Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    Јас лично не сум била , но сум информирана од моите па она што го знам ќе ти кажам :
    - прво најскапа и најкомплицирана е авионската карта , некаде околу 300-400 евра ќе те чини во зависност од тоа колку прекачувања ќе имаш.
    -во однос на цените ќе речам нормални во споредба со цените во европските градови , сепак ова се Канарски острови
    -можеш да одиш било кој период од годината дали 20ти Јули или 20ти Јануари температурата е константна ,не е премногу жешко 25-30 степени
    -познат е по т.н.црни плажи бидејќи е остаток од вулкан , не очекувај нешто ептен луксузни хотели ,си има специфична архитектура која го прави уникатен и има богата флора.

    Tоа е воглавно , вреди да се посети но претходно добро финанскиски да се припремиш, за да можиш да уживаш во таа убавина.



    еве вака си прават скромно свадбуле познативе да не трошат многу па :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  2. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    Сакам во црна гора да одам , но ако почнам да работам од следен месец нема одмор :D
     
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    да таму најдовме на автобуската имаше многууууууу што бараа луѓе а и мислам дека нон стоп има..
     
  4. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Се двоумиме помеѓу Паралиа и Кушадаси. Ај предлози ако некој има одено на двете места. Сум била во Паралиа но не и во Кушадаси.
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Во Паралија не сум била, но затоа можам да ти кажам дека Кушадаси е преубав. Ако си била во Паралија ова ти е шанса да смениш и да го посетиш Кушадаси. Многу е ефтино и има убави места.
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Имам идено во Паралија на екскурзија нешто посебно не ме фасцинира не знам може за одмор е нешто друго. Но, Кушадасиии немам зборови. Мислам дека и нема што да се мислиш Кушадаси ти е топ дестинација. Има и што да се посети, има и убави плажи, а убав хотел можеш да си одбериш за евтини пари.
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Ви благодарам и на двете :) оваа понуда ја најдов

    10 НОКЕВАЊА СО ПОЈАДОК СО ВКЛУЧЕНА КЛИМА И ПРЕВОЗ
    Хотели: TOPALAN ** TECIMEN** SELAY**
    04.09-14.09 109 €

    ми одговара бидејќи е во септемви, јас неможам да поднесам премногу топло време. Уште да го убедам дечко ми и таман :) Не сака тој бидејќи многу време се патувало со автобусот :D
     
    На TeaB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Благодарам на информациите . :D
     
  9. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.991
    Пол:
    Женски
    Дечки кој бил во Будва нека ми каже како од прилика стојат цените на прозиводите за јадење такви ствари и дали е точно тоа дека на плажа мора да се плаќа за лежалка дека пешкири не може да се постелува односно на Словенечка плажа и како стојат цените на плажава исто :)
     
  10. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    173
    Во Будва сум била неколку пати, и јас лично воопшто не сум задоволна, премногу гужва, прегласно и премногу срби ко за мој вкус, но ако сакаш забава на право место си :D

    Да ти одговорам на прашањето-поголем дел од Словенската плажа е со лежалки, лежалка + чадор мислам дека беше 5 евра. Доколку најдиш место (што е многу тешко) можиш да си ставиш само крпа или сламарица, чадор е забрането. Но имај во предвид дека на плажата има премногу гужба мораш да одиш од рано сабајле (пред 9, 10h) за да фатиш место и е тотален хаос, нема место за игла а камоли за крпа. Убедливо најдобрата плажа е на Бечичи но и таму има лежалки, но и повеќе слободен простор за крпа и сл. работи. Плус плажата во Бечичи е ситен песок за разлика од Словенската која е камчиња.

    А храната е единственото нешто што вреди во Будва. Цените се слични како кај нас и во маркетите и во сендвичарите, можеби малку поскапи. На пример предобар сендвич, гиро, палачинка се движат од 2 до 2,5 евра, но се превкусни. Исто и со цените во рестораните има оброци за 3,4,5 евра па нагоре. Значи има за сечиј џеб. ;)
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Гледам дека прашуваат за Црна Гора, па да прокоментирам.

    Прво, дали ви е за со друштво или фамилијарно? Ако си со друштво, ќе ви биде интересно во Будва. Има ноќен живот, места за излегување и ќе се изжуркате. Точно дека има гужва ама за млади тоа е интересно. Е сега, има високи цени ама скоро цела Црна Гора има. Знам дека се плаќаат лежалки ама нема да биде проблем да си ставиш крпа настрана. Инаку, во Будва не сум била на одмор туку сум ја посетувала додека сум во околијата.

    Ако ти е за фамилијарно оди подобро во св. Стефан или Котор. Мене без св. Стефан не ми поминува летото, тоа е најубаво место за одмор според мене. Има мирен дух и ако си сместена погоре душа ќе ти извадат скалите ако не си во форма ама за среќа по пат има доста малинки и капинки да си береш за освежување. :D И таму е скапо, не викам не ама затоа местото има посебен дух и шарм кој барем мене ме враќа таму секоја година. Плажата е со камења (главната), Краљичина и Краљева треба да си сместен во замокот за да ги посетиш ама може да успееш да се шмугнеш на Краљева, на Краљичина не. Инаку овие две ти се скроз песочни и едната не ми текнува која одма почнува многу длабоко, не е за деца. Ама водата затоа е фантастична. За чадор и лежалка е 5 евра (посебно) ама имаш место и за крпи да си поставиш. Има мирни ресторанчиња, градини кај да се прошеташ... Котор нема добри плажи, бетонски се ама затоа градот е фантазија и мислам дека е за нијанса поефтино од овие другиве. Има места за излегување, ама не е од далеку лудо како Будва значи ОК е да одиш со деца. Градов има прекрасен дух, има што да видиш, има прекрасно шеталиште со јахти од страна, има малечки пазарчиња со ѕнѕрлајќи... Таман си е. :)
     
  12. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.991
    Пол:
    Женски
    Епа фала ви многу за информациве иначе јас со дечкото ќе одам па се мислевме дали Будва или Бугарија ама јас повеќе сум за Будва некако поубаво ми е и затоа :)
     
  13. Ivana2509

    Ivana2509 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Nekoj predlog za kefalonija?
     
  14. milk.honney

    milk.honney Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    јас сум летово за северен кипар. само незнам како стојат таму цените, а аранжманов го најдов релативно евтин..
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Одлуката ја донесовме уште одмана,ама вчера конечно уплатив.Хрватска,во едно место кое е право бисерче на Јадранот.
    После тоа неколку дена во Дубровник.
    Едвај чекам...
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Прашав луѓе што имаат идено на Кипар и рекоа дека било ептен скапо, така да земете си повеќе пари да не се најдете во небрано :D
     
  17. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Da ve prasham sakame da odime Hanioti na sopstvena rezija pa ako znaete da mi kazete kako se dvizat cenite na 1/2 studijata za den od prilika??? fala :)
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Зависи кој период, јули околу 40-45 евра, август може и малце поскапо
     
  19. milk.honney

    milk.honney Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    епа баш тоа ми беше муабетот..да не се чудиме таму кога ќе отидеме. а плус од тука нема да можеме да земеме храна зашто авионски е превозот. Во агенција ми кажаа демек, не се секирајте слични се цените како овде. и ај сеа... :lol:
     
  20. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Годинава дефинитивно идеме за Бугарија, ке одием за прв пат таму , затоа ве молам предложетеми некое поинтересно место, ке одиме со дечкото, и дали кога одите бугарија преферирате хотелско сместување преку агенција, или таму барате апартман??? ве молам за искуство во Бугарија :*