Ние ќе одиме за Фурка, ама околу 8-9 јули. Одма после роденденот на малиот. Најдовме понуда ол инклузив за супер ценичка за 7 дена, за децата не плаќаме ништо. Инаку ќе одиме со сопствен превоз. Се изначитав за Фурка и мислам дека направивме добар избор, местото било мирно, баш фамилијарно за терање мирен одмор, плажата била песочна и водата била бистра, без тревки. Впечатоци кога ќе се вратиме ќе споделам, се надевам позитивни.
Супер И јас баш ќе видам,и јас тоа сакам,мирно да е,да си ја одморам главата Штом викаш убава била плажата ќе се изнауживаме Иначе и јас ќе сум 7 дена,исто ко вас,со наш превоз,ама изгледа на 7-8 јули ќе се вратиме Иначе ќе се подружевме Убаво да си помините
Па ако идеш у некои од градчињата што се на отворено море, нормално е да е поладна водата, ама ако идеш у градчињата што се од другава страна накај Грчка(како Ипсос или Дасиа) таму водата е многу топла.
Јас ќе одам Кавос на Крф ...Ме интересира како е со превоз до останатите плажи оти викаат дека таму плажата не била убава па дали има организиран превоз и колку чини
Дали некој бил во хотел Олимпион Мелатрон во Platamona? Има добра цена, сега си мислам во што ли е цаката?
Планиравме едно излезе нешто сосем десето ... Летово 10 дена на Лефкада... и 7 дена во Анталија или Кушадаси...
Не знаев каде да се обратам па ајде каде ако не на фемина Кажете ми некое место во Македонија некој хотел до плажа или со базен ама каде што идат пензионери ? Баба ми е очајна запнала да иде негде на одмор хаха Бидете хумани,помогнете на една баба
Оваа лето решив да ја посетам Бугарија со две мои пријателки. Многу сум среќна бидејќи ќе се оттргнам малку од народот и градот во кој живеам и ќе се одморам квалитетно
devojki koja e razlikata vo cenite vo sezona i vo septemvri vo bugarija i grcija, se mislam od septemvri da ideme ili na sonev breg ili na krf kolku od prilika bi mi bile dovolni za edno 7 dena i izvinete na fonot nesto ne mi e vo pred pcto
Некој што бил Ксамил, па да има бројче или линк на фб од апартмани да ми прати за да си закажеме, да не лутаме таму И се разбира како стојат цените?
Блонди бидејќи неможам да ти пратам лп еве тука ти пишувам Спојлер Еден совет од мене, сместете се во Саранда исти се цените, а на плажа одете во Ксамил за 5-10 мин со кола сте таму. Во Ксамил навечер нема струја и е буквално мртво ќе нема што да правите,слабо има ресторани а па за кафичи да не правиме муабет. Значи лани 10 дена секоја вечер бевме без струја. Ни клима ни фрижидер ништо не користевме. Крш беше. И идете преку Грција ако одите со кола,ем пократок е патот ем подобар е. teddygirl Спојлер нема потреба да закажуваш од тука зошто верувај таму можеш многу лесно да си најдеш.Ние така лани се зафркнавме,нормално кога одиш првпат негде сакаш на сигурно да одиш. Албанциве слабо со англискиот стојат и тој не знаеше да ни каже дека ќе немаме сопствено вц само слики од спалната ни прати преку фб. Се договоривме и кога дојдовме таму не ни се допадна. Па баравме на друго место.Се ценкаат бетер од цигани и спуштаат цени во истата секунда кога им вртиш грб.Цените им се од 8-15 евра (ние плативме 12 евра од човек во хотел со клима,тв,мини кујна и бидејќи има слаба струја во Ксамил само една работа имаше капацитет да работи).Јас искрено би те советувала да одите во Саранда,исти се цените за смештај. Навечер е убаво има што да правиш за разлика од Ксамил. Ксамил е мн мало место и не нуди ништо ама баш ништо. Само плажите се поубави од Саранда бидејќи се песочни и водата е побистра. Инаку Саранда,Ксамил повеќе ми е за фамилијарни луѓе што и најмногу ги имаше поради поволните цени, а за млади луѓе не е. Пари да ми дава некој не би одела пак.А патот е... кошмар.
Летово одма на одмор во Грција,секоја година сум таму.Ама се одмарам буквално од СЕ!Од народот што е постојано околу мене,од идиотит што се пристуни во мојот град...
Летово одморот ќе ни биде расцепкан на викенди, бидејќи љубениов почна со работа, а јас најверојатно ќе почнам некаде да волонтирам. Веќе правиме планови за овој викенд, па летово ќе комбинираме малку море, малку езеро и малку планина