Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сум била на почеток на септември. Смештајот е секако поевтин, а цените (маркети, ресторани) во самите места се за нијанса поевтини. Времето не можеш да го предвидиш иако реално поголеми се шансите за дождови и да е поладно него во јули и август, иако пак кажувам тоа никој не може да предвиди. Гужвите се расчистуваат, туристи има дупло помалку, иако на некои места сезона е до крај на октомври али сепак.. Мене лично она што најмногу и главно ми смета на одмор во септември е тоа што е денот многу пократок. И ти препорачувам да одите во тој период или на краците или на некој остров, во делот под Олимп (Пиериа) огромни се шансите да има медузи, тој период им е ептен сезона, иако и тоа е релативно, може да ги има, а може и да ги нема.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Prilepce

    Prilepce Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Супер !! патот бил нешто кое секогаш ме премислувало за одмор во Бугарија[/quote]

    "До края на юли пътуваме по магистрала „Тракия" до Петолъчката (след Ямбол)"
    http://www.trud.bg/Article.asp?ArticleId=1410975
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пред доста години бев почеток септември а еднаш и крај септември во Паралија.
    Почетокот на септември водата вриеше од медузи.
    А крај септември имаше ИНВАЗИЈА од медузи.
    Волкави имаше на плажата секој ден, тоа беше страшно.
    [​IMG]
    Нормално ниеднаш не влегов во вода иако беше топло времето. Ова беа огромни медузи си замислував како ме собираат цела во нив :rofl:
    Од тогаш си ветив дека не одам во Паралија макар не одела на одмор :$

    На краците сум била неколкупати во септември и не сум видела медуза.
    Инаку времето може да е од одлично до врнежливо.
    Лани септември беше совршен, многу топло, навечер дури не облекував ни џемперче, и тоа јас зимурлива што сум.
    Но знае и да не се погоди времето.
    Сепак септември е поефтин и од јуни мислам дека последниве години. Во јуни почнаа да ги накачуваат цените знаејки дека многу луѓе стари одмори си користат во јуни.
    Во јуни е поладна водата каде каде, поголем денот.
    Во септември пократок денот, но водата одлична, цело лето се топлела :)

    Каква среќа имате така времето ќе ви се погоди :)
     
    На Annath, Mimi123 и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    И јас имам слики од тој одмор август/септември со вакви СОМБРЕРА :D Баш пред некој ден ги гледав и се наежив. Не се опасни овие плавиве, освен нормално ако не си преосетлив, како коприва да те допрела такво чувство е. Али пак не е пријатно да пливаш до вакви суштества :worried: Е сега во Олимпик Бич има некоја мрежа за медузите, а во Паралија некој камен док па како што знам од други нема како порано медузи ама пак си ги има. Тој реон си е познат по тоа, и не само во септември може било кога да се појават, зависи дали ќе им се погоди плимата, затоа викам се е релативно :)
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. veslamkajce

    veslamkajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Дечки дај нека каже некој што бил во Скијатос какви се цените, евтино или скапо, до плажите со што се оди и дали има добри журки :)
     
  6. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Веќе уплативме за Неа Врасна 13 ноќи во апартман Ќе одиме крајот на Август и почеток на септември. Ми се виде добро место добра плажа неколку гратчина-селцина ќе има и малку шетња Друштвото ми е спремно и одвај чекаат а и јас исто така.
    Ако некој оди порано од мене чекам информации да каже шо како.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.873
    Допаѓања:
    107.769
    Пол:
    Женски
    На одмор , еве сум си во Македонија , ќе тркнеме 1 ден до Охрид и потоа 1 ден на Тасос а меѓувреме јули/август ке одиме на море во село Мангана , Авдира ( близу Ксанти) :)
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Дали некој од вас е бил на одмор во Грција во Касандра да сподели некое искуство, дали е добро? :)
     
  9. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33
    Девојки бил ли некој Иериссос на одмор на третиот крак во грција,...ние се мислиме сеуште ама мн скапо ми стои.не знам секаде напоменуваат дека 50 посто цените се намалени а кога се јавија другарките оно исто да ти било па дри и поскапо,по 45 евра им се апартманите со вц и кујна,нормално и за спиење кревет.Се распрашувавме одоколу и слики имам гледано,пажата е прекрасна...песокта уште попрекрасна е сеа како се цените,сместувањата колку чинат,Ајде ке ве замолам ако некој има искуство нека ми каже.Ви благодарам однапред. :) 8)
     
  10. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Може некој да ми каже искуство за одмор во Тенерифе ,какви се цените ,плажите ,водата и слично.Благодарам однапред :)
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    јас летово мислам нема да идам никаде,освен кај нас охрид или струга неколку ден а и тоа :) а баш сакам да се сончам 8) ама обврски не можам :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    истражи ја Македонија :D
     
  13. NiB57

    NiB57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Како најдовте толку ефтино? Таму баравте или преку агенција? Јас имамо одено пред две години преку агенција ама скапо ни излезе некаде 110 е од човек за 10 дена...ме интересира дали таму има луѓе кои те чекаат на пример и ти нудат смештај како што е на другиве места, Несебар,Созопол?? Зш таму се се хотели и не сум сигурна кога би тргнала така со дечко ми дали ке најдам нешо поефтино???
     
  14. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
  15. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Кај нас договорот падна за Суто Море- Црна Гора :) Веќе закажавме и апартман од 1ви Јули за 16 евра со посебна кујна,тоалет,тв и клима- мислам дека за парите е супер понудата :)
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.786
    Допаѓања:
    202.708
    Пол:
    Женски
    Тие што прашуваа за Грција во септември - нема да погрешите, само до времето е... макар што мислам дека обично во септември последниве години знае да затера т.н циганско лето. Најверојатно и ова лето ќе биде така, водата е топла, за разлика од јуни, а цените се многу намалени, особено во втората половина на септември.

    Ова лето за нас нема одмор - само во Охрид ќе бидеме јас и малиот некој период... а после во зима... може да се скокне до некоја поегзотична дестинација... ама, здрави и живи да сме...
     
    На Mimi123 и blond им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    43.906
    Првичната авантура беше Скопје виа Трст, ден два до Љубљана, па кај другарка во Риека...

    Сега повеќе сакаме стационирано кулирање, така да јужниов сосед ќе не прими со задоволство :) Сарти е во игра.
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    По долги преговори-Несебар... Ај се надевам добар избор направивме :?:
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Касандра е првиот крак, а таму има повеќе градчиња/туристички селца. Јас сум била во Ханиоти и мислам дека е најсодржајно од сите на прв крак. Плажата мене не ми се допаѓа, а водата е чиста.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Леле ние сеуште не можеме ни да се одлучиме, ни да се договориме битно за годинава одлучна сум одморот да ми е крајот на август - почетокот на септември веќе не одам во шпиц сезона кога е се многу поскапо!