разгледај малце низ темава има зборено за Бугарија ехееее..башка имаш и посебна тема за тоа ццц се на готово да се чекало patuvanja-i-odmori/odmor-vo-bugarija-t6459/30.html
И кај нас падна договрот крајот на август во Закинтос понудите со повеќе од 100 евра поефтини во споредба со шпиц сезоната со тие пари ќе си отидам и плус неколку дена во Охрид.
Дечки гледам понуди за Бугарија и искрено се прилично скапички, за разлика од ова што вие го кажувате. Каде наоѓате така евтини понуди, или јас не знам да барам, или нешто друго е работава. Е сега и друго да ве прашам, пр, ако собата во хотел е 30 евра, ако се двајца во соба плаќаат по 15, така? Ова 1/2 тоа значи, една соба, двајца плаќаат, двајца се сместени... ? Ај просветлете ме.
Дузи ,ме насмеа.Тоа 1/2 значи една двокреветна соба,а дали еден ќе плати 30 евра или двајца по 15 евра-тоа е по договор Шегата настрана,ајде озбилно-значи двокреветна соба која чини 30 евра за една ноќ.
Епа знам јас нешто дека не сфаќам, а нема кој да прашам, сите спијат овде. А прашувам така за плаќањето, зашто ќе одам со друштво, не дека ќе частам или ќе ме частат. Па да си бидеме начисто.
Вака да ти кажам мислам дека во Хотел си плаќаш колку што е цената 30 евра мислам дека не може по 15 евра ама не ме зимај за збор е исто така ако сакаш во апртман ти е 7евра од ден а 45 евра ти е повратна карта ако си заинтересирана за ова кажи ми ќе ти ја пратам понудата од агенцијата
Кога цената се однесува само на едно лице си пишува цена по лице, а доколку е на пример апартнам обично се става целата сума колку што кошта апартмано без разлика колку луѓе ќе се сместат во него. Еве ви понуди за Бугарија http://www.vel-jan.com/index.php?option ... ut=default http://www.vel-jan.com/index.php?option ... ut=default http://www.terratravel.com.mk/content/p ... garija.pdf
После 5-6 години кампирање во Грција, ова лето им уткажуваме љубов. Иако сме големи вљубеници во овој начин на летување и веќе толку сум испраксирана што можам и прирачник за летување во капм на напишам, летово решивме да го минеме низ Македонија. Десетина дена во Охрид, десетина во едно убаво селце на Преспанско, а сместувањето кај наши блиски. Значи ќе биде нешто езерско-селски туризам. А за впечатоците при крај на јули.
За Василики? Глеав имаше добри понуди за таму. А колку саати се патува до таму со автобус, па и со кола? Само ја уште неам нигде уплатено проклето лето
Да, се решив за таму убаво ми изгледа. Со автобус претоставувам околу 8-10часа, јас одам со кола. Знам луѓе што биле и за ефективни 6 часа се стига ама нели успат правиш кафе паузи и тоа одзема време. Ајде реши се и уплаќај и еден товар помалку ....мада знам, пусти тие пари
Божеее, читавте за ова? Може малку офф топик, ама сите што идете у Грчка спремајте се за лепенки. Абе луѓево нели немаа пари во Грчка? Сеа дополнително прават трошоци за да ни ги лепат регистрациите. Грчките царински служби со натписот „Признаена од Грција како ПЈРМ" ја прикриваат ознаката МК. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/75 ... e-tablicki
Дечки како оди со лежалкиве во Бугарија? Мораш да ренташ, не мораш, колку се плаќа и слични информации се добредојдени. Прашувам за Сончев Брег, гледам на плажава сите на лежалки се. Едит - А не е лошо и за дискотеките кој, што, како знае... Цени, песни што пуштаат, влез и слично.