Ова лето ќе ја посетам Шпанија, поточно Барселона. Лет Скопје-Милано-Барселона и по десет дена назад. Едвај чекам. Пријатен одмор ви посакувам на сите
Девојки коментар за следниве места во Бугарија: Поморие Созопол Приморско Обзор Несебар (сум го посетила на прошетка градот), но не и плажите. А за златни песоци слушам се најдобро,ама цените биле изгор
Јас последно време ен слушам многу добри работи за Бугарија, многу ретко одат туристи таму на одмор и тие што одат веќе некако не се задоволни, брат ми лани беше на 3,4 дена на златните песоци и да, точно, цените биле изгор и за ноќевања и за кафе, за јадење во ретсорант, во Грција поефтино е како што ми кажуваше колку плаќале и плус црното море е ладно бе, мене не ми се допаѓа баш Вие за Бугарија ли одлучивте на одмор? Мој совет, Грција, дека и сега во друго стање си, Егејското море ќе ти прија многу повеќе од црното и плус можете да поминете мноогу економично и плус поблиску е. Тоа е мое мислење, ако се предомислиш прати ми лп да ти помогнам во изборот за Гр.
^ Не оди она таму, патриот е Мене не ми се јасни оние што одат на одмор на море, а се бањаат во базен. Морето е здравје, па макар местото е пусто и има само една продавница, ако е убаво, чисто и топло морето, ништо друго не ми е битно. Ние уште се немаме одлучено за каде
Баш така, не оди таму зошто е патриот....па и јас сум, ама сега кога си се работи за море одмор според мене тоа не е важно. Грција ни е поблиску, евтина со смештај убави места. Ама кога знам дека не сака џабе. Албанија не слушаме убави зборови, Црна Гора неќел исто. Останува Бугарија....иако пак ќе речам на сите топло им го препорачувам сончев брег, за др.места незнам затоа и сега се распрашувам, ама сончев брег е рај, и за цени и за уживање. Инаку,баш што вели кравче, ни мене не ми се јасни тие што плаќаат да идат на море а се бањаат во базен повеќе него ли во морето.
Eпа Сноу ако идеш во Бугарија не верувам дека ќе се утепаш бањајќи во море. Црно море е убедливо најлоштото море и ретко кој се утепува од бањање таму, па ако идеш во хотел со базен сите поише у базен се бањаат. Знам јас истото сум го правела. Златно егејско или јонско, со најмалку пари ќе се изнауживаш и изнабањаш. Јас летово ќе одам на продолжен викен до Солун 4 дена па ќе биде и бањање и шопинг и шетање алл ин уан. Aко останат пари и ако имаме време можда ќе идеме и до Атина, таму барем нема да плаќаме за смештај. И на крај на август после 20 сакам до Парга ама ќе видам како ќе стојам со пари или со време дали ќе имам одмор ако започнам нешто со работа.
^Ние преклани бевме, и баш тоа ни го кажуваа како 60/70% ќе биде црвено знаме, нема да се бањаме....ама нас ни се погоди се...ни еднаш црвено знаме немаше, и прекрасно беше.
^ Tи се погодило сама кажа. И јас кога бев немаше црвнени знамиња, ама водата беше ужасна, барем ни во споредба со јонско и егејско па со `наш` јадран ни на малиот прст не може да му се фати. Се гледа да си одлучила, ама ако сакаш искрено мислење и споредба од луѓе што искусиле и тоа и тоа одморот во Грчка не се споредува со тој во Бугарија. Сега патриоти непариоти што сакаат нека зборат, за мои пари јас ќе одам кај сакам и ќе ги трошам кај ми е мене по ќејф, зашто ми се чесно заработени и немам ни малку грижа на совест.
Планирам да одам на Крф во Агиос Георгиос, на југозападна страна. Ве молам кажете ми некои подетални информации за местото, искуства и сл. Фала!
Летово сакам да летувам во Кушадаси веќе и разгледуваме понуди и треба да заминеме на 5 август но слушам дека било многу топло не се поднесувало не можело да се излезе од хотел бил ли некој таму во август за да ми го каже неговото искуство
Закажавме за во Лефкада.Конечно ќе му се исполни желбата на љубениот мој. Преубаво е местото гледајќи го вака на слики.Па кога ќе се вратам ќе ви напишам импресии.
Vo juli ke odam Budva/Crna Gora a vo avgust Saranda/Albanija Nekoj da mi kazi iskustvo od Barcelona,sakam za brzo vreme da odam!!?