Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Девојки и во едно претходно мислење пишав, но се разви скроз друг дискусија па ќе си прашам пак.
    За оваа година буџетот за одмор не ми е воопшто голем, но доволен за одмор во Олимпик Бич, како едно од поевтините места. Е сега пред две години бевме таму со дечко ми, мене ми е сосема ок но ако најдам друга опција би ја искористила. Има ли некое друго пристојно место во Грција со слични цени?
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    И јас ќе одам во Лаганас. Влез во дискотеки не се плаќаат секаде. Автобусот ќе застане во Лидл и од таму можеме да си купиме јадење и сл. Крстарењето мислам е 20 евра, а преку Тео е најевтино :lol: Се е во близина, а има некои плажи до кои се стигнува само со брод :*
     
  3. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Дали некој бил сместен во хотелот Сани хил во Кушадаси? Како сте задоволни од сместувањето и ако може некој да каже нешто повеќе за местоположбата на хотелот: која плажа е најблизу, дали има места за излегување во близина и слично. Им благодарам на сите што ќе одвојат време да ми одговорат :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
     
    На Jewel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Pupi.girl кој автобус застанува на Лидл, градски или...?
     
  6. Christyn

    Christyn Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Планираме во Италија со шмекерот :*
     
  7. dekce

    dekce Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Предложете некое место за тинејџери .. до 18 години во Грција .. што има повеже млади одколку стари .. со забави нешто :D
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Мислам дека Закинтос е идеалното решение за вас.
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Закинтос како што предлага Плавуша, Крф-Ипсос, или најевтина варијанта Паралиа.
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Од типот на Олимпик Бич се Паралиа, Лептокарија, Неи Пори, Аспровалта... Цените им се тука негде слични, а овие места мислам дека се најглавно посетени од Македонци. Паралиа, Лептокарија и Неи Пори се долж брегот како Олимпик Бич, а Аспровалта е од другата страна, после краците. Ја сум била само во Паралија, од овие места, ама многу одамна, како мала, баш и не се сеќавам како беше. Во Аспровалта имам една колешка на работа што оди секоја година и они се многу задоволни. За Неи Пори само имам слушнато дека имало многу комарци :?: Ако одите вон сезона, можете да најдете и поефтини аранжмани за првиот крак, имам слушнато пофални зборови за плажите и морето (ама за цените таму и не баш :) ).
    Прочитав негде (не се сеќавам сега каде) дека летово ќе има пониски цени за негде 30% во сместувањето во Грција (најверојатно хотелите) зашто странските туристи, од Европа, ги откажале повеќето аранжмани. Па кој како има можност, во приватна режија да си снајде смештај, мислам дека ќе си пројде многу ефтино.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Луѓе дајте некој предлог за уживање со малку пари во Бугарија. :lol: Мислам не малку пари, но не и да е претерано. Со дечко ми сакаме да одиме во Бугарија, но јас само еднаш имам одено таму пред 5 години и не знам ни какви се цените, ни каде е најубаво, најевтино.. ништо. :) Па ако знае некој да ми каже.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^веќе имам пишано во неколку поста наназаф, за џабе пари екстра си поминавме со дечко ми на сончев брег-Бугарија...и се млади имаше
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.534
    Ве читкам за Бугарија,па и ја да споделам искуство :) Имам одено Несебар,и шетавме до Сончев Брег.
    Несебар е убав град,голем,направив голем шопинг се сеќавам,за смештај е ужас ако одиш со сопствена режија.Малку језиво,ама на 100 места бевме пред да најдеме смештај,а пред секоја соба имаше некролог :| Мислам,нормално јесте,ама не би да одам на одмор и на секој влез и излез да гледам некролози!
    Морето е катастрофа,и влегов дали два три пати.Толку нечисто,полно медузи и ракчиња :worried: Ама затоа плажите не беа лоши,се на се не е катастрофа голема.Јадењето евтино,секој ден доручек,ручек,вечера ни беа во кафанче :lol:
    Сончев Брег исто е убав,со оглед на тоа што појдовме 2 пати.
    Е сега и во Италија кога бевме,морето беше ужас-полно ракчиња и медузи,нечисто,ама пак Италија си има свои убавини,така да се тоа беше занемарено.Кога ќе видиш 1оо посто не се погодува се,а ако наоѓаш причина за да мрчиш и не си поминеш убаво,секако дека ќе најдеш :)
    Грција,да не мешаме политики,ја обожавам.Од 1 годинка сум одела таму,секоја година.Затоа ми е толку посебна,имам преубави спомени од таму.Единствено не сум била на овие Тасос,Закинтос,Лефкада....
    Црна Гора никогаш повеќе,или евентуално вон сезона.Суто Море-преполно е ,нема место,врие од дечишта ала Аца Лукас,мислам дека не би се вратила пак таму.
    Хрватска бевме Макарска,и шетавме Бол на Брач,убава и скапа е,меѓутоа плажите се ужас.
    Неколку пати,баба ми и дедо ми не носеле со нив Сандански,Бугарија.Местото е убаво,мирно,нема море нели,меѓутоа свеж воздух и одмор ако барате таму ќе го најдете.Ако сакате да се разладите-имате базенти :lol:
    Секаде каде сум била,сум поминувала убаво.Гледам недостатоците да ги премижам,а да уживам и да се исклучам од се во тие неколку дена.Сум издвоила пари,па и тоа гледам да го ценам.

    Годинава бараме 7 дена.Одморот ни е краток,а сакаме и некој дена дома,да реновираме барем нешто.
    7 дена најдовме Римини и Тасос.Меѓутоа со Римини ќе ни излезат 10 со превоз,па најверојатно ќе испадне Тасос.
    Сепак каде и да одите-убаво да си поминете :)
    И Охрид наш е бисер ,не заборавајте
     
    На Nine25, Butterfly15 и kravce им се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кај нас дефинитивно одпадна идејата за Римини. Едни мои пријателки отидоа како на летен камп и велат дека е ептен, ептен скапо. Не сакам да одам на одмор и да не можам еден сладолед да си дозволам :) А и кога поубаво ќе ги разгледам понудите за тие пари имаш екстра понуди за во Турција и за во Грција - Закинтос за 10 ноќевања и барем знам дека е поефтино и за помалку пари повеќе работи можеш да си овозможиш. Италија сепак ќе остане моја нестварена летна дестинација :)
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас кога бев Бугарија, бевме на сопствен режим. Само што стасавме, за околу 2ч најдовме смештај во Несебар, за 4лица, апартман беше по 7,5евра од човек.
    Меѓутоа мене Несебар не ми се допадна, обичен град за живеење, не ме потсетуваше многу на туристичко место. Два дена седевме ваму, а потоа отидовме во Слнчев Брег и таму најдовме исто апартман во хотел, имаше 5кревета, а ние 4луѓе плаќавме по 5,5 евра од човек(значи да сме биле 5 , уште поефтино), без доручек и сл.
    Е ваму си поминавме феноменално. Шетање, лудување, секој ден. Плажите блиску, а самите плажи фантазија, со полно кафичи, базени на нив. Единствено скапо во Бугарија беше лежалката и чадорот на плажата, а јадењето, пиењето, шетањето, џабе.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Само да додадам дека во Асправалта и Неа Врасна да одите ако сакате да истерате пензионерски одмор, зошто после 12 се е мирно и сите спијат, посебно во Неа Врасна. :D Ама плажата и морето се петка, топли се, јас не сум љубител на бањање многу многу, ама во Неа Врасна откиснав солидно. И нема многу многу гужви на плажите, помеѓу тебе и другите чадори има, ехее, над 3-4 метра разлика.

    А во Неи Пори има журка до сабајле, сакаш кафани, сакаш дискотека, сакаш некој јавен настап, редовно имаше, морам да ги пофалам. Е сега прилично соленки се цениве овде, кифла празна 2 и пол евра, ами јас со моите одев и сега кај ни е крајот ако секој ден за појадок дававме за четворица по 2 и пол евра. За плажата немам коментар, една од најубавите плажи според мене, широка е, редовно ја чистеа...само гужвиште невидено. Дали дека бевме ептен во сезона, ама толку гужва, како во Охрид ме потсеќаше. |(
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и јас минатото лето бев во Бугарија - Сончев Брег и стварно најубаво си поминав , и доста млади имаше исто имаме одено и во Несебар и таму убаво си поминав.
    А и доста ефтино.. смештајот беше 5 евра.. :) :)
     
  18. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    ИТНО!!! Дали некој бил на одмор на Закинтос преку ХИСАР да сподели искуство? :)
     
  19. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Туркиш, може. Ама не се знае ама сепак се надевам :D
     
  20. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Девојки дали знаете колку од прилика се движат цените на апартманите во Лептокарија и Паралија за околу 15, 20 јуни?