Пишав и во темата за одмор во Грција.Резервиравме за на Халкидики,првиот крак (Касандра).Сместени сме во Fourka,па некој ако знае како е на кракот,цени,плажи,за шетање... Барав за плажите ама не најдов,ако може некој што бил да сподели некое искуство
Летово сеуште не знаеме каде ќе одиме ама за сигурно знаеме дека ќе биде околу 15 август. Се мислиме помеѓу Грција и Бугарија Убо е во Грција во Неа Пори?
Летово останавме тука само две другарки,па ќе идеме на раат на Закинтос да бркаме Англичанци Ќе идеме преку Хисар мислам дека имаат најдобри понуди за млади за незаборавни журки, па ако некој бил претходно може да сподели искуство.
Јас пред две години бев во Фурка, поточно бев со моите во Пефкохори па пријатели нивни беа во Фурка и последните 3 дена отидовме таму. Местото е мирно, фамилијарно, убава е плажата широка, ако барате забава нема баш, ќе си истерате мирен одмор. Цените (тогаш барем) океј беа, нормални ништо прескапо, знам пријателиве кажуваа дека они од дома не носеле јадење, само ситно нешто другото таму купувале, а и тие денови додека бевме што видов нормални се цените, зборувам за маркети, ако планирате храна во ресторан не би знаела да ти кажам
Минатата година бевме на одмор во Тајланд, 4 ноќевања во Бангкок и учте 10 на преубавиот остров Ко Чанг, дефинитивно таму се наоѓа рајот на Земјава. Преубава култура со гостопримлив народ. Оваа година планираме да одиме во Хургада, преку Белград со МК агенција во месец септември. Како што ги гледам сликите од таму, воодушевена сум. Дали некој може да ми даде совет за ова патување. Ви Благодарам.
Бев во Тајланд, најубавата земја на целиов свет. Мој совет обавезно да преноќиш неколку вечери во Бангкок.
Само да ти препорачам да не одиш со српска агенција. Ние бевме во Хургада за велигденските празници, иако беше супер, од агенцијата сме тотално разочарани. Со која ќе одите?
Сакаме да одиме во Црна Гора ама преку агенција. Разгледав на интернет некои агенции ,но гледам повеќе имаат аранжмани за Грција. Препорачајте ми некоја агенција ако знаете за во Црна Гора.
Савана еве ти линк од понуда за Будва- истата понуда ја нудат еден куп агенции, впрочем како и сите други аранжмани, затоа што ако не соработуваат агенциите меѓу себе нема да можат да наполнат ни еден автобус, а не пак повеќе. http://www.arka.com.mk/leto-2013/crna-gora.html
Планирам во Црна Гора ама сеуште не знам во кој град. (што не е скапо, а сепак има добар ноќен живот за млади) Ако имате предлози слободно пишете ги.