Штотуку се вратив од Мораитика, бев сместена во вилата Bella Grecia. Местото има многу сендвичари, маркети, коктел барови. Има едно затворено диско, и едно диско на плажата на отворено. Плажите се средни, не се воодушевувачки. Храната не е многу скапа, гирото-1,8 евра, хамбургер-3 евра, лебот -0,8 евра. Алкохолот е поскап од Македонија, цигарите се изгор скапи( мој совет носи си од Македонија ако пушиш). Водата е 1,5 евра 6 шишиња од литро и пол. Целокупниот мој впечаток за местото е дека ако сакаш да се одмориш ова место е вистинското, ако сакаш да излезеш и да си поминеш убаво може да појдеш во дискотеките. Можеш да појдеш и до Кавос има автобуси на секој саат, карта е 2,20 евра, а истата цена и е за картата до главниот град Керкира. Ако те интересира уште нешто слободно прашај
: и јас штотуку се вратив од Мораитика - го делам истото горно мислење. Керкира е преубав и мора да одите, иако е скапо за шопинг (не очекувај да си купиш нешто ако си наумила), Кавос е место за забава, преполно со дискотеки и луди и пијани англичани, французи и мислам дека за Кавос картата беше 4.40 а за Керкира знам 2.20 во еден правец. Слободно да земите возачка дозвола и убаво е ако можите да изнајмите автомобил макар и на еден ден (35 еур на ден е најефтиното возило) 1 бензинот беше 1.70-80 еур за литар. Ние со тоа количето ги прошетавме и другите плажи и гратчиња низ островот, вреди. Прашај за друго
Ми текна друго - лежалките се скапи 3 еур една лежалка, значи 2 лежалки и 1 чадор = 9 еур ќе те фатат, ние се ценкавме и плаќавме 6 еур за трите работи, можеби и затоа што немаше многу гужва.
Лежалките на Golden beach беа 2 евра, чадор 1 евро, а со секоја лежалка добиваш освежителен коктел. Чадор не ти ни треба зошто скоро на сите плажи има сенки.
ке се утепам, како ние не ја најдовме таа Golden beach - ај кажи ми на која страна беше, да и пренесам на братучетка ми барем нешто корисно - атер на коктелите Ч)))
Thanks! Е не отидовме на така денски, ние на лево одевме за на плажа )) ќе и кажам за информацијата = па нека ужива таа во коктелите.
ај некој предлог за одмор во септември, ама да не е грција? ако најде некој интересна понуда нека пусти линк...фалаа
Јас бев 1 месец во Црна Гора,Бев во Софија, и најверојатно ќе одам во Бугарија на море малку другиот месец но не е за сигурно..Сигурно е само дека идам за Грција но неколку дена.Имам обврски.
Бевме со љубовче и друштво во Валона, Албанија. И морам да го пофалам градов, мирно, чисто, прекрасно, баш одмор! И ефтино поминавме. Се двоумевме до последен момент дали Албанија или Бугарија, ама бидејќи бевме ограничени со време се одлучивме за Албанија, поблиску ни е, за помалце од 5 саати стигнавме таму. Прекрасен трособен стан имавме, ново се‘. Ептен задоволни бевме.