На плажите најчесто (скоро секогаш) се наплаќаат лежалките, освен ако не се во сопственост на хотелот каде што престојуваш.
And it's all just a little bit of history repeating Грчиштава сериозно ме нервираат веќе, кај цела Европа ја исцицаа со пари, сега па и пак се замараат со налепнициве. Последен пат ни ги лепеа кога јас бев сеуште у средно се сеќавам и ужасно беше потценувачки. Мајка ми, која патем не е Македонка, знам се сврте тогаш и тргна да си иде, пешки Поголем патриот искочи од нашиве, па ајде враќај ја назад, па му се дереше на цариникот, а овој ко муле и ќути, само на татко ми му се силеше. Среќа што имавме друга налепница на колата, па глупиов помисли нешто друго, и не пушти без ФИРОМ Мислам, одиш да им трошиш пари а они те тапшаат у лево маде, стварно се безобразни! Се мислев у август да им наминам на некој продолжен викенд, ама со ова ми се крши филмот. Него, да не сум офф, еве еве тука! Три, за позор, четири, сад! Па после пак тука Со душа чекам и бројам, онака кинам деној у календарот
Едит - А не е лошо и за дискотеките кој, што, како знае... Цени, песни што пуштаат, влез и слично. [/quote] Јас кога бев последен пат во Сончев Брег си поминав преубаво, рај за млади луѓе, журки, забава. Цените мислам дека сеуште се приспособливи за нашиот буџет, особено на алкохолните пијалоци во нивно производство. Се сеќавам имаа смешни цени, а посебно се исплатеше за време на Happy Hour кога за цена од едно добиваш две. Има и дискотеки каде што се пуштаат најнови траки, а има и такви каде гостуваат бугарските пеачки. За сечиј вкус. Во повеќето места влезот за девојки беше слободен.
А Флоувергарден, за лежалкиве знам дека така оди, него мислев дека мораш да изнајмиш. После прогуглав и гледам си лежат и на чергичиња, и на крпи, а богами и топлес. Порадо би си купила нешто или би го испила нештото , отколку секој ден да рентам лежалки. Секако планираме на два пати да одиме и да се враќаме од плажа. Гледав јас и за јадење, чисто информативно ова кој планира за таму, DJannys, преевтино било јадењето. Цените на јадења во супермаркет (грицки, овошје, леб) слични како кај нас. И вака јавна благодарност до Сноу Квин, едно 90% е сигурно дека ќе одиме по твоја препорака со таа агенција. Значи ми испадна во пресрет и таа, а и тие од Агенцијата, љубезни луѓе, нормални цени, а солидни хотели. Ќе ви кажам деновиве што точно испаднало, ама ме фаќа возбуда веќе.
Не сум те сфатила убаво. Да може да се најде и простор што не е ограден (за лежалки), ама мислам дека е многу помал. Можно е да е нон стоп гужва и да има тепачки за простор, ама види си ти на лице место. Ако тешко се наоѓа, одете си порано на плажа. Ти посакувам убав и забавен одмор!
дузи не знам како е за сончев брег како се движат цените ама гарант е поскапо ние во поморје лани прашавме за чадори лежалки како се цените 2 лева само чадор и плус 2 лева за лежалка цел ден ти важи тоа се дава како тикетче и поручек можеш пак да го искористиш а имаше и доволно место за сопствена лежалка ние така поминавме си имавме чадор од дома земено зошто да плаќам тие пари се наменија за друго навечер седевме во кафиќи кафе сокови не беа повеке од 2 лева за дискотеки не знам ние сакаме помирен одмор во супермаркети цените исто како кај нас и во ресторанти исто така ние дури се изненадивме мислевме дека ке е поскапо а и за музиката заборавив не се пушташе бугарска исклучиво странска тоа е. а вие со сопствен превоз ли ке одите или со агенција ние се си одиме преку агенција картата гледам сега е 45 евра повратна и си наогаме смештај за 10 лева
Јас првпат одам во Бугарија на одмор, досега најдалеку до Родопите сум стасала , така да не би ризикувала, одиме со смештај преку агенција. Прилично евтино се фаќа ова таму да си најдете сместување, ама не би, сепак, ризик ми е. Нит знам кај да барам, нит ништо. Вака сега прва година да опипаме терен, од наредна здравје. Најверојатно ќе го земам едно мало чадорче што го имам дома, нема да биде на одмет. Секако нема на раци дотаму да го носам.
Лани бев Несебар а годинава се двоумам дали Несебар дали Сончев брег само што несебар смештајот е поевтин за разлика од сончев брег и дали да одиме приватен сместај или во хотел? Сеусте сме во преговори
Се мислиме помеѓу Лефкада и Бол на Брач Цело време добивам различни одгвори за цените во Хрватска. Некој викаат дека е изгор , додека луѓе што биле во Бол на Брач ми викаат дека не е скапо. Ми кажаа дека доколку не јадеш морска храна и нивни специјалитети можеш да поминеш со малку пари. Ми кажаа дека пицата, пивото и кафето во Бол не биле ич скапи. Бил ли некој таму, да ми помогне во одлуката? Како би поминала со околу 250 евра за јадење и пиење (смештајот и патот не ги рачунам тука) ?
со 250 евра би поминала супер дури и многу ти се пари , за лефкада доволно ти се и 100 евра а за хрватска до 150 евра максимум )
За Хрватска не знам, не сум била на одмор, ама за Грција и тоа за Лефкада 100 евра се малце! Јас во Паралиа што не се споредува со Лефкада трошам 120-150 евра и тоа 30-40 на лежалки и останатото на храна, сокови, сладоледи и остало, без некој посебен провод и плус без излети кои на Лефкада ги има не знам колку и штета е да не отидеш на некој. А чинат по 30тина евра. Така да сумата од 250 евра си е на место, може и ќе вратиш 50тина евра ама подобро да имаш, него да останеш без пари.
добро то зависи секој различно троши,од поќе пари немаш зиан ако си носиш, ама за она основно ние толку потрошивме, т.е јас лани )
После толку понуди конечно ќе се иде за Бугарија А женски вие што сакате да идете на одмор во Грција мислам дека повеќе ќе ви требат од 100 евра бар по мене зошто сум била и искрено скапо е
100 евра џепарац јас мислам дека е малку за во Грција, а поготово за на некој на островите. Ние ќе одиме Закинтос и тоа крајот на август и јас се мислам дали ќе ми се доволни 200 - 250 евра за џепарац сега ептен да не се стискаш, а и небарам за ликсиз туку онака да имаш за јадење, за на палжа, крстарење и колку да прошеташ?
Јас бев во Грција, Неа Флогита. Да ви кажам искрено, преубаво си поминав. Мирно место, нема некој ноќен живот, ама таман за одмор! Бевме сместени во вила која беше одма до плажата. А плажата беше само ситен песок, а водата кристално чиста. Многу беше бистра, баш ме воодушеви тоа.
Мислам дека ќе ти се таман, јас трошам максимум 150 и тоа да бидам искрена со купување на енормни количини храна, гира, сокови, кафиња, пиво, смирног ајс, грицки, сладолед, салати, фстаци, лешници и остали глупости кои овде не би ги купила никад. И тоа пишав и погоре од тие 30-40 евра ми одат на лежалки за 10 дена. Така да мислам дека 200 евра се таман, е сега ако имаш 250 уште поубаво ќе си бидеш посигурна, ако можеш да не трошиш ако нема потреба па ќе си вратиш што ќе ти остане. Јас на пример штедам цела година за да отидам на одмор, ама таму не штедам и трошам колку што ќе понесам.
Секој различно си го поминува одморот, некој може да истроши во Паралија 500 евра, а некој 100. Нема просек и неможе да се одговори на прашањето колку да се носи пари. Да речеме лани во Хрватска нес кафе беше 10 евра, а макијато 3 евра. Епа 10 дена по 3 евра е 30 евра. 10 дена по 10 евра за нес е 100 евра. Значи на обична глупост како кафето на плажа испиено може да заштедиш 70 евра. За 70 евра отидов да речеме на шетање на Брач, Хвар и Сплит. Ама ако ги немаш нема да прошеташ и готово. Секој си го знае сам буџетот. Некој купува од тука храна, некој се храни таму по ресторани. Некој во Лидл купува, некој во други маркети. Индивидуално е. Иако никаде на одмор без 200-250 евра најмалку не треба да се тргне. Реално 100 се многу малку, но ако се нема доволно буџет со штедење може да се помине и со толку само ако од тука се има обезбедено храна колку толку, ама за секој случај повеќе да се носи. Подобро е да имаш и да ги вратиш парите, него таму да останеш како скитник без денар. Секоја година буџетот си варира реално. Некогаш имаш повеќе, некогаш помалку. Некогаш може да си се опушташ на одмор, некогаш да внимаваш колку трошиш. Затоа најбитно е да си испланираш. Јас вака си правам, да речеме планирам 150 евра да истрошам, значи по 15 евра на ден имам. Како знам така да си ги истрошам, не смејам повеќе и точка. И секогаш ми успева
Ќе може малку повеќе инфо за сместувањето-цената,преку агенција или приватно,водата-длабоко ли е веднаш или постепено..... Благодарам однапред...
Мили ем драги да ве прашам, Крф за одмор??? По долги, долги преговори размислуваме за Крф ама на 90% од страниве јас наоѓам само хотели кои се скапи. Некоја препорака за апартман или агенција имате?? И ме интересира искуство на тие што биле, како се цените со храна, влез во дискотеки, плажи и слично?? Grasias унапред