http://skaut.com.mk/ Бечичи е супер местенце. Има журки не дека нема, ама Будва ти е на 10тина минути пешки или па со такси нема многу да те фати, а таму ноќен живот каков сакаш http://skaut.com.mk/ponudi/leto-2013/cr ... ecici.html
девојки ќе ве молам кажете ми какво е на Крф во Ипсос некоја ако била, прв пат одам но незнам какво е местото
Разгледуваме понуди за Ханиоти и Лефкада, преку Савана. Ми требаат лежачки денови на море, само тоа! Турција отпадна, а зошто зимава ќе треба фино да се ошурам за одење во Франција, одлучивме да биде скромно летово, кај нашиот насушен "јужен сосед", што би рекла Каролина Петковска, нАли.
Дечки, може некој да ми каже место во Халкидики што е така повеќе како за млади, со дискотеки, кафичи, само да не е Ханиоти лани бев таму?
Бечичи и Будва отпаѓаат... знам дека се убави ама скапичко е. Сега се мислам дали во Суто море или Херцег Нови. Ама како што гледав по слики во суто море изгледа е поубаво и полудо...
^ Го фалат некои Суто Море, ама два пати на поминување што бевме до таму лично мене не ми се свиѓаше. Сепак можам да дознаам нешто поделтално и да ти кажам. А за Херцег Нови не знам, не сум видела ништо
За тоа што го бараш Суто Море ти е најдобар избор според мене.Има дискотеки , журки ,добар ноќен живот а многу е ефтино. Само мало местенце е има како шеталиште , кафичите, дискотеките и плажите друго(барем јас не видов кога бев) нема .Ако сакаш пиши ми лп ќе ти кажам нешто плус ако те интересира во однос на цени , сместување.
Јас искрено би сакала Будва, отсекогаш сум сакала да одам таму на одмор. Ама зависи како ќе се договориме со другарките. Некои сакаат Крф, некои Закинтос. Јас ќе настојувам Будва
Јас сум била Лорет де мар - влез не се плаќа на плажата, ако ти е се платено би ти биле доволни зошто да не. Јас со моето друштво пред 2 години не сакавме да одиме во дискотеки, а таму врие од дискотеки, навечер после 10 сите бутици затвораат и се отвора ноќна шема, тоа е лудило. Отидовме 1-2 на пивце не велам не, ама го плативме како тука, 2 еур кригла. кафето беше исто 1 еур мислам ако добро се сеќавам
И јас мислам дека ќе ти бидат сосема доволни Шпанија е релативно евтина држава, во поглед на јадење и пиење. Еве пример, Милка и Нестле чоколади од 150 гр беа околу 90 центи, значи нема ни 1 евро Единствено оние коктелите на плажа ги плативме по 13 евра, оние со цветовите што се
Дали бил некој во бунгалови во Црна Гора на одмор? Или да ми препорача некое место со бунгалови, не ми треба луксуз, да биде со пристојна цена.