Летово ќе одиме со Русинката во Кушадаси и се очекува весел провод. Не би со големо друштво, не ми е практично за мене одморот тогаш не би бил одмор, ако повлечам цел Радански пат со мене (циганското маало во Штип). Среќа што со другарка ми имаме иста престава за идеален одмор, која никако, ама никако не подразбира само пијанчење, момци и журки. Сакаме да видеме и да пробаме нешто ново, да се прошетаме добро и затоа баш одбравме место кое има што да понуди.
здраво би сакала некој да ми писе несто за албанија ксамил ,мозеби некој бил сега бргу..................
^ Jaс бев лани во август. Апартман без кујна 20 евра, со кујна 25. Клима нон-стоп вклучена без доплата. Места за спиење во апартманот 4. ЛЦД телевизор, топ мебел, купатило топ. Инфраструктурата е сеуште во изградба. Не очекувај дуќани, излози и слично. Буквално е за одмор-одмор. Значи песочна плажа врв, малечки како заливчиња. Морето е одлично, азурно сино. Малку е досаден патот- возењето до таму (мислам на тоа дека долго се патува) но дефинитивно е рај. За две лежалки и чадор се наплаќа дневно 250 леки тоа ти се 120 денари значи 2 евра. Храната е доста ефтина. Значи секој ден ручек во ресторан со салата, морски плодови, морски риби, рижота, наливно бело вино и сето тоа за три личности од 900 денари до 1200. Има и кифли, јогурти, пецива. Единствено сладоледот им е изгор скап - од 5 до 15 евра.
Никаде особено.Можеби Крани ќе одам ама се мислам , пошто некои што биле ми кажаа било пусто и баш и неубаво.Што мислите вие ? убава и чиста плажа има ? продавнички ? некој што бил нека пише , поззз
Ма што е битно, само да се отиде некаде. Ако треба и нека е Кривогаштани, битно да се одморам. Он топик : Бугарија можеби
Се мислевме се мислевме Италија или Турција,Италија или Турција,татко ми за Турција мајка ми за Италија... на крај сепак Турција бидна...Кушадаси и Истамбул Едвај чекам Сеа моментално сум во Охрид малце нели на езеро,а за една недела и у Крушево,па да бидам комплетна,море,езеро и планина
BlackSwan5 каде ке идеш поточно во Бугарија ако не е тајна? да ми кажеш нешто поточно преку која агенција,колку плаќате за смештај,превоз? зашто и јас планирам да идам со дечкоми таму поточно Сончев Брег!
кај и да одберете само внимавајте на изброт на агенција. Никако не уплакајте со агенција ПЕТ . Само што се вратив од закинтос таму може да се истера убав одмор плажата е убава морето плитко за деца поволно но градот е доста бучен навечер и зависи во кој дел сте сместени. Но да се вратам на агенцијата која покрај непрофесионалноста мува не ја лази за туристите не прати на пат 800 км со крш автобус во кој седишта не се пуштаат а неработи клима па кога проработи не се гасеше па моравме со салотејп да ја лепиме за да издржиме. не однесоа таму во 9 -10 сабајле а соби после два. ни фоаје ни сенка ни кај да остаиш куфер на сонце на 40 степени.Имаше и деца во групата беше ужас кога почнавме да се караме водичот на групата мртов ладен (кој нели веке си беше сместен и уживаше ) ни рече читајте договор нема смештај пред два а кога луѓето почнаа силно да протестираат ни вика па ја ли ве викнав сами си дојдовте. Да не кажувам дека вработените не се во состојба ни една едина информација да ви дадат пред тргање ги прашав дали во вилата има пешкири рекоа не ... уставри мислам ама незнам ама..... ги замолив да прашаат и да ми кажат . три пати после тоа одев и пак исто незнам не прашав мислам дека има ама нема....и на крај рекоа сигурно нема акога стигнавме таму имаше. На враќање за да не се буни новата група решија нас да не исфрлат порано од собите 2 часа . Ја викнавме водичката и и рековме сега вие читајте договор ама таа фино си се клјафтеше и као вети дека ќе среди но сабајлето шок ко партали не исфрлија во 8 часот а на договорот пишува 10 кога ја викнавме госпожата да ја прашаме што направила абе глеа у облаци и превртува очи и као епа добро бе не се инаетете. Дојдоа автобусите и за се што имавме никој не не ни сослуша мртви ладни само ни кажаа имате рок од 8 дена да се жалите. Епа ако сакате да одите со агенција која ви вика сами си дојдовте не ве викнавме и одморот го завршуваат со гајле ми е иди жалисе слободно уплаќајте у агенција“ ПЕТ“ - ужас и непрофсионалност.
За излегување навечер 100евра се доволни. Прво нема да имаш сила да излегуваш сите 9 ноќи, и коктелите ти се големи и по 5евра тука некаде се и пивата. Шотови и гратиси за женски посебно цело време летаат. Влез никаде не се плаќа ниту те приморува некој да земаш пијачка. Во некои барови ако отидеш порано си земаш нараквица за 10евра и пиеш колку сакаш цела вечер.
Грција, тоа 2 пати ќе отидам! Зависи со што ќе патуваш. Ако одиш со автобус 5 часа не ти бегаат, а со брз автомобил и без гужва на граница макс 3, 3 и пол часа. ЕДИТ: Ова ако одите преку граничен премин Богородица. За другите не знам да ти кажам точно.