на многу богати европејци, азијци и американци. Баталете го Халкидики, тоа е ништо. Плус овој дел е бившиот наш егејски дел, ниеднаш не сум имала проблем, добиваш Доброутро нашки кога ќе влезеш во продавница, Повели во ресторан, Приетно кога ќе излезеш. Јас сметам дека се одлични домаќини. Охриѓанине можат само од Грција да учат како треба со турист да се однесуваш. А не не викаат Македонија, не викаат Скопје точно, боли тој збор, ама тие имаат испиен мозок, нивните книги друго ги учат, нашите книги друго не учат. Јас кога одам на одмор не мешам политика. Јас не му зборам ни на турчинот зашто сме биле 5 века под ропство ни дека ги силувале и грабнувале македонките, не му зборам ни на бугарот зашто не навредува и не вика сите нас бугари, не му зборам на албанецот зашто сака да сме една држава Голема Албанија, ни на Италијанецот што не гласа за нас за да влеземе во Нато. Јас сакам да уживам на море. А реално пола македонци се вработени во грчки фирми, секоја втора фирма голема е грчка. Многу македонци зимаме плати токму од нив. Они се наши и најголеми увозници. Така да кругот се врти постојано... Вие кај сакате одете, кај сакате трошете си ги парите, ама понекогаш е добро политиката на страна да се стави, бидејки цел живот патиме и кркаме од неа.
Измешавте баби и жаби, извинете, ама нема врска тоа во какви политични односи сме ние со државата во која одиме не одмор. Ако е за така само во Турција на одмор треба да идеме, Бугарија, Албанија, па и Србиве политички зборам сите не имаат на пик нас. Да не ви кажувам зашто, си знаете многу добро. И ќе резимирам, од околниве места најубав одмор се тера во Грција и во Црна Гора. Цените се тука некаде, малку беше лани поевтина Будва, ама има повеќе гужва него во Грчка. Кога одам на одмор сакам у море да се бањам во море а не во базен. Јас во Бугарија бев 2 пати, еднаш пред многу години во Албена со мајка ми и едни пријатели во Хотел со 5 звезди all inclusive за смешни 220 евра сосе пат. Имаше од пиле млеко, ама јас еднаш не го видов морето. Дете бев убаво ми беше у базен. И сончев брег пред 3години со друштво, исто во хотел со базен, на плажа одевеме за бањав 2 пати, кога дојдов и кога си одев, ептен колку да се рече дека сум се бањала. И никогаш повеќе не би идела, кај нив поп музика е Гергана А чалги не ми се слушаат пак НЕ Грција од друга страна имаш избор на милион места, помирни, побурни, скапи и поевтини. Закинотос, Микакос, Скијатос, Кавос се за журки, ама и плажите се прекрани, храна, па и услуга. За пари се ќе напраат грцине, нит не прекорија, нит некој ни ускрати нешто. Грчка е поскапа од Бугарија, ама не се споредува тоа море со црноно. Јас сум најголем фан на Хрватска и мислам дека Јадран е најубав од сите, ама не планирам да оставам по 500 евра кај Хрвативе, што е многу, многу е. Грчка е и каде каде поблику, зборам за краците, за 4-5 саати си таму. Грчка не ми се ни споредува со Бугарија, за природни убавини, а дека е поскапа е поскапа од Бугарија, затоа и е поевтно за да привлечат, инаку освен тоа дека можеш да лудуваш за ич пари и да се задоволиш од тие апсекти, нема ич ни да се извањаш, ни да се исучнчаш на раат како човек.
Па добро,ве гледам се напнавте за кој како не признава,убаво вика Трендафилка што убава тема за релаксирање за одмор,не мешајте политики сега.Ако гледаме ние кој не сака кој не неќе треба од МК да не излеземе Инаку ве читам се некако Бугарија и Грција ја спомнувате како поефтини варијанти.Ама има бе луѓе и Турција многу ефтини понуди.Па да не биде ни таа ни таа на крај. Јас прехлани бев во Кушадаси 10 дена.Хотел со 3*,појадок и превоз 190 евра од 4 Август.Значи доста солидна понуда,а сепак Турција не се споредува со Бугарија или Албанија. Местото е убаво,плажи има многу ние секој ден скоро на различна бевме,за ручек обично јадевме во ресторанче на плажа и тоа во просек кошташе 5,6 евра оброк.Тоа што многу ми се допадна е што јадењето е секогаш свежо,значи месото од замрзнувач пред тебе го вади и готви нема ништо што седи таму на топлото,зготвено. Излегувањето е поскапо како и секаде ама таму даваат секаде happy hour 2 за 1 така да пак се исплати. Јас поминав со 450 еу ама не штедев и плус шопинг си правев,аква парк.Да не купував партали ке поминев со 350 еу. Во Грција не сум била 9 години ама еве моите беа лани во септември во Неаврасна и убаво поминаа не е преефтино ама за разлика од ударен термин МНОГУ е поефтино.Мислам 30 еу апартман на плажа во прв ред.Е сега они и од дома јадење носеа. Јас лани не бев во соседниве држави,бев подалеку малку и конечно видов што е тоа плажа и чисто море Грција вода да носи може.Израел ме остави без зборови место со 3 мориња со плажи какви што досега немав видено.Доколку некој може да си дозволи 100 пати би му го препорачала.