Па за Грција одам викенд,Солун аквапарк и Лептокарија,после неколку недели повторно Грција накај Кавала ќе одмарам,мислам дека ќе биде добро
Јас бев минатиот месец, бев сместена во Дан-Дар апартманите во Нов Дојран. Не знам што да ти кажам, мене Дојран како Дојран ми е премногу монотон и неинтересен. Дефинитивно не е по мој вкус. Водата прилично топличка, ама ептен е мутна и не чиста, типично за Дојран. Луѓе има премногу, а премалку простор. Во рестораните е ептееееен фул, ако не начекаш маса пред 11 саатот, рачунај после тоа нема ништо слободно. Во секое местенце што бев кај што се служеше храна, имаше премалку персонал дефинитивно, и минимум 45 минути чекаш додека те послужат. Се случи во Фрук-Так да чекаме дури и повеќе.
Во Северен Кипар. Има баш евтини а добри понуди. Читав демек аеродромските такси од 99 евра биле скапи. Па секаде се такви. Сум била на многу места со авион и аеродромските такси се секогаш 100 евра. Како и да е оваа година Северен Кипар имаат ептен добри понуди, никогаш не сум била таму, па зошто да не. На 18 одам, па ќе пишам доживувања
Вчера пуштија нова делница од автопатот "Тракија"и сега таа дојде до разклона за Сливен. Остануваат уште 45 километри недовршени до морето (Бургас).
Јас бев на 8-ми јуни со првиот чартер за С.Кипар преку Летс Груп и сварно беше екстра. Плажите беа супер - температурите беа малку високи како во турска но се издржуваше... Водичите им беа супер,само факултативите им беа скапи....
Дали досега некој бил на Мораитика-Крф ? Би ве замолила доколку сте биле да ми кажите нешто повеке за местово,дали се убави плажите,водата,какви се цените? фала однапред