Турција ,Грција ,Бугарија ,Албанија , Црна Гора , Италија , Франција (Паризз ) - прошетка низ светот D
Абе кој кај сака нека оди. А тоа дека Црно море е море,така е.Има и затворени мориња,а додуша ова и отворено е,а и по состав е различно од езерата. Јас сум била Црна Гора,Бугарија и Грција и можам за нив да кажам. Црна Гора е убаво,за пари е таман ајде,секако кога веќе има исти цени ко во Охрид,би отишла Црна Гора. Морето ич не им е почисто од Црно море,поладно е,ама си има и тоа предности,различни се и по состав.(зборам за Јадранско дека си има предности) Јас бев Поморие и таму беше чиста водата цело време,а и топла.Имаше место кај да застаниш,не да се тепаш кај да ставиш чадор,а кај 10 сатот одевме,па и покасно.Бранови нема цело време,а и интересни беа,меѓу другото си обележуваат,ако се силни ставаат знаменца,си има и спасители и се.А во Црна Гора јас не видов спасители. А секако обележано е до каде можиш да пливаш.За забава има сегде. А Грција,убаво беше,можи е поскапо ама е убаво.Сега незнам точно каква е ситуацијата,од сите слушам само дека се жалат,така да не ми се ризикува. А за морето,Грција е најубаво. И Турција би одела ако имам можност,таму сигурно е убаво,морето е убаво,а и тие се спремни.
Ако мене некоја земја ми нуди одлични услови за одмор не гледам зошто не би отишла, затоа што пред се одам заради себе, а не заради државата, па која сака нека е. Затупавени сте со патриотизмот, ако за вас е партриотизам само да не отидеш у Грција незнам што да ви кажам. А пак за споредбата за црно со јадранско море ме оставивте ваква Докажано е дека јадранот е најздрав, па вие сега како сакате
http://www.montenegro.com/naslovnica Еве тука ќе најдеш многу понуди Мој предлог за Црна Гора ти е Сутоморе-сметам дека нема да зажалиш!
здраво јас сакам да одам на одмор со една другарка сеуште незнаеме каде ако можете да ми кажете некоја агенција каде било турција, црна гора, словенија па на крај и охрид каде било таа има 20 а јас 18 год. дали може да ми кажете некоја агенција ( некоја каде одат група на деца) да не сме сами фала однапред
Еееее бре ве читам и се газам од смеа се патриоти, патриотишта Незнам дали сте знаеле дека Јонските Остриви се една од топте днестинации во светот?? Незнам дали сте знаеле дека пола и повеќе луѓе од светот незнаат ни каде е Македонија на картата??? Баш дечкоми кога беше во Америка кога сите го прашувале од каде е и ќе одговори Македонија и сите се чуделе и велеше штом ќе кажам дека е одма до Грција на сите и се окоруваа очите и прашуваа за Јонските острови Да не се лажеме и да престанеме да глумеме лажен патриотизам доколку имаме пари одма сите ќе отидеме зошто ставро е прекрасно и вода и плажи и се! А за мојата одлука за одмор пред се најголемо влијание имаат финансиските средства кои моите можат да ми ги овозможат за таа година и плус сакам да одам на место каде што немам одено. А за Бугарија да беше ефтина и тоа многу ефтина пред да влезе во ЕУ па замислете си моите родители одеа најмалку еднаш месечно на шопинг во Бугарија и се враќаа со ќесишта, ќесишта од гаредоба до јадења буквално сирења, кашкавал па дури и од тие грдите бугарски чоколада Каде и да отидеш на одмор ако знаеш да си уживаш многу јасно дека убаво ќе си поминш и да се разбереме постојат мнозина луѓе кои со ништо неможеш да ги задоволиш и буквално се да и им пружиш ќе надат мана и тоа таква мизерна банлна, а има и такви што за некои си мизерни пари ќе најдат смештај и пат и пак нема да се задоволни па луѓе што саскате за ич пари? Едноставно уживајте јас кога одам на одмор гледам само да има каде да преспијам и да се истуширам никогаш не барам хотел со повеќе * и секогаш си поминувам феноменално
Во Бугарија не сум била и не мислам да одам прво и основно ради морето што е според мене најлошо од сите во околинава па да не се избањам ко човек и да ми тупкаат знаменца постојано не би. А и мислам дека не се ништо посебно дестинациите, освен за ноќен живот кој оние кои биле (другари) го фалат (тука се подразбира проституција, стриптизети во ноќни барови, пијанчење и лесни дроги во огромни количини). Сум одела на Јадранско (Во Црна Гора, Хрватска и на поминување Албанија) и на Егејско море (Грција) и можам да кажам дека двете мориња се убави на свој начин. Јадрансково за лек на синуси кој ги има како мене, за чистота, ама и ладно е, а и плажите не се толку убави, додека пак Егејското не е толку чисто и здраво, ама затоа е топло и плажите се песочни и прекрасни. Ко ќе ставиш на вага и таму и таму има предности и маани, зависи што повеќе бараш на одмор во однос на море и плажа. Да не се расприкажувам за целиот одмор и таму и таму, убаво ми било сегде иако Грција поевтино сме поминувале и шопинг сме си правеле, додека на Јадран е скапо и парите најмногу одат на задоволства (на пр. крстарењето до Хвар и Брач) и храна. Оваа година ќе одам во Турција, Кушадаси. Хотелот е решен само уште да одиме во агенцијата да го закажеме и се надевам има место, супер понуда од 25 (или 26 не сум сигурна) јули до 5 август, во таа цена имаме и пат и појадок. Џепарацот ќе оди на храна за ручек и вечера, шетање до Ефес и Аква парк, сувенирчиња и нешто облека за дома и ноќен живот. Мислам дека супер ќе поминеме, а и не толку скапо.
Добро бе луѓе кога ве читам за морето во Бугарија колку било не убаво добивам впечаток како да не зборуваме за исто море Па не толку лошо како што кажуваат јас дури и како мала имам одено и сите денови сме се бањале. Точно е дека има знаменца и понекогаш има големи бранови, но секаде може да се случи да има бранови од тие бранови во Турција што буквално ме прекршија грбот сеуште неможам да си го опоравам, а да не зборуваме за песочните плажи мене ми се поубави и од Турција и од Грција некао песокот е поубав, поситен. Многу лоша представа имате за Бугарија, нормално секој со своите искуства!
Луѓе ај некој што бил Закинтос во Лаганас нека ме "просветли" малку за таму што е како е....за цените отприлика во прва половина на јули како се движат...дали се плаќа влез во дискотеките и колку отприлика? И крстарењето колку кошта, ми кажаа дека е околу 20евра, ама ми е страв да не биди поскапо дека одам во сезона..Таму ќе бидам од 8-16 јули, така ми доаѓа, на 7ми тргнувам, на 8ми се стигнува А инаку кога читам колку скапи понудиве за Грција се чудам стварно..изгледа скопскиве агенции растур прават...кај нас во битолските агенции, посебно во Теотравел имаше доста ефтини понуди за Грција, почнувајќи од 50евра за почеток на јуни на Лептокарија и Паралија. Јас и другарка ми за Лаганас плаќаме 180 евра во јули за 9 ноќевања и пат, а се сеќавам имаше и мнооогу ефтина понуда за Крф-Гуавиа, 136 евра за четворица од 21-31 јули
Така е, јас сум задоволна од морето. Е, сега не е исто Слнчев Брег, Несебар и Златни песоци. Златни песоци се приказна за себе, самата гледка воодушевува. Еве за пример само една слика, да видите дека не е така како што повеќето кажуваат.
и нас лани ни велеа лелеее не ќе се бањате од 10 дена 7 со црвено знаменце ќе ви биде ....ни еден ден немаше црвено знаменце...а и брановите беа феноменални
Треба да го запишам одморот наредната недела,па ми треба брза одлука.Тасос,Римини,Кушадаси ми се вртат во глава Инаку забележав дека Лидо Ди Јесоло не го нуди ниедна агенција Еднаш бев таму,со маж ми би сакала пак.Ако го видите некаде да ме известите.
тасос бесе другарка ми пред некоја година , и мн е задоволна само ако одиш да одиш сезона бидејки е малку поладна водата значи во топ сезоната е убаво . малку се залесе дека има инсекти навечер за тоа што островот бил некое си заштитено подрачје и не се прска против комарци оси и слично , али ипак имасе многу импресии од самиот остров
Јас ти го препорачувам Кушадаси. Има убави песочни плажи, има и многу што да се види, да се посети (од страна на знаменитости). Има и добар ноќен живот. Јас не знам сега како си го замислуваш еден одмор ама што и да бараш ќе најдеш таму. Од сите дестинации што ти се наведени во изборот во Кушадаси сигурно ќе најдеш за најмалку пари убав хотел.
Најверојатно во Грција. После толку шетања по вакви и такви земји, се уморив. Сакам да си легнам на плажа, со добра книга у рака и ладно сокче и да си уживам . Сакам да шетам, ама кога одам на море, одам на море! Одам да се бањам, да се излежавам и да уживам. За шетање има време . Грција не ја сакам како земја, ама еве има едни добри 4-5 години од кога последен пат отидов таму. Размислувам за Скијатос, еднаш го посетив додека бев на еден друг остров и за него само можам да кажам дека е фантазија. Моја желба е да одам таму, ама здравје, па што биде нека биде.
Jас морам да кажам нешто веќе кога се има удрено за морето во бугарија. бец 2 недели на одмор со моите, и само е*ани 2 пати влегов да се бањам, ма тоа медузи, ракови насекаде, на брат ми на грбот му се закачи медуза, го испогоре Eпа мене не ми се иде на море, јас да дремам на плажа Mногу медузи има значи, премногу
Во Македонија!!! Не живеев таму две години, па сакам да си го истерам летово со фамилија овде. Маврово, Охрид, Крушево, ќе шетаме Ама ќе одам во Парис за неколку недели пред да одам во мк...
Дубаи голема желба имав да одам и конечно ке ми се исполни а сакам и Турција да ја посетам Дубаи сигурно а за Турција ке видам.